Промовирани огласи »

Magna International Inc. е водечки глобален снабдувач во автомобилската индустрија посветен на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што ќе го променат светот.

Моментално вработува:

LABORATORY TECHNICIAN
WAREHOUSE TEAM LEADER
SUPPLIER QUALITY ASSURANCE (SQA)
SENIOR PROCESS ENGINEER (OUTSIDE MIRRORS)

Се уште невработени?! Сите останати активни работни места можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Преговарањето за поголема плата може да биде предизвик, но со правилна подготовка и стратегија, можете да зголемите своите шанси за успешно договарање.

Еве неколку совети:

  • Истражете го пазарот

Истражете трендовите во плата во вашата индустрија и локација. Користете платформи како Glassdoor, Payscale или Salary.com за да дознаете за просекот на плата за сличната позиција.

  • Одредете ги вашите очекувања

Поставете реални, но конкурентни очекувања за плата во согласност со вашиот опит, вештини и пазарската вредност.

  • Спремете аргументи

Идентификувајте ги вашите најважни аргументи, вклучувајќи го вашиот допринос во организацијата, резултатите од претходната работа и дополнителните вештини што ги носите.

  • Тајмирајте го преговарањето

Преговарањето за плата обично е најпридаточно кога сте во финалниот круг на интервјуто или кога ви ја даваат понудата.

  • Давајте конкретни броеви и факти

Користете конкретни примери за да го поткрепите вашиот барање. Аргументирајте го зошто вашиот допринос ќе биде вреден за компанијата.

  • Покажете готовност за компромис

Бидете отворени за преговарање и покажете готовност за компромис, ако е потребно.

  • Бидете професионални

Задржете професионален тон и стил. Избегнувајте да користите притискачки техники и бидете респектозни кон работодавачот.

  • Побарајте дополнителни бенефиции

Ако не може да добиете повисока плата, разговарајте за дополнителни бенефиции како бонуси, дополнително слободно време, обука или други предности.

  • Внимавајте како говорите

Внимавајте како говорите и која порака ја пренесува вашиот телесен јазик. Бидете самоверни и уверете го вашето барање со соодветен тон.

Не заборавајте дека преговарањето за плата е вештина и е потребно пракса и искуство за усех во преговорите.

Промовирани огласи »

Лани околу 12.000 градежни работници заминале од земјава.

Синдикатот за градежништво и индустрија предупредува дека само минатата година од Македонија во странство си заминале околу 12.000 работници. Ова е загрижувачки податок, иако токму лани беше постигнат успех со потпишувањето на колективниот договор за вработените во јавниот сектор, тврдат од градежниот синдикат.

Само лани трудовиот инспекторат регистрирал 16 смтрни случаи како последица на несоодветно обезбедени услови при изградбата и 2005 повредени работници.

Претседателот на Синдикатот за градежништво и индустрија, Иван Пешевски вели дека градежниот сектор има најлоши надворешни влијанија и такви услови за работа кои не се почитуваат соодветно со лична заштитна опрема. Македонија со години се соочува со одлив на кадри. 

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Нетфликс, Гугл, Мета, Епл - сите овие гиганти ќе плаќаат данок на додадена вредност (ДДВ) во земјава од 1 јануари. Ова е предвидено во измените во Законот за ДДВ, а Управата за јавни приходи ова го најави точно за Нова Година.

Со последните измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност објавени во Службен весник на Република Северна Македонија во бр.199/2023 од 25.09.2023 година, се воведе обврска за назначување на даночен застапник и пријавување за целите на ДДВ на странските лица кои немаат седиште, ниту подружница на територијата на Република Северна Македонија, а вршат промет на добра и услуги кои поделжат на данок на додадена вредност во земјата, информира УПЈ на својата веб-страница.

Насловот на информацијата на УЈП е нагласен со „НОВО!!! Од 01 јануари задолжително назначување на даночен застапник за ДДВ на странскмо лице кое врши промет на добра и услуги на територијата на Република Северна Македонија“.

Според текстот на Законот, данокот во име на овие компании ќе го плаќаат даночни застапници. На пример, досега за да ги гледате омилените серии на „Нетфликс“ плаќавте електронски. Од тие пари компанијата што нуди услуга во земјава не ѝ плаќаше данок на државата. Слично е и со некоја апликација што сте ја симнале од „Плеј стор“ (Play store) и за тоа сте ѝ платиле на компанијата, но таа не ѝ платила данок на Македонија. Овие компании имаат обврска да изберат даночен застапник што во нивно име ќе плаќа данок кон македонската Управа за јавни приходи (УЈП).

Пропишаната законска обврска странското лице треба да ја исполни пред отпочнувањето на вршењето на оданочивиот промет во земјата, а при регистрацијација не се зема во предвид вкупниот промет од 2 милиони денари пропишан во членот 51 ставот (1) од Законот за данокот на додадена вредност, се појаснува во соопштението.

За даночен застапник може да биде назначено секое правно или физичко лице кое е регистрирано за цели на данокот на додадена вредност најмалку 12 месеци пред поднесување на пријавата и кое нема доспеани и неплатени даночни обврски. За правните лица како услов е наведено да немаат и стечајна или ликвидациона постапка, а физичките лица не треба да се правосилно осудени за кривични дела. 

Обврската на даночниот застапник ќе биде да го пресметува данокот на додадна вредност врз основа на добиените пресметки од странското лице, да поднесува пријава за ДДВ во име на странското лице по истекот на секое тримесечје, да го плаќа данокот и пресметаната камата во случај кога странското лице не ја извршило уплатата во законски пропишаниот рок и да води евиденции за извршениот оданочен промет од страна на странското лице. 

Во Службен весник веќе е објавен Правилник за начинот на пријавување и регистрација на странско лице, начинот на водење на регистарот на даночни застапници, формата и содржината на регистарот на даночни застапници, формата и содржината на пријавата за регистрација за целите на данокот на додадена вредност како и потребната документација за назначување даночен застапник.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »