Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64% во однос на одлуката од 9.1.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,387%, кај дизелот зголемување за 1,583%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 2,420% и кај мазутот зголемувањето е за 0,842%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,419%

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,424 ден/кг и сега изнесува 41,941 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.1.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.

Промовирани огласи »

Петте најбогати луѓе во светот го удвоиле своето богатство од 2020 година, додека 60 отсто од населението, односно речиси пет милијарди луѓе, станале уште посиромашни.

Јазот меѓу богатите и сиромашните најверојатно ќе се зголеми, се вели во најновиот извештај на хуманитарната организација Оксфам. Истовремено, се предупредува дека доколку продолжат овие трендови, сиромаштијата во светот нема да биде искоренета уште 229 години, пренесува РТС.

Истакнувајќи го драматичното зголемување на нееднаквоста од пандемијата Ковид, Оксфам вели дека милијардерите во светот се 3,3 милијарди долари побогати отколку што биле во 2020 година, при што нивното богатство расте три пати побрзо од стапката на инфлација.

Извештајот открива дека седум од 10-те најголеми светски корпорации имаат милијардер како извршен директор или главен акционер, и покрај стагнацијата на животниот стандард на милиони работници ширум светот.

Богатството на петте најбогати луѓе во светот - Илон Маск, Бернард Арно, Џеф Безос, Лери Елисон и Марк Цукерберг се зголеми за 464 милијарди долари или 114 отсто. Во истиот период, вкупното богатство на најсиромашните 4,77 милијарди луѓе, кои сочинуваат 60 отсто од светската популација, реално се намали за 0,2 отсто.

Луѓето ширум светот работат понапорно и подолго, често за мизерни плати, на несигурни и опасни работни места, се вели во извештајот.

Во 52 земји просечните реални плати на речиси 800 милиони работници паднаа. Тие работници изгубија вкупно 1,5 милијарди долари во изминатите две години, што е еквивалент на 25 неплатени денови за секој работник, се додава.

The fortunes of the five richest men have shot up by 114% since 2020. Meanwhile, 800 million workers have lost $1.5 trillion over the last two years due to inflation. It's time to rein in runaway corporate power. #InequalityInc #FightInequality https://t.co/r1fVoaQMfH pic.twitter.com/V8mJucSCWb

— Oxfam International (@Oxfam) January 15, 2024

Заедно со богатството на супербогатите, корпоративниот профит порасна и покрај притисокот врз домаќинствата од зголемените животни трошоци. Се проценува дека 148-те најголеми светски корпорации збирно заработиле 1,8 милијарди долари нето добивка во периодот до јуни 2023 година, што е скок од 52 отсто од просечната нето добивка во 2018-2021 година.

Breaking: The wealth of the world’s five richest men more than doubled since 2020 while 5 billion people globally have become poorer. ⁰⁰More on our annual inequality report here: https://t.co/RDH70aG3BW pic.twitter.com/NoptiFsM6q

— OxfamAmerica (@OxfamAmerica) January 15, 2024

Залагајќи се за данок на богатство за да се поправи рамнотежата меѓу работниците и супербогатите работодавци и сопственици на бизниси, во извештајот на Оксфам се вели дека таквиот данок на британските милионери и милијардери може да донесе 22 милијарди фунти годишно во буџетот доколку се применува со стапка од 1 до 2 отсто од нето вредноста над 10 милиони фунти.

Фото: Принтскрин/Твитер

Промовирани огласи »

Премиерот ја тестира јавноста со предлог да се воведе седумчасовно работно време во Црна Гора. Презентирајќи ја програмата „Европа сега 2“, како лидер на Движењето „Европа сега“ (ПЕС), Милојко Спајиќ предложи да се намали работното време со полно работно време од 40 на 35 часа, односно на седумчасовен работен ден.

Задоволниот и добро одморен работник е поиновативен, продуктивен и лојален, што придонесува за зголемување на добивката на работодавачите, а повисоките профити на работодавачите придонесуваат и за повисоки државни приходи. Ќе има повеќе време за семејството, пријателите и пошироката заедница. Затоа, оваа програма кога ќе биде претставена во целост ќе има позитивно влијание врз вработените, работодавачите и државата. Затоа е час помалку, всушност час повеќе, рече тој, пренесува Бизнисинфо.ба.

Тој додаде дека податоците покажуваат дека вработените во Црна Гора имаат една од најдолгите работни недели во Европа, а тоа е подолго од 42 часа во просек, што е шест часа повеќе неделно од просекот на земјите од ЕУ, а „сите зборуваат за Европски стандарди“.


Спајиќ ја уверува јавноста дека по спроведувањето на програмата „Европа сега 1“ во Црна Гора, „достоинството на работниците е вратено и минималната плата е двојно зголемена, а „Европа сега 2“ е чекор понатаму кон целта за подобрување позицијата на работниците во Црна Гора“, објави Политика.

ФОТО: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Промовирани огласи »

Од денес на KARIERA.mk можете да ги најдете сите активни огласи за вработување на ГЕО ГАС!

Гео Гас е основана 2011 година како приватна фирма за производство на минерален гас CO₂ и разновидни продукти од него. Локацијата на природниот извор, а воедно и нашиот производствен погон, се наоѓаат во подножјето на планината Пелистер во округот на пелагонската котлина кај местото наречено ,,Брборник ”. 

Производниот погон го сочинува најсовремена Германска опрема, која што природниот CO₂, на природен начин го преработува и филтрира до степен од 99,98% чистота, кој потоа е спремен за понатамошна употреба. Минералниот гас произведен од Гео Гас е оценет според највисоките европски и светски критериуми: Coca-Cola Specification – BP- SP-110, и е идеален за производство на храна, пијалоци, како и за потребите на пошироката индустрија и медицина.

Како компанија која се стреми кон секојдневен успех и развивање на своите услуги, секојдневно се стреми и кон проширување и усовршување на својот тим!

Моментално како активни се следните работни позиции:

РАКОВОДИТЕЛ НА ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ
АДМИНИСТРАТОР ВО ПРОДАЖБА И ЛОГИСТИКА

Се уште сте невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »