Промовирани огласи »

Брзото време во кое живееме секој ден со себе носи одредена доза на стрес, а иритацијата на работа е неизбежна. Сечија болка е најтешка, па вашите соговорници често ќе кажат дека работата им е најстресна.

Меѓутоа, истражувањето кое траело 17 години, а во кое биле опфатени 136.000 испитаници од различни профили, покажало дека најстресната работа сепак е работата на келнер.

Дејан Николиќ со години се занимава со оваа работа и да - се согласува со резултатите од ова истражување.

Работата на келнер е тешка и психички и физички. Го имаш ова поместување што треба да го направиш со послужавникот во раце и главно си на нозе цело време. Во објектот доаѓаат разни гости, секако повеќето се љубезни и воспитани, но има и такви кои се под дејство на алкохол или дрога, психички нестабилни. Некои не сакаат да си одат дома. Келнерот треба да се справи со сето тоа. Дека сè „се справува“ и дека се е во локалот - вели Дејан за РИНА.

Без разлика дали е тоа поради тешкотијата на работата, или можеби не толку добрата заработка, тој открива дека денес е многу тешко да се најде келнер воопшто, а само добар - тоа е веќе невозможна мисија. Младите се помалку се одлучуваат да работат во оваа угостителска гранка.

Платата на келнер во Србија се движи од околу 50.000 до 60.000 динари. Многу келнери се одлучуваат да работат само за забави, бидејќи дневниците се до 60 евра и работат само за викенд. Многу од нив се повлекуваат од работа. Келнерот пред се мора да биде љубезен, со пријатен пристап кон гостинот, но и да биде брз за да нема долго чекање за услугата. Сето ова ја прави работата многу стресна и моите колеги ќе го потврдат тоа. Така што резултатите од споменатото истражување не се изненадувачки, додава Дејан.

Исто така, според истражувањата, поради стресот што го доживуваат на работа, келнерите имаат 58 отсто поголем ризик од срцев и мозочен удар, а често токму поради овој фактор почесто посегнуваат по алкохол и цигари.

Промовирани огласи »

Со рекордно ниво на капитални инвестиции од 400 милиони евра и најголем приход од патарини досега - 62 милиони евра, што е 100 отсто зголемување во однос од пред три години, Јавното претпријатие за државни патишта ја завршува 2023 година.  Директорот Ејуп Рустеми синоќа во отчет за сработеното и за плановите во наредната година соопшти дека годината е успешна и по тоа што е почнат проектот за изградба на 110 километри автопатишта од коридорите 8 и 10д со стратешкиот партнер „Бехтел и Енка“, кој според планот треба да биде завршен за четири години и седум месеци. 

Проектите на ова ЈП се одвиваат во повеќе години, така што од  2021 – 2023 година се завршени и во фаза на реализација околу 900 километри патна мрежа. 

Од нив во овој период се изградени, реконструирани и рехабилитирани државни патишта во должина од 630 километри. Во моментов имаме уште 160 км автопатишта што се во тек на изградба, 51 км експресни патишта и изградба и рехабилитација на 65 километри регионални патишта со инвестициска вредност од над две милјарди евра. Сите овие завршени проекти и проекти во тек говорат дека оваа година не застанавме и токму затоа можеме со гордост да известиме дека имаме уште еден рекорд – инвестиции што достигнаа 400 милиони евра, рече Рустеми. 

За 2024 година, покрај тековните активности кои ќе продолжат и догодина, предвидени се  и изградба на нови патни правци со проценета вредност во висина од 367 милиони евра. 

Годината што доаѓа сме исто така со амбициозни планови и проекции. Заедно со моите вработени на кои сум благодарен што посветено работат на проектите спремни сме за нови рекордни бројки. Градиме за идните генерации, градиме за иднината на нашата држава, градиме за да се поврземе со светот, рече Рустеми. 

Министерот за транспорт  и врски Благој Бочварски рече дека верува оти се на добар пат во остварување на целта државава да има модерни, квалитетни и безбедни патишта со кои ќе биде поврзана со соседите и со Европа.

Оваа 2023 година Владата ја привршува со ново рекордно ниво на реализирани капитални инвестиции, и директорот на ЈП ги најави капиталните инвестиции на претпријатието.  Јас, еве, до денеска, до овој момент, можам да истакнам дека капиталните инвестиции на Владата постигнуваат нов рекорд од 540 милиони евра. Очекувам оваа бројка да расте се до последниот ден во оваа календарска 2023 година.  Минатата година имавме 465 милиони евра, како своевиден рекорд во 2022, а 2023 веќе е на 540 милиони евра, рече Бочварски и нагласи дека  фокусот е ставен на двата европски коридора 8 и 10Д. 

Посочи дека во годината што изминува рехабилитирани и реконструирани се над 30 регионални патни правци во сите региони од државата и инвестирани се 10   милиони евра за реконструкција на преку 100 локални патиштата на  териториите на општините под нивни ингеренции.

Програмата за изградба и рехабилитација на државните патишта за следната 2024 година во соработка со ЈПДП и со Македонијапат ја создаваме да опфати реални состојби и потреби на стопанството и граѓаните, а пред се фокус даваме на рамномерниот развој и, секако, на голем дел во планинските региони каде што им е потребно на граѓаните. Тоа што е најважно е дека ниту еден проект нема да застане. Сите започнати проекти ќе продолжат да се реализираат и во текот на наредната година, истакна Бочварски, додавајќи дека со инфраструктурните инвестиции ќе се обезбеди работа за  целиот градежен сектор и ќе биде силна поддршка на домашната економија.  

Првиот вицепремиер Артан Груби, кој е и координатор на проектот за изградба на делниците од коридорите 8 и 10Д со конзорциумот „Бехтел и Енка“, во обраќањето рече дека оваа Влада во последните три години има над 85 отсто реализација на капиталните инвестиции во секоја од годините.

Им го честиташе сработеното на ЈП за државни патишта и рече дека вработените се надминале себеси затоа што оваа година просечно реализирале колку што реализирале за три години.

За цел еден мандат реализиравте само за една година, што значи има капацитет во нашите институции... Јас сум многу горд со вашата работа, со вашата испорака, посебно во проектот на коридорите 8 и 10Д, кој при крај на следниот мандат веќе ќе биде реалност.  Се надевам, а и убеден сум, ако сите работиме заедно, да се видиме тука по четири години, а и на терен, каде што ќе ги пресечеме лентите на сите овие автопатишта, рече Груби во обраќањето по повод отчетот на ЈП за државни патишта. 

МИА

Промовирани огласи »

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови. Како компанија која се стреми кон секојдневен успех и усовршување на своите производи константно е во потрага и усовршување на својот тим!

Моментално вработува:

ЕЛЕКТРОНИЧАР
ЕЛЕКТРИЧАР
ТЕХНИЧАР ВО ОДРЖУВАЊЕ
ДИГАЛКАР
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР - ЕНЕРГЕТСКА НАСОКА

Се уште невработени?! Сите останати огласи за вработување можерте да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.12.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.12.2023 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 80,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 74,00 ден/лит.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »