Промовирани огласи »

И Германија ќе воведе работна недела од 4 дена како експеримент. 

Експериментот, во кој учествуваат 45 компании, ќе почне на 1 февруари и ќе трае шест месеци, а вработените ќе можат да ги задржат досегашните плати и покрај намалените работни часови. 

Германски компании учествуваат во експеримент во кој поради хроничен недостиг на работна сила ќе се воведе четиридневна работна недела и ќе се мери продуктивноста на работниците, пишува Блумберг. 

Состојбата на германскиот пазар на труд, и покрај падот на индустриското производство, е лоша. Се предвидува дека до 2035 година, повеќе од седум милиони луѓе ќе го напуштат германскиот пазар на труд како резултат на комбинација на пад на наталитетот и стареење на населението.

Скандинавските земји веќе го применуваа овој експеримент. Се покажало дека на ваков начин работниците се попродуктивни и има баланс меѓу личниот и професионалниот живот. 
foto freepik.com/senivpetro

Промовирани огласи »

Идејата на Илон Маск за користење на X платформата за сè изгледа полека станува реалност. Имено, еден од инженерите кој работи на развојот на платформата објави, каде на друго место освен на X, дека корисниците на Андроид сега можат да остваруваат аудио и видео повици директно од X апликацијата на нивниот смартфон.

Да потсетиме, уште ова лето, шефицата на X, Линда Јакарино, најави можност за воведување видео повици на платформата, која беше претставена за корисниците на iOS во октомври 2023 година.

Но, интересно, иако сите корисници сега можат да примаат повик преку X, само претплатниците можат да упатуваат повик (аудио и видео).

Доколку не сакаат да примаат повици преку X, корисниците можат да изберат Приватност и безбедност, директни пораки во поставките и таму да означат дали сакаат да ги овозможат или оневозможат повиците. На истото место, можно е да се дефинира кој може да ги повика – луѓе од директориумот, луѓе што ги следат и проверени корисници.

Промовирани огласи »

На крајoт на овој месец или на почеток на февруари се очекува да пристигнат парите од Мој ДДВ на сметките на граѓаните кои скенираат фискални.

Станува збор за исплата на повратокот од данок преку проектот Мој ДДВ за октомври, ноември и декември лани.  Во согласност со законот, УЈП средствата треба да ги исплати во рок од 60 дена од завршувањето на тромесечјето. За нешто повеќе од четири години од спроведувањето на оваа мерка, преку МојДДВ на сметките на граѓаните се слеале скоро 120 милиони евра.

Од јануари 2023 година се зголеми прагот на враќање на дел ДДВ-то изразено во фискалните сметки, од 1.800 денари за едно тромесечје, на 2.100 денари. 

Промовирани огласи »

Министерство за внатрешни работи ( МВР) известува дека со цел да се олесни и забрза процесот на промена на личните документи, започна со имплементација на пилот проект само на територијата на Скопје за доставување на готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса, преку полициските станици.

Од МВР известуваат дека во сабота (27.01.2024) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ (од 08 до 16 часот).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »