Неколку држави во Европа имаат висока инфлација. Чешка и Романија имаа убедливо највисоки стапки на инфлација – од 7,6 и 7 проценти. Во Полска, таа изнесувала 6,2 отсто.
Цените најмногу пораснале во Словачка, за 6,6 отсто во однос на декември претходната година. Следува Австрија со пораст на потрошувачките цени од 5,7 отсто. Блиску е и најновата членка на еврозоната Хрватска, каде цените се повисоки за 5,4 отсто во однос на декември 2022 година.
Најблиску до Хрватска на крајот на годината била Унгарија, со 5,5 отсто пораст на потрошувачките цени во однос на истиот месец од претходната година.
На годишно ниво, потрошувачките цени најблаго пораснале во декември во Данска за 0,4 отсто и во Италија и Белгија за 0,5 отсто.
Инфлацијата во Европската Унија(ЕУ) забрзала на крајот од 2023-та година.
Во декември, годишната стапка на инфлацијата во еврозоната изнесувала 2,9 отсто, забрзувајќи првпат од април. Во ноември таа изнесуваше 2,4 отсто, објави Евростат.
Цената на свежата храна најмногу се зголемила во декември во еврозоната за 6,8 отсто во однос на истиот месец од претходната година, значително повеќе отколку во ноември. На месечна основа, цените во 20-члената економија во декември пораснала за 0,2 отсто, откако во ноември паднаа првпат од јули за 0,6 отсто.
foto freepik.com/pressfoto