Промовирани огласи »

Вработените во компанијата LTH Castings од Шкофја Лока, словенечки град во близина на Љубљана, се пожалија дека „менаџментот на компанијата направил срамен потег и вовел парични награди за вработените кои не користат боледување“.

Интересно е што во предлогот на правилникот, раководството предвиде и стимулации за оние кои не користат породилно и родителско отсуство, придружба и грижа, но по силната реакција на синдикатот решија да стимулираат само апстиненција од боледување, пишува словенечкиот портал 24ур.

„Овој вид на награда е морално, етички и професионално контроверзен, бидејќи болестите се продлабочуваат и стануваат хронични“, предупредува д-рњ Додич Фикфак од Клиничкиот институт за медицина на трудот, сообраќајот и спортот, кој е „сигурен дека Народниот правобранител таквата одлука ќе ја прогласи за дискриминаторска.

Правилникот важи од 1 јануари годинава. Доколку вработен нема ниту еден ден боледување во период од четири до шест месеци, ќе добива награда од 15 до 60 евра месечно, но доколку продолжи боледување макар и само еден ден – процесот на евалуација се „ресетира“.и започнува од почеток.

Новиот модел на награда наиде на различни реакции во компанијата. Некои работници тврдат дека во оваа компанија, која има филијали и во Љубљана, Хрватска и Северна Македонија, се почесто се регистрира мобинг и омаловажување на работниците.

Раководството на LTH Castings објаснува дека се посветени на „промоција на здравјето и благосостојбата на вработените, што вклучува организација на многу активности во рамките на компанијата“:

„Обезбедуваме редовни здравствени прегледи, поттикнуваме спортски активности, едуцираме за здравствена заштита, даваме вакцинација против грип и ковид-19 итн. “, наведуваат и додаваат.

„Создадовме нов модел на награда заедно со синдикатот на компанијата и го проследивме до сите вработени. Главниот акцент на моделот е да се наградуваат поединци кои работат кога некој е отсутен, а процесот на производство мора да тече нормално. Реакции на моделот, кој нормално ги следи воспоставените практики во Словенија, тие беа разновидни, но мнозинството вработени ги разбираат и прифаќаат неговите цели, кои се насочени кон општото добро и долгорочна стабилност на компанијата“.

ФОТО: YouTube/Print Screen

Промовирани огласи »

Кризата во Црвеното Море ќе влијае на пазарот на кафе.

Трошоците на европските пржилници за кафе нагло се зголемија поради кризата во Црвеното Море и ги принудија да бараат нови извори на оваа стока.

Цените на товарот за контејнери на линијата Азија-Европа поскапеа за околу 150 отсто. Бродовите со зрна кафе од Виетнам и Индонезија го заобиколуваат Црвеното Море, кое е цел на јеменските Хути, и патуваат околу Р'тот на добра надеж, поради што стоката пристигнува во Европа околу три седмици подоцна.

Хутите не планираат да запрат со напади. Тие погодија повеќе бродови. Хутите даваат поддршка на Палестинците од Газа и нивната група Хамас. 

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Иако до сезоната на летни одмори има уште време, оние кои планираат да летуваат во соседна Грција треба да знаат дека претстојното лето ќе треба „да бркнат подлабоко во џебот“. 

Имено, се зголемуваат даноците за престој на туристите, а има поскапување и кај патарините. 

Годинава, како што најавија властите во Грција, туристите треба да очекуваат повисоки даноци за престој од претходните години, а висината на оваа давачка се движи од 1,5 до дури 10 евра по сместувачка единица дневно. Овој трошок кој може да влијае на изборот на соодветно сместување.

Овој данок за престој се пресметува како фиксен износ на ден и по сместувачка единица, а не по лице, а висината на даноците варира во зависност од видот на сместувањето.

За хотели со една до две ѕвездички, соби, студија и апартмани е 1,5 евра по соба на ден, три евра по соба дневно за хотели со три ѕвездички, седум евра по соба дневно за хотели со четири ѕвездички, 10 евра по соба на ден за хотели со пет ѕвездички и самостојни вили над 89 метри квадратни. Во камповите не се плаќа такса за престој. 

Освен ова, има покачување на уште една давачка за странците во Грција. 

Од почетокот на годинава, поскапеа патарините во соседна Грција. 

Патарините во Грција се поскапи за 7,6 отсто, одлука што требаше да се примени минатата година, но се одложи, а зголемувања на цените се планирани и во следните две години, пренесоа на почетокот на месецов грчките медиуми. 

Патувањето со автомобил од Атина за Солун е за нешто повеќе од две евра поскапо, односно од 31,35 евра колку беше досега, сега веќе чини 33,75 евра. 

Промовирани огласи »

Од денес на KARIERA.mk можете да ги најдете сите активни огласи за вработување на МЕТЕРГРАМ.

Метерграм е компанија која е специјализирана за софтвер и услуги за интеграција за инфраструктура за полнење EV и управување со енергија.

Како компанија имааат за цел да поттикнат позитивна разлика преку моќта на технологијата. Тие ги поддржуваат и советуваат амбициозните компании и поединци да напредуваат во светот на конкурентните технологии.

Нивните меѓународни тимови обезбедуваат услуги за интеграција на системи, специјализирани за инфраструктура за полнење EV и управување со енергија, низ САД и Европа.

Вложуваат во својот тим и создаваат работна средина каде личниот развој е приоритет. Тие имаат тим водени професионалци кои се инспирираат и поддржуваат едни со други, и се истакнуваат во тоа што го работат.

Се уште сте невработени?! Сите активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »