Промовирани огласи »

Основачот на Amazon, Џеф Безос, за помалку од 13 минути заработува повеќе од просечниот човек во животот, покажуваат податоците објавени од глобалниот бизнис магазин Fortune.

Во 2023 година, богатството на Безос се зголемило од 107 на 177 милијарди долари, што одговара на зголемување на богатството за 191,78 милиони долари дневно или за околу 7,99 милиони долари на час, пишува порталот Yahoo.

Просечниот Американец во текот на својот работен век, според податоците од 2023 година, заработува 1,7 милиони долари, а Безос оваа сума ја заработува за приближно 0,21 час, т.е. за 12,76 минути.

Амазон, како што знаеме, е глобален гигант во доменот на онлајн-трговија и спаѓа во групата на „Magnificent Seven“ американски технолошки компании кои имаат најголема вредност на берзите.

ФОТО: EPA

Промовирани огласи »

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека личните карти, кои се за внатрешна употреба, ќе важат и по истекот на рокот за нивна замена, а за пасошите ќе се разгледаат сите опции.

Ќе ги испитаме сите опции со цел, ако има потреба, да се направи пролонгирање во делот на пасошите бидејќи тие им служат за граѓаните да може да патуваат надвор од земјата, рече Ковачевски.

Информациите се дека вработените во Министерството за внатрешни работи веќе имаат издадено над еден милион пасоши во државата.

Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Уставниот суд ќе го каже своето мислење.

Промовирани огласи »

Оставање добар впечаток на првото интервју за работа може да биде клучно за успешното надминување на конкуренцијата и остварување на позитивби резултати за побрзо вработување.

Еве неколку совети:

Подгответе се

  • Истражете ја компанијата и позицијата за која аплицирате.
  • Подгответе се за типични прашања за интервју и размислете за одговори.

Визуелен изглед

  • Одберете прикладна облека соодветна за работната средина.
  • Одржувајте контакт со очите и говорете чисто и разбирливо.

Покажете самодоверба

  • Изразете се со самодоверба, без арогантни изјави.
  • Зборувајте јасно и самоуверено.

Активен слушател

  • Активно слушајте ја спротивната страна и давајте одговори кои се поврзани со прашањата концизно и јасно.
  • Покажете интерес за компанијата и позицијата.

Истакнете ги вашите јаки страни

  • Идентификувајте ги вашите јаки страни и врските со работата.
  • Приказите и примерите од претходни искуства можат да го поддржат вашето објаснување.

Смислете прашања

  • Припремете смислени прашања за компанијата и позицијата.
  • Ова може да покаже ваш интерес и ангажираност.

Социјална и професионална етикета

  • Запомнете имињата на лицата кои учествуваат во интервјуто.
  • Покажете социјална и професионална етикета.

Флексибилност и позитивност

  • Покажете готовност за учење и адаптирање.
  • Одразете позитивност и оптимизам.

Завршете со благодарност

  • Завршете интервјуто со изразување на благодарност за можноста и интересот кон позицијата.

Порака за багодарност по интервјуто

  • Испратете благодарница по завршувањето на интервјуто, изразувајќи повторно интерес за позицијата.

Со следење на овие совети, ќе зголемите шансите за успешно оставање добар впечаток на вашето прво интервју за работа како и можноста за вработување.

Промовирани огласи »

Веб-страницата World Population Review објави мапа на светот според просечниот коефициент на интелигенција.

Јапонците се на прво место на оваа листа - нивниот просечен коефициент на интелигенција е 106,48.

Следат Тајван (106,47), Сингапур (105,89), Хонг Конг (105,37), Кина (104,1), Јужна Кореја (102,35), Белорусија (101,6), Финска (101,2), Лихтенштајн (101,07), Германија (100,74…)

Најнизок коефициент на интелигенција е измерен во Непал (42,99).

Во Македонија коефициентот на интелигенција е 81,91, vо Србија коефициентот на интелигенција беше измерен 89,6, вo Црна Гора 85,78, во Босна и Херцеговина просечниот коефициент на интелигенција е 88,54 а во Хрватска е 95,75.

Во Бугарија, коефициентот на интелигенција е 90, 99, во Албанија 81,75, а во Грција 90,77.

Количникот на интелигенција е вкупниот резултат добиен од збир на стандардизирани тестови или поттестови наменети за проценка на човечката интелигенција. Во овој случај, поттестовите вклучуваа проценка на знаењето и читањето по математика и природни науки.

Целосната мапа можете да ја видите овде.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »