Промовирани огласи »

Австралија ќе воведе закони кои ќе им овозможат на работниците да игнорираат повиците и пораките без причина од нивните шефови надвор од работното време.

„Правото на исклучување“ е дел од серијата промени за вработување предложени од федералната влада за заштита на правата на работниците.

Слични закони веќе се во сила во Франција, Шпанија и други земји од Европската унија.

Мнозинството сенатори изразија поддршка за мерката, рече во средата министерот за вработување Тони Бурк од владејачката Лабуристичка партија. Преку правото на исклучување, тоа ги спречува вработените да работат неплатено прекувремено, рече Бурк.

Она што го расправаме е дека некој кој не е платен 24 часа не треба да биде казнет ако не е онлајн и достапен 24 часа на ден, рече во средата премиерот Ентони Албанесе.

Законот треба да се гласа во парламентот следната седмица. Некои политичари, здруженија на работодавачи и челници на компании предупредија дека овој закон ќе ја поткопа конкурентноста и ќе ја загрози транзицијата кон пофлексибилно работно време.

Зелените, кои први го предложија правилото минатата година, го сметаат за голема победа за нивната партија.

Во просек, Австралијците работат шест недели неисплатена прекувремена работа годишно“, рече лидерот на партијата Адам Бандт, додавајќи дека тоа изнесува околу 60 милијарди долари неисплатени плати.„Тоа време е твое. Не од вашиот шеф, заклучи тој.

Промовирани огласи »

Две третини од најпросперитетните држави во светот се во Европа, според индексот на просперитет „Легутам“ за 2023 година. Високо котираат Луксембург, Швајцарија, Холандија и Австрија, објави еuronews. 

Нордиските земји се над ЕУ-просекот, но не успеаја да ги заземат првите места.
Норвешка се најде на 2. место. Финска е на 10. место, а Шведска  се најде на 13. место од вкупно 35 земји на листата. Исланд и Данска се најдоа на 7. и 8. место.

Гледајќи ги четирите најнаселени земји на ЕУ, просечниот расположлив приход беше над просекот на ЕУ во Германија и Франција, додека беше помал во Италија  и Шпанија. Хрватска, последната земја што ѝ се приклучи на ЕУ, имаше повисок просечен расположлив приход од шест земји на ЕУ.

 

На дното се земјите од регионот кои не се дел од ЕУ, меѓу кои е и Македонија. Нешто подобра од Македонија е Црна Гора.

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Денеска е убав ден за скенирачите на фискални сметки, се исплатеше трудот од собирање и скенирање.

Всушност, денеска на граѓаните им се исплатени парите од повратот на данок преку проектот Мој ДДВ.

Исплатата се однесува на илјадници граѓани кои скенирале сметки изминатиот период преку апликацијата Мој ДДВ, со што можеле да остварат поврат од платеното ДДВ.
Максималната сума која еден граѓанин кој скенира сметки може да ја добие за едно тримесечие, е 2.100 денари. 

Според податоците, сметки скенираат над половина милион македонски граѓани.

Промовирани огласи »

Во пресметката на трошоците за следниот одмор, доколку летувате во Грција, треба да го вклучите и поскапувањето на патарините.

Во просек изнесува нешто повеќе од 7,5 отсто, што би значело дека на грчките патарини ќе треба да платите и до три евра повеќе од претходната година. Надлежните најавуваат дека позабележителен скок на цените ќе има следната и следната година.

Цената зависи, се разбира, од делот во кој патувате. Така од Солун до Атина наместо 31,35 евра се плаќа 33,75 евра, додека од Атина до Патра сегашната цена е 12,7 евра, а била 11,8. Оние кои ќе ја користат комплетната релација Каламата - Атина ќе платат 15 евра, што е зголемување за 1,05 евра, а од Атина до Јанина наместо 38,25, колку што чинеше во 2023 година, мора да подготват 51,15 евра.

Станува збор за суми кои покриваат целосни делници, а  туристите кои имаат намера да летуваат на Халкидики или Тасос, секако, ќе плаќаат значително помалку, па поскапувањето нема значително да се одрази на нивниот буџет.

Она што е интересно е иницијативата на Здружението на хотелиери на Грција, кои бараат од грчката влада да воведе мерки за намалување на метежот на границата и туристите да можат побрзо да стигнат до своите дестинации. Тие предлагаат да се изградат капацитети и да се прошират граничните премини, а во текот на сезоната да се вработат повеќе кадри и работна сила да се направи сè да оди многу побрзо.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »