Промовирани огласи »

Државјани на ЕУ, особено оние од централна и источна Европа масовно ја напуштаат Велика Британија заради очекуваните компликациии околу  нивните работни места кои ги носи брегзит. А газди на ресторани на островот велат дека не можат да замислат Британец кој ќе стане од кревет и ќе оди некаде да мие чаши.

Угледни ресторани и ланци во Велика Британија се жалат дека не можат да ги пополнат работнтие места кои остануваат празни по сè помасовниот егзодус на европски државјани од островот.

Бројот на оние кои заминаа од Англија за брзо време порасна од 33.000 на 120.000 и главно се работи за луѓе кои работеа во услужните дејности.

Ланци како Франко Мана велат дека на пазарот не постои доволно кадар кој би ги пополнил потребните работни места кои ги држеа Бугари, Романци, Словаци... А во нивната компанија, само 30% од персоналот е британски. 

Тешко е да се најде Британец кој има желба да стане од кревет и да мие садови. Тоа е всадено во историјата и во класите, вели еден сопственик на ресторан.

За дополнителни компликации, во јавноста протече еден владин предлог дополнително да се скуси престојот на ниско-квалификувани лица од ЕУ во земјата. Едно истражување вели дека ако во Британија престане да стигнува свежа работна сила од ЕУ по заокружувањето на брегзитот во 2019 година, само овој сектор ќе се соочи со дефицит од 60.000 лица.

Извор - Off.net.mk

Промовирани огласи »

Вип со задоволство најавува збогатување на својата понуда со два нови телевизиски канали во Vip TV програмската листа. Од денеска, сите нови и постоечки корисници на Vip TV ќе можат да уживаат во филмскиот канал AXN и музичкиот STOP TV.

Сега, со воведувањето на филмскиот канал AXN, љубителите на филмските содржини ќе имаат можност да ги гледаат своите омилени филмови и серии со македонски превод, меѓу кои популарните акциони и крими серии Скорпија и Профилирање како и новата сезона од Тинејџер Врколак. Филмскиот канал AXN корисниците можат да го најдат на позиција 36додека музичкиот канал Stop TV на позиција 104.

Со Vip TV пакетите, корисниците имаат можност да приклучат повеќе ТВ приемници во својот дом, со што секој член од семејството може да ужива во својата омилена програма. 

Повеќе информации за телевизиските канали на Вип можете да добиете на www.vip.mk или со јавување во Контакт центарот на  077 1234. 

Промовирани огласи »

Српската едиција на Спутник е уште еден од бројните светски медиуми кои направија репортажа од „Велешката фабрика за лажни вести“ со прашањето дали младите велешани му донесоа победа на Доналд Трамп на претседателските избори на кои ја порази фаворизираната Хилари Клинтон од Демократската партија.

Спутник разговараше со повеќе велешани кои не го откриваат својот идентитет и ги кријат лицата пред камерата за да не си создаваат дополнителни проблеми и да привлекуваат внимание. 

Не бев најмладиот во објавувањето, во моето средно школо беше прилично популарно, како еден вид на спорт, раскажува младиот сегашен студент во Скопје кој се претставува како Димитар.

Целиот бизнис почна кога сфативме дека можеме лесно да заработиме со пласирање на „фејк вести“ или сензационализми, најмногу за Доналд Трамп бидејќи кликовите на американците се највредни за онлајн рекламите. Луѓето тоа го сфатија и почнаа да прават сајтови, дополнува Димитар за Спутник.

Лажните вести, кои голем дел од нив се популаризираа токму од велешката интернет „фабрика“, беа посочени како еден од главните факти за поразот на Хилари Клинтон, па дури и таа самата ги обвини неприфаќајќи ја својата вина за очајно водената изборна кампања.

Младите интернет богаташи велат и дека се обиделе да пишуваат сензационални вести за Хилари Клинтон, Берни Сендерс и другите кандидати, но едноставно во Фејсбук групите каде ги споделувале објавите немало доволно интерес. Фановите на Трамп биле најподготвени да ги споделуваат вестите преку социјалните мрежи што им носело огромен број на кликови.

Велат дека немале никакви наредби од политичари да прават лажни сајтови за американските избори, туку главниот мотив им било да заработат. 

Во САД се водат две истраги, во првата се проценува руското влијание преку хакерите кои ги таргетираа политичките партии како и системите за регистрација на гласачи во 21 сојузна американска држава, додека во втората назначен е специјален обвинител кој истражува дали тимот на Трамп бил во директна соработка со руската влада за размена на информации што е строго забрането. 

Промовирани огласи »

Во организација на P World и ексклузивно партнерство со KARIERA.mk на 29-ти септември во Скопје доаѓа HR менаџерот на Фејсбук Maud Durand којa ќе биде дел од најголемиот регионален HR настан оваа година – Global HR Summit.

На настанот, покрај претставникот од Фејсбук доаѓаат и клучните луѓе во HR тимовите на Unilever, Gazprom, ING и фармацевтскиот гигант Novo Nordisk.

 

Maud Durand магистрирала во управување со човечки ресурси, и смета дека HR е професија, која секогаш ја инспирира и ја турка да оди понатаму и подлабоко во нејзините идеи. Таа во Фејсбук дојде од најпознатиот сервис за бизнис вмрежување LinkedIn, каде што имаше можност да им помогне во креирање и спроведување на скалест модел за регрутирање. Maud тука повторно се стакнува со искуства за важноста на регрутерството и одбирањето на кадар во процесот на вработување и повеќе од било што, комбинирање на нешта што таа ги сака: здобивање со нови таленти, бизнис партнерство и стратегија.

За да ja запознаете Maud и да поминeте еден ден со некои од најпознатите светски признати експерти за човечки ресурси, резервирајте ги своите билети денес за Global HR Самитот во Скопје за човечки ресурси на следниов линк: http://www.thepworld.com/event/global-hr-summit-skopje

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »