Промовирани огласи »

Со свечено отворање декември 2023, Нептун Македонија претстави две продавници со комплетно нов изглед. Едната во главниот град Скопје, адреса: Перо Наков бр. 108 – Ретаил Парк ГОДИ, Гази Баба; другиот објект во градот Охрид, иста локација ул.„15-ти Корпус“,бр.45А со нов премиум изглед. Присуствуваа стотици заинтересирани граѓани, професионалци, претставници од компаниите и од брендовите во Нептун, како и следбеници на најновите трендови, дојдени да уживаат во новата технолошката оаза блиску до нив. Ги пречека широк асортиман на производи, докажана услуга, поволни цени, одлични услови за плаќање, но и супер забава со ДЈ, изненадувања, попусти до 50%, подароци, ексклузивни понуди, ДВОЈНО повеќе поени на haPPy картичката и бројни други поволности.

Целиот тим е возбуден и ангажиран околу новите, врвни локации  на Нептун, кои ќе донесат разноликост на понудата, но ќе биде и своевидна атракција за технолошките ентузијасти и фанови.  Посебна приказна е внатрешноста на продавниците, подобра видливост на производите, збогатено портфолио, обучен и професионален персонал, концепт кој овозможува привлечно, лесно и софистицирано шопинг искуство.

Благодарение на овие нови продавници, сцената за популарната бела техника и електроника станува сè побогата, а Нептун Македонија како лидер во нови технологии, ќе продолжи и во 2024 година континуирано да инвестира во иновации, унапредувања и подобрувања на решенијата и услугите за своите потрошувачи.

Ретаил Парк ГОДИ, Скопје

Охрид

Промовирани огласи »

Илон Маск загуби најмногу пари од кој било друг во 2022 година, но 2023 ја завршува  на тронот, откако додаде речиси 108 милијарди долари на своето богатство благодарение на неверојатниот пресврт во вредноста на акциите на Тесла.

Само двајца на овогодинешната листа не се од САД: индонезискиот енергетски и петрохемиски тајкун Прајого Пангесту и шпанскиот магнат на Зара, Амансио Ортега.

Форбс ја објави листата на 10-те милијардери кои заработиле најмногу оваа година: Маск наедно има и најголемо вкупно богатство од 254,9 милијарди.

1. Илон Маск - 108, 4 милијарди долари раст на богатство во 2023

2. Марк Закерберг - 74,8 милијарди

3. Џеф Безос - 65

4. Прајого Пангесту - 47,9, 5. Лери Пејџ - 34,4 6. Амансио Ортега - 33,2 7. Сергеј Брин - 33, 8. Стив Балмер - 32,4 9. Лери Елисон - 30,8 10. Јенсен Хуанг - 29,8.

Промовирани огласи »

Утринските мерења покажуваат дека скопјани го дишат најзагадениот воздух во Европа а 18-ти во светот, покажува страницата Ајкјуер.

Скопје се наоѓа во друштво на Делхи, Пакистан и Бангладеш со смртоносно висока загаденост.

ПМ-честичките се неколку дена над дозволеното. Министерката Шукова истакна дека јавните институции треба да се префрлат на еколошки систем на затоплување.

Надлежните постојано објаснуваат дека нема инстант мерки што ќе го расчистат воздухот. 

Промовирани огласи »

Растат цените на златото и среброто. Цената за килограм злато е 60.000 евра, а среброто за 10 години поскапе за 500 отсто. 

Дратично се зголеми и цената на среброто кое во моментов чини 700 евра за килограм. 

Светските експерти велат дека ако се погледнат цените на акциите на жолтиот метал,  може да се види дека при секое навестување на криза и војна се зголемува неговата вредност. Овој метал е безбедно засолниште за капиталот. Војната во Украина и онаа меѓу Хамас и Израел придонесоа за раст на цените на златото. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »