Промовирани огласи »

Неколку држави во Европа имаат висока инфлација. Чешка и Романија имаа убедливо највисоки стапки на инфлација – од 7,6 и 7 проценти. Во Полска, таа изнесувала 6,2 отсто.

Цените најмногу пораснале во Словачка, за 6,6 отсто во однос на декември претходната година. Следува Австрија со пораст на потрошувачките цени од 5,7 отсто. Блиску е и најновата членка на еврозоната Хрватска, каде цените се повисоки за 5,4 отсто во однос на декември 2022 година. 

Најблиску до Хрватска на крајот на годината била Унгарија, со 5,5 отсто пораст на потрошувачките цени во однос на истиот месец од претходната година.

На годишно ниво, потрошувачките цени најблаго пораснале во декември во Данска за 0,4 отсто и во Италија и Белгија за 0,5 отсто. 

Инфлацијата во Европската Унија(ЕУ) забрзала на крајот од 2023-та година. 

Во декември, годишната стапка на инфлацијата во еврозоната изнесувала 2,9 отсто, забрзувајќи првпат од април. Во ноември таа изнесуваше 2,4 отсто, објави Евростат. 

Цената на свежата храна најмногу се зголемила во декември во еврозоната за 6,8 отсто во однос на истиот месец од претходната година, значително повеќе отколку во ноември. На месечна основа, цените во 20-члената економија во декември пораснала за 0,2 отсто, откако во ноември паднаа првпат од јули за 0,6 отсто.

foto freepik.com/pressfoto

Промовирани огласи »

Иако вчера Министерството за внатрешни работи информираше дека личните карти со името „Република Македонија“ ќе продолжат да важат и по 12 февруари сепак со нив нема да може да се патува и надвор од Македонија.

Граѓаните и понатака ќе можат да си ги користат своите лични документи при користење на банкарски услуги, вадење изводи и на други места каде што им е потребно но тоа ќе биде само во рамки на државава. Патувањето надвор од Македонија по 12 фебруари нема да биде можно во државите кои имаат потпишано билатерален договор со Македонија за патување со лична карта односно граѓаните нема да патуваат во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Промовирани огласи »

NATURA THERAPY е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ ВО ОХРИД
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Барањето работа е изазовен процес, кој бара преданост и подготовка. Кога барате работа, разбирање на факторите како што се вредностите на компанијата, работната средина и платата може да ви помогне да најдете работа што одговара и на вашата личност и на вашите цели во кариерата.

За да имате повеќе шанси за успешно наоѓање на работа важно е да ги извршите следните седум работи:

Изработка на квалитетно CV и мотивациско писмо: Вашето CV и мотивациското писмо треба да бидат професионални, добро структурирани и напишани со цел да ги истакнете вашите квалификации и вештини. Прилагодете ги според работната позиција за која аплицирате.

Истражување на компаниите и работните позиции: Пред да аплицирате за работа, истражете ги компаниите и работните позиции. Разберете ги нивните вредности, култура и потребите. Ова ќе ви помогне да адаптирате вашиот пристап и да истакнете зошто сте соодветен кандидат.

Работа на вашите вештини: Подгответе се за интервјуа со вежбање на одговори на типични прашања и размислување за можно дополнителни прашања. 

Вмрежување со луѓе од индустријата каде имате итерес: Градење на мрежа со луѓе во вашиот професионален сектор може да биде круцијално. Посетувајте настани, семинари и виртуелни настани, каде што ќе имате можност да запознаете колеги и потенцијални работодавци.

Одржување на актуелни вештини: Во зависност од вашата индустрија, актуелните вештини можат да бидат од суштинско значење. Образувајте се и бидете информирани за новости и трендови во вашиот сектор.

Примена на онлајн платформи за вработување: Користете ги онлајн платформите за вработување како што се LinkedIn, Indeed, или други, за да ги разгледате отворените работни позиции и да го ажурирате вашиот профил.

Следење и заблагодарување: Следете го вашиот напредок во апликациските процеси и заблагодарете се на луѓето со кои сте поминале интервју. Ова ја истакнува вашата преданост и професионализам.

Спроведувајќи ги овие седум чекори, вие ја зголемувате својата можност за успешно наоѓање на работа и создавање на успешна кариера.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »