Промовирани огласи »

Кризата во Црвеното Море ќе влијае на пазарот на кафе.

Трошоците на европските пржилници за кафе нагло се зголемија поради кризата во Црвеното Море и ги принудија да бараат нови извори на оваа стока.

Цените на товарот за контејнери на линијата Азија-Европа поскапеа за околу 150 отсто. Бродовите со зрна кафе од Виетнам и Индонезија го заобиколуваат Црвеното Море, кое е цел на јеменските Хути, и патуваат околу Р'тот на добра надеж, поради што стоката пристигнува во Европа околу три седмици подоцна.

Хутите не планираат да запрат со напади. Тие погодија повеќе бродови. Хутите даваат поддршка на Палестинците од Газа и нивната група Хамас. 

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Иако до сезоната на летни одмори има уште време, оние кои планираат да летуваат во соседна Грција треба да знаат дека претстојното лето ќе треба „да бркнат подлабоко во џебот“. 

Имено, се зголемуваат даноците за престој на туристите, а има поскапување и кај патарините. 

Годинава, како што најавија властите во Грција, туристите треба да очекуваат повисоки даноци за престој од претходните години, а висината на оваа давачка се движи од 1,5 до дури 10 евра по сместувачка единица дневно. Овој трошок кој може да влијае на изборот на соодветно сместување.

Овој данок за престој се пресметува како фиксен износ на ден и по сместувачка единица, а не по лице, а висината на даноците варира во зависност од видот на сместувањето.

За хотели со една до две ѕвездички, соби, студија и апартмани е 1,5 евра по соба на ден, три евра по соба дневно за хотели со три ѕвездички, седум евра по соба дневно за хотели со четири ѕвездички, 10 евра по соба на ден за хотели со пет ѕвездички и самостојни вили над 89 метри квадратни. Во камповите не се плаќа такса за престој. 

Освен ова, има покачување на уште една давачка за странците во Грција. 

Од почетокот на годинава, поскапеа патарините во соседна Грција. 

Патарините во Грција се поскапи за 7,6 отсто, одлука што требаше да се примени минатата година, но се одложи, а зголемувања на цените се планирани и во следните две години, пренесоа на почетокот на месецов грчките медиуми. 

Патувањето со автомобил од Атина за Солун е за нешто повеќе од две евра поскапо, односно од 31,35 евра колку беше досега, сега веќе чини 33,75 евра. 

Промовирани огласи »

Од денес на KARIERA.mk можете да ги најдете сите активни огласи за вработување на МЕТЕРГРАМ.

Метерграм е компанија која е специјализирана за софтвер и услуги за интеграција за инфраструктура за полнење EV и управување со енергија.

Како компанија имааат за цел да поттикнат позитивна разлика преку моќта на технологијата. Тие ги поддржуваат и советуваат амбициозните компании и поединци да напредуваат во светот на конкурентните технологии.

Нивните меѓународни тимови обезбедуваат услуги за интеграција на системи, специјализирани за инфраструктура за полнење EV и управување со енергија, низ САД и Европа.

Вложуваат во својот тим и создаваат работна средина каде личниот развој е приоритет. Тие имаат тим водени професионалци кои се инспирираат и поддржуваат едни со други, и се истакнуваат во тоа што го работат.

Се уште сте невработени?! Сите активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Промовирани огласи »

Од 1 февруари единствена валута што може да се користи за готовински трансакции во платниот систем во Косово е еврото, објави Централната банка на Косово.

Според регулативата за готовински трансакции, усвоена од страна на Управниот одбор на Централната банка на Косово, „другите валути што не се евра можат да се користат во Косово само како вредност за складирање во физичка форма или на банкарски сметки во валути што не се во евра. за вршење на меѓународни плаќања во - евро валути и за девизни активности“.

Исто така, размена на валута може да се врши само преку институции лиценцирани од Централната банка на Косово кои ја нудат оваа услуга.

Српскиот динар до сега на Косово се користеше во областите каде живее мнозинско српско население, кое добива плати, пензии, социјална помош или друг вид на бенефиции од буџетот на Република Србија.

Како што е наведено од Централната банка на Косово, целта на регулативата е „да се подобрат и дефинираат регулаторните стандарди за професионално работење на финансиските институции во областа на готовинското работење, вклучувајќи контрола на количината на пари во оптек, заштита на интегритетот на финансискиот систем, борба против фалсификувани пари, заштита на потрошувачите, борба против перење пари и активности за финансирање тероризам, како и решавање на други прашања поврзани со делокругот на Централната банка“.

Увоз и извоз на евро банкноти и монети и други валути во Косово може да се врши само за и од лиценцирани банкарски и небанкарски финансиски институции.

За да се спречи внесување на фалсификувани пари, физичките и правните лица кои не вршат финансиски дејности се должни да пријават ковани пари доколку носат повеќе од 100 парчиња/единици, без разлика на паричната вредност.

Фото: ЕПА

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »