Промовирани огласи »

Семејствата кај кои екипите на ЕВН Македонија ги прилагодија броилата, од вчера користат евтина дневна струја од 14 до 16 часот. Од ЕВН велат дека прилагодувањето на броилата се одвива според отчитувачки групи и ќе трае четири недели, период за кој треба рачно да се адаптираат околу 800.000 броила.

Граѓаните веќе се информирани во последната сметка од кој период можат да сметаат на евтина тарифа на струјата.

Прилагодувањето почна со четвртата отчитувачка група која се реализира во деновите од 25 до 29 септември. Од почетокот на наредниот месец пак,  од 02 до 06 октомври ќе се прилагодуваат броилата, од првата група.од 06 до 15 октомври втората група и последни ќе бидат прилагодени броилата од третата отчитувачка група односно од 17 до 24 октомври.

На дисплејот на броилото на кое е прилагодена евтината дневна тарифа, во периодот од 14 до 16 часот од понеделник до сабота, ќе биде активен индикаторот за тарифа Т2 по што граѓаните ќе препознаат дека во тој период имаат евтина тарифа.

Евтината дневна тарифа беше воведена од владата и со одлука на Регулаторната комисија за енергетика и се проценува дека оваа мерка и пониските сметки сметки за струја за граѓаните годишно ќе го намалат салдото на енергетските компании за околу 8 милиони евра.

Промовирани огласи »

Државјани на ЕУ, особено оние од централна и источна Европа масовно ја напуштаат Велика Британија заради очекуваните компликациии околу  нивните работни места кои ги носи брегзит. А газди на ресторани на островот велат дека не можат да замислат Британец кој ќе стане од кревет и ќе оди некаде да мие чаши.

Угледни ресторани и ланци во Велика Британија се жалат дека не можат да ги пополнат работнтие места кои остануваат празни по сè помасовниот егзодус на европски државјани од островот.

Бројот на оние кои заминаа од Англија за брзо време порасна од 33.000 на 120.000 и главно се работи за луѓе кои работеа во услужните дејности.

Ланци како Франко Мана велат дека на пазарот не постои доволно кадар кој би ги пополнил потребните работни места кои ги држеа Бугари, Романци, Словаци... А во нивната компанија, само 30% од персоналот е британски. 

Тешко е да се најде Британец кој има желба да стане од кревет и да мие садови. Тоа е всадено во историјата и во класите, вели еден сопственик на ресторан.

За дополнителни компликации, во јавноста протече еден владин предлог дополнително да се скуси престојот на ниско-квалификувани лица од ЕУ во земјата. Едно истражување вели дека ако во Британија престане да стигнува свежа работна сила од ЕУ по заокружувањето на брегзитот во 2019 година, само овој сектор ќе се соочи со дефицит од 60.000 лица.

Извор - Off.net.mk

Промовирани огласи »

Вип со задоволство најавува збогатување на својата понуда со два нови телевизиски канали во Vip TV програмската листа. Од денеска, сите нови и постоечки корисници на Vip TV ќе можат да уживаат во филмскиот канал AXN и музичкиот STOP TV.

Сега, со воведувањето на филмскиот канал AXN, љубителите на филмските содржини ќе имаат можност да ги гледаат своите омилени филмови и серии со македонски превод, меѓу кои популарните акциони и крими серии Скорпија и Профилирање како и новата сезона од Тинејџер Врколак. Филмскиот канал AXN корисниците можат да го најдат на позиција 36додека музичкиот канал Stop TV на позиција 104.

Со Vip TV пакетите, корисниците имаат можност да приклучат повеќе ТВ приемници во својот дом, со што секој член од семејството може да ужива во својата омилена програма. 

Повеќе информации за телевизиските канали на Вип можете да добиете на www.vip.mk или со јавување во Контакт центарот на  077 1234. 

Промовирани огласи »

Српската едиција на Спутник е уште еден од бројните светски медиуми кои направија репортажа од „Велешката фабрика за лажни вести“ со прашањето дали младите велешани му донесоа победа на Доналд Трамп на претседателските избори на кои ја порази фаворизираната Хилари Клинтон од Демократската партија.

Спутник разговараше со повеќе велешани кои не го откриваат својот идентитет и ги кријат лицата пред камерата за да не си создаваат дополнителни проблеми и да привлекуваат внимание. 

Не бев најмладиот во објавувањето, во моето средно школо беше прилично популарно, како еден вид на спорт, раскажува младиот сегашен студент во Скопје кој се претставува како Димитар.

Целиот бизнис почна кога сфативме дека можеме лесно да заработиме со пласирање на „фејк вести“ или сензационализми, најмногу за Доналд Трамп бидејќи кликовите на американците се највредни за онлајн рекламите. Луѓето тоа го сфатија и почнаа да прават сајтови, дополнува Димитар за Спутник.

Лажните вести, кои голем дел од нив се популаризираа токму од велешката интернет „фабрика“, беа посочени како еден од главните факти за поразот на Хилари Клинтон, па дури и таа самата ги обвини неприфаќајќи ја својата вина за очајно водената изборна кампања.

Младите интернет богаташи велат и дека се обиделе да пишуваат сензационални вести за Хилари Клинтон, Берни Сендерс и другите кандидати, но едноставно во Фејсбук групите каде ги споделувале објавите немало доволно интерес. Фановите на Трамп биле најподготвени да ги споделуваат вестите преку социјалните мрежи што им носело огромен број на кликови.

Велат дека немале никакви наредби од политичари да прават лажни сајтови за американските избори, туку главниот мотив им било да заработат. 

Во САД се водат две истраги, во првата се проценува руското влијание преку хакерите кои ги таргетираа политичките партии како и системите за регистрација на гласачи во 21 сојузна американска држава, додека во втората назначен е специјален обвинител кој истражува дали тимот на Трамп бил во директна соработка со руската влада за размена на информации што е строго забрането. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »