Илон Маск загуби најмногу пари од кој било друг во 2022 година, но 2023 ја завршува на тронот, откако додаде речиси 108 милијарди долари на своето богатство благодарение на неверојатниот пресврт во вредноста на акциите на Тесла.
Само двајца на овогодинешната листа не се од САД: индонезискиот енергетски и петрохемиски тајкун Прајого Пангесту и шпанскиот магнат на Зара, Амансио Ортега.
Форбс ја објави листата на 10-те милијардери кои заработиле најмногу оваа година: Маск наедно има и најголемо вкупно богатство од 254,9 милијарди.
1. Илон Маск - 108, 4 милијарди долари раст на богатство во 2023
2. Марк Закерберг - 74,8 милијарди
3. Џеф Безос - 65
4. Прајого Пангесту - 47,9, 5. Лери Пејџ - 34,4 6. Амансио Ортега - 33,2 7. Сергеј Брин - 33, 8. Стив Балмер - 32,4 9. Лери Елисон - 30,8 10. Јенсен Хуанг - 29,8.