Промовирани огласи »

Кога ја пишуваат својата автобиографија, многу луѓе применуваат стратегија според која си дополнуваат работи за кои немаат толку умешност.

Работодавците, сепак, се повеќе заинтересирани за квалитет а помалку за квантитет. Истражувањата покажаа дека биографијата има само седум секунди за да го привлече вниманието на лицето кое го разгледува. Значи мора да бидете сигурни дека твојата е навистина невообичаена.

За таа цел, Business Insider ве советува никогаш да не ги додавате овие работи внатре, бидејќи тие не прават особено добар впечаток.

1. Јазик на кој не зборувате добро

Дали учевте француски на училиште? Добро, но колку навистина се сеќавате на јазикот? Ако не можете да го користите слободно, подобро е да не го напишете тоа воопшто. Во најлош случај, работодавачот може да го зборува јазикот и да ве натера да ги демонстрирате своите вештини, а тоа може да доведе до лоша ситуација.

2. Преку-основни вештини

Да се ​​спомене Micorosoft Word и Email во вашата биографија денес е смешно. Се претпоставува дека сите може да ги користат.

3. Вашето присуство на социјални мрежи

Можеби мислите дека стотици следбеници на Твитер и пријателите на Инстаграм и Фејсбук се некаква предност. Ова може да биде случај, на пример, ако се развие сопствен бренд. Меѓутоа, во повеќето случаи, нема директна врска со вашата работа.

4. Откриени лаги и претерани факти

Менаџерите прегледуваат десетици, стотици резимеа. Тие можат да откријат лаги, па дури и ако тоа не се случи веднаш, вистината ќе дојде на виделина порано или подоцна. И тогаш ќе треба да дадете многу објаснувања.

5. Шеги

Колку по оригинални би изгледале ако напишете “мајстор за ..“ во делот „Дополнителни вештини“ ... Всушност, ниту малку. Ова не е место за шеги. Ќе изгледаш само несериозно и неодговорно.

Промовирани огласи »

Универзитетот од Чикаго направи листа со занимања од кои работниците не се задоволни. 

Луѓето во овие сектори се незадоволни од платите и тешките услови за работа. 

Ова се професии од кои Американците не се задоволни:

1. покривачи на покриви

2. келнери

3. работници кои работат помошни физички работи

4. шанкери

5. луѓе кои се занимаваат со пакување

6. луѓе кои работат во складишта

7. продавачи на облека

8. благајници

9. работници кои подготвуваат храна

10. шпедитери

11. месари

12. продавачи на мебел

Промовирани огласи »

Семејствата кај кои екипите на ЕВН Македонија ги прилагодија броилата, од вчера користат евтина дневна струја од 14 до 16 часот. Од ЕВН велат дека прилагодувањето на броилата се одвива според отчитувачки групи и ќе трае четири недели, период за кој треба рачно да се адаптираат околу 800.000 броила.

Граѓаните веќе се информирани во последната сметка од кој период можат да сметаат на евтина тарифа на струјата.

Прилагодувањето почна со четвртата отчитувачка група која се реализира во деновите од 25 до 29 септември. Од почетокот на наредниот месец пак,  од 02 до 06 октомври ќе се прилагодуваат броилата, од првата група.од 06 до 15 октомври втората група и последни ќе бидат прилагодени броилата од третата отчитувачка група односно од 17 до 24 октомври.

На дисплејот на броилото на кое е прилагодена евтината дневна тарифа, во периодот од 14 до 16 часот од понеделник до сабота, ќе биде активен индикаторот за тарифа Т2 по што граѓаните ќе препознаат дека во тој период имаат евтина тарифа.

Евтината дневна тарифа беше воведена од владата и со одлука на Регулаторната комисија за енергетика и се проценува дека оваа мерка и пониските сметки сметки за струја за граѓаните годишно ќе го намалат салдото на енергетските компании за околу 8 милиони евра.

Промовирани огласи »

Државјани на ЕУ, особено оние од централна и источна Европа масовно ја напуштаат Велика Британија заради очекуваните компликациии околу  нивните работни места кои ги носи брегзит. А газди на ресторани на островот велат дека не можат да замислат Британец кој ќе стане од кревет и ќе оди некаде да мие чаши.

Угледни ресторани и ланци во Велика Британија се жалат дека не можат да ги пополнат работнтие места кои остануваат празни по сè помасовниот егзодус на европски државјани од островот.

Бројот на оние кои заминаа од Англија за брзо време порасна од 33.000 на 120.000 и главно се работи за луѓе кои работеа во услужните дејности.

Ланци како Франко Мана велат дека на пазарот не постои доволно кадар кој би ги пополнил потребните работни места кои ги држеа Бугари, Романци, Словаци... А во нивната компанија, само 30% од персоналот е британски. 

Тешко е да се најде Британец кој има желба да стане од кревет и да мие садови. Тоа е всадено во историјата и во класите, вели еден сопственик на ресторан.

За дополнителни компликации, во јавноста протече еден владин предлог дополнително да се скуси престојот на ниско-квалификувани лица од ЕУ во земјата. Едно истражување вели дека ако во Британија престане да стигнува свежа работна сила од ЕУ по заокружувањето на брегзитот во 2019 година, само овој сектор ќе се соочи со дефицит од 60.000 лица.

Извор - Off.net.mk

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »