За компанијата: Гео Гас е основана 2011 година како приватна фирма за производство на минерален гас CO₂ и разновидни продукти од него. Локацијата на природниот извор, а воедно и нашиот производствен погон, се наоѓаат...
повеќе за компанијата »ГЕО ГАС ДООЕЛ Скопје е компанија која се занимава со производство, дистрибуција и продажба на минерален гас ЦО2 .Поради зголемениот обем на работа, објавува оглас за следнава работна позиција: Раководител на оддел продажба и маркетинг
Ако сакате да станете дел од тимот, а притоа сте динамична и одговорна личност и барате стабилност, професионален раст и долгорочна кариера, со задоволство Ве повикуваме да се пријавите на нашиот оглас за вработување.
Потребни квалификации:
- високо образование: завршен економски факултет оддел маркетинг и менаџмент; машински, хемиски или друг технички факултет ќе се сметаат за предност;
- задолжително добро познавање на англиски јазик (познавање на друг јазик ќе се смета за предност);
- познавање на ексел, високо ниво;
- пишување и одговарање на меилови, високо ниво;
- одлично познавање на MS Office пакетот и компјутерски програми и апликации;
- поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач).
Работни обврски:
- Испитување на пазарот како и онлајн пазарот со цел пронаоѓање на потенцијални клиенти;
- Секојдневна комуникација со постоечки клиенти, онлајн преку различни медиуми со цел високо ниво на услуга;
- Одржување на добра комуникација и следење на постоечките клиенти;
- Планирање и организирање на продажни активности со цел да се зголеми продажбата во компанијата;
- Изработува и предлага месечен и квартален план на маркетинг активности;
- Одгворен за следење и подготовка на потребна документација за тендери и јавни огласи;
- Изработува месечни и квартални извештаи за произведени и продадени количини;
- Одговорен за развивање и одржување на односи со постоечки и потенцијални клиенти, соработници, деловни партнери и државни институции;
- Одговорен за прием и следење на реализација на нарачка;
- Одговорен за подготовка на договори со клиенти и деловни соработници;
Вештини и способности:
- Високи организациски и аналитички способности, со нагласена проактивност и независност;
- Професионалност и организираност;
- Позитивен пристап кон клиентите, колегите и решавање на работни предизвици;
- Способност за јасна и ефективна комуникациј со клиенти и работа под притисок;
- Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини;
- Позитивен став, лојалност, транспарентност, и темелност;
- Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи;
- Одговорност, динамичност, иницијативност и насоченост кон резултати;
- Способност за работа во тим и самостојна работа;
- Планирање и управување со активности на социјални мрежи;
- Раководни и координирачки способности;
Компанијата нуди:
- Атрактивни редовни месечни примања (плата по договор)
- Платени сите задолжителни додатоци и надоместоци според закон
- Позитивна, разновидна и динамична работна средина,
- Можност за градење на успешна кариера,
- Одлични услови за работа во тим и самостојна работа;
- Можност за соработка со европски и интернационални клиенти и соработници.
- Работен однос на определено работно време од 3 месеци, (период на докажување на способност), со можност за продолжување и преминување во стален работен однос на неопределено работно време.
Ве заинтересиравме?
Тогаш испратете ни ја Вашата апликација – Вашето CV на: hr@geogas.mk
Би било одлично ако можете во Вашата апликација да ја дозавршите следнава реченица:
Поради моите квалификации и знаење, моите очекувања за плата се ХХ ХХХ МКД годишно.
Сите апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Во согласност со законот за заштита на лични податоци, со самото испраќање на Вашето СV се согласувате Вашите податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на Гео Гас ДООЕЛ Скопје.
Напомена: Доколку не сте согласни со тоа , можете да ја повлечете во секое време согласноста за обработка на лични податоци преку испраќање на известување на елекртонската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »