Промовирани огласи »

Две третини од најпросперитетните држави во светот се во Европа, според индексот на просперитет „Легутам“ за 2023 година. Високо котираат Луксембург, Швајцарија, Холандија и Австрија, објави еuronews. 

Нордиските земји се над ЕУ-просекот, но не успеаја да ги заземат првите места.
Норвешка се најде на 2. место. Финска е на 10. место, а Шведска  се најде на 13. место од вкупно 35 земји на листата. Исланд и Данска се најдоа на 7. и 8. место.

Гледајќи ги четирите најнаселени земји на ЕУ, просечниот расположлив приход беше над просекот на ЕУ во Германија и Франција, додека беше помал во Италија  и Шпанија. Хрватска, последната земја што ѝ се приклучи на ЕУ, имаше повисок просечен расположлив приход од шест земји на ЕУ.

 

На дното се земјите од регионот кои не се дел од ЕУ, меѓу кои е и Македонија. Нешто подобра од Македонија е Црна Гора.

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Денеска е убав ден за скенирачите на фискални сметки, се исплатеше трудот од собирање и скенирање.

Всушност, денеска на граѓаните им се исплатени парите од повратот на данок преку проектот Мој ДДВ.

Исплатата се однесува на илјадници граѓани кои скенирале сметки изминатиот период преку апликацијата Мој ДДВ, со што можеле да остварат поврат од платеното ДДВ.
Максималната сума која еден граѓанин кој скенира сметки може да ја добие за едно тримесечие, е 2.100 денари. 

Според податоците, сметки скенираат над половина милион македонски граѓани.

Промовирани огласи »

Во пресметката на трошоците за следниот одмор, доколку летувате во Грција, треба да го вклучите и поскапувањето на патарините.

Во просек изнесува нешто повеќе од 7,5 отсто, што би значело дека на грчките патарини ќе треба да платите и до три евра повеќе од претходната година. Надлежните најавуваат дека позабележителен скок на цените ќе има следната и следната година.

Цената зависи, се разбира, од делот во кој патувате. Така од Солун до Атина наместо 31,35 евра се плаќа 33,75 евра, додека од Атина до Патра сегашната цена е 12,7 евра, а била 11,8. Оние кои ќе ја користат комплетната релација Каламата - Атина ќе платат 15 евра, што е зголемување за 1,05 евра, а од Атина до Јанина наместо 38,25, колку што чинеше во 2023 година, мора да подготват 51,15 евра.

Станува збор за суми кои покриваат целосни делници, а  туристите кои имаат намера да летуваат на Халкидики или Тасос, секако, ќе плаќаат значително помалку, па поскапувањето нема значително да се одрази на нивниот буџет.

Она што е интересно е иницијативата на Здружението на хотелиери на Грција, кои бараат од грчката влада да воведе мерки за намалување на метежот на границата и туристите да можат побрзо да стигнат до своите дестинации. Тие предлагаат да се изградат капацитети и да се прошират граничните премини, а во текот на сезоната да се вработат повеќе кадри и работна сила да се направи сè да оди многу побрзо.

Промовирани огласи »

КАМ Маркет е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Кам има мрежа од 80 маркети низ цела Македонија, а има и свои маркети во Бугарија и Косово. 

Поради константен раст на тимот моментално се оторени следниве работни позиции:

СУПЕРВИЗОР ВО СЕКТОР ЛОГИСТИКА - ЛЦ ИЛИНДЕН
ВОЗАЧ Ц КАТЕГОРИЈА
СПРЕМАЧИ НА РОБА

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »