Промовирани огласи »

Македонија ја заврши ланската година со годишна инфлација од 9,4 отсто.

Трошоците на живот лани во споредба со 2022 година биле зголемени за 9,4 проценти, а цените на мало за 7 проценти, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Најмногу поскапеле храната, угостителските услуги, мебелот, покуќнината. Забележан е зголемен трошок кај воздухопловниот транспорт, туристичките аранжмани, облеката, фармацевтските производи. За декември 2023 година, споредено со декември 2022 година, инфлацијата е 3,6 отсто. Најмногу поскапеле прехранбените производи, зеленчукот, кондиторските производи. 

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Неколку држави во Европа имаат висока инфлација. Чешка и Романија имаа убедливо највисоки стапки на инфлација – од 7,6 и 7 проценти. Во Полска, таа изнесувала 6,2 отсто.

Цените најмногу пораснале во Словачка, за 6,6 отсто во однос на декември претходната година. Следува Австрија со пораст на потрошувачките цени од 5,7 отсто. Блиску е и најновата членка на еврозоната Хрватска, каде цените се повисоки за 5,4 отсто во однос на декември 2022 година. 

Најблиску до Хрватска на крајот на годината била Унгарија, со 5,5 отсто пораст на потрошувачките цени во однос на истиот месец од претходната година.

На годишно ниво, потрошувачките цени најблаго пораснале во декември во Данска за 0,4 отсто и во Италија и Белгија за 0,5 отсто. 

Инфлацијата во Европската Унија(ЕУ) забрзала на крајот од 2023-та година. 

Во декември, годишната стапка на инфлацијата во еврозоната изнесувала 2,9 отсто, забрзувајќи првпат од април. Во ноември таа изнесуваше 2,4 отсто, објави Евростат. 

Цената на свежата храна најмногу се зголемила во декември во еврозоната за 6,8 отсто во однос на истиот месец од претходната година, значително повеќе отколку во ноември. На месечна основа, цените во 20-члената економија во декември пораснала за 0,2 отсто, откако во ноември паднаа првпат од јули за 0,6 отсто.

foto freepik.com/pressfoto

Промовирани огласи »

Иако вчера Министерството за внатрешни работи информираше дека личните карти со името „Република Македонија“ ќе продолжат да важат и по 12 февруари сепак со нив нема да може да се патува и надвор од Македонија.

Граѓаните и понатака ќе можат да си ги користат своите лични документи при користење на банкарски услуги, вадење изводи и на други места каде што им е потребно но тоа ќе биде само во рамки на државава. Патувањето надвор од Македонија по 12 фебруари нема да биде можно во државите кои имаат потпишано билатерален договор со Македонија за патување со лична карта односно граѓаните нема да патуваат во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Промовирани огласи »

NATURA THERAPY е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ ВО ОХРИД
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »