Администратор во продажба и логистика

За компанијата: Гео Гас е основана 2011 година како приватна фирма за производство на минерален гас CO₂ и разновидни продукти од него. Локацијата на природниот извор, а воедно и нашиот производствен погон, се наоѓаат... повеќе за компанијата »

ГЕО ГАС ДООЕЛ Скопје е компанија која се занимава со производство, дистрибуција и продажба на минерален гас ЦО2, објавува оглас за следнава работна позиција:

 АДМИНИСТРАТОР ВО ПРОДАЖБА И ЛОГИСТИКА

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, а притоа сте динамична и одговорна личност и барате стабилност и долгорочна кариера, со задоволство Ве повикуваме да се пријавите на нашиот оглас за вработување.   

Потребни квалификации:

  • Средно или високо образование од областа на Економија, Бизнис администрација, Маркетинг или некоја сродна наука ќе се смета за предност.
  • Задолжително напредно познавање на MS Office пакетот и компјутерски програми и апликации,( Word, Exel, Power Point)
  • Високо ниво на познавање на англиски јазик ( пишување и комуникација) и познавање на друг јазик ќе се смета за предност,
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија,
  • Искуство со менаџирање социјални медиуми,,
  • Професионално ниво вербални и писмени комуниксциски вештини, и интерперсонална комуникација
  • Способност за организирање на обврските според приоритетност и исполнување рокови
  • Висок степен на организираност и динамичност за работа под притисок
  • Познавање од областа на маркетинг стратегии,
  • Динамична, отворена личност, подготвена за саморазвивање,
  • Способност за самостојна и тимска работа,
  • Способност за следење на работни инструкции и процедури за работа,

Работни обврски и одговорности:

  • Одговорен за извршување на административно - финансиски задачи, архива, влезни и излезни документи,изработка на излезни фактури, комуникација со сметководство и евиденција и обработка на документи за сметководство
  • Го испитува пазарот како и онлајн пазар за потреби од понуда на нови услуги,
  • Проследување и остварување последователна комуникација со постоечки клиенти со цел поддржување на високо ниво на услуга,
  • Создава, одржува и ажурира база на податоци  за постоечки и потенцијални клиенти во системот на компанијата,
  • Дневен, неделен и квартален  извештај за продажбата и комуникацијата со постоечки и  потенцијални купувачи,
  • Следење и евиденција на нарачки и амбалажа
  • Комуникација со клиенти во врска со направени нарачки,
  • Врши активни преговори, изготвува ценовници, подготвува понуди и помага при склучување на договорот со клиентот,
  • Подготовка на потребна документација за транспорт во земјата и странство
  • Подготовка на документација за учество на тендери,
  • Планира и управува со активностите на социјалните мрежи како. линкeдин (Linkedin), ФБ  (Facebook), Xинг (Xing), инстаграм и официјалната веб страна на компанијата, како и постојана комуникација со истите,
  • Одговорен за набавки, транспорт и логистика
  • Подготовка на документи за испорака и прием на стока/материјали,
  • Комуникација и спремање потребна документација до шпедиција и царина и други државни институции
  • Организирање и следење на транспорт на материјалите од место на производство до клиент и обратно, во и надвор од држаавата
  • Организација, контрола и целокупно управување со работата на тимот за транспорт и логистика

Компанијата нуди:

  • Редовни  и стимулативни месечни примања,
  • Платени сите задолжителни додатоци и надоместоци според закон,
  • Интересна и динамична работа со иднина,
  • Можност за надоградба на професионален план,
  • Одлични услови за самостојна работа и работа во тим,
  • Можност за соработка со европски и  интернационални клиенти и соработници.

Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, (период на докажување на способности), со можност за продолжување и преминување во стален работен однос на неопределено работно време.

Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови, аплицирајте со испраќање на Ваша кратка биографија CV  на следната  email адреса: hr@geogas.mk

Имајте предвид дека само САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Во согласност со законот за заштита на лични податоци, со самото испраќање на Вашето СV се согласувате Вашите податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на Гео Гас ДООЕЛ Скопје.

Напомена: Доколку не сте согласни со тоа , можете да ја повлечете во секое време согласноста  за обработка на лични податоци преку испраќање на известување на елекртонската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »