Промовирани огласи »

Чест ни е да го најавиме својот нов проект КARIERA Triumph Talks во организација на KARIERA.mk и Brain Tree - Neuro-Business Training Center.

Разговори со успешни луѓе од нашето опкружување!

Како наш прв гостин ви го преставуваме Филип Ивановски сопственик на ТианДе Македонија со неговата инспиративна успешна приказна.

Доколку сте во потрага по инспирација, мотивација и практични совети KARIERA Triumph Talks е точното место каде што ќе го пронајдете сето ова.

КARIERA Triumph Talks е повеќе од обичен настан. Тоа е искуство, заедница и извор на мотивација кој можеби ќе ве инспирира да се охрабрите и да ги преземете првите чекори кон вашиот сон! Придружете ни се на следниот настан и подгответе се да слушнете уште многу успешни приказни!

Промовирани огласи »

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.Една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА - СКОПЈЕ
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - СКОПЈЕ
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - БИТОЛА
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - СТРУМИЦА

Се уште невработени?! Сите останати актвини работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Хибридниот начин на работа, комбинирајќи го работното место во канцеларија со работа од дома, нуди многу предности за компании и за вработените.

Во продолжение пет одлични страни на хибридниот начин на работа:

  • Флексибилност

 Хибридниот начин на работа им овозможува на вработените поголема флексибилност во управувањето на своето време и работниот распоред. Тие можат да изберат кога да работат од канцеларија, а кога од дома, што им дава можност за адаптација на работниот процес според своите потреби и обврски.

  • Подобрување на балансот помеѓу работа и приватниот живот

Хибридниот начин на работа овозможува помалку време потрошено на патување до работа, што води до подобрување на балансот помеѓу работа и приватниот живот. Ова може да им помогне на вработените да се посветат на своите лични интереси и односи, што повторно може да им помогне да бидат посветени и продуктивни на работното место.

  • Намалување на трошоците за компаниите

За компаниите, хибридниот начин на работа може да резултира со значително намалување на трошоците поврзани со изнајмување на канцеларии и оддржување на инфраструктура. Помалку работни места во канцелариите значи помалку трошоци за комунални услуги и опрема.

  • Подобрување на продуктивноста 

Многу вработени се забележува дека се подобро концентрираат и се посветени на работата кога работат од дома. Бидејќи немаат директни прекини од колегите или други дистракции во канцеларијата, нивната продуктивност може да се зголеми.

  • Подобрување на задоволството на вработените

Хибридниот начин на работа може да ги задоволи потребите на вработените за поголема контрола и автономија во нивната работа. Ова може да доведе до поголемо задоволство кај вработените и подобрување на нивната ретенција во компанијата.

Хибридниот начин на работа нуди многу предности како за компаниите, така и за вработените. Со правилно планирање и управување, овој модел може да биде успешен и да допринесе кон подобро задоволство на вработените и постигнување на бизнис целите.

Промовирани огласи »

Проектот „Иднината Почнува Дома“ – е иницијатива на ТИРЗ и Стопанската Комора кој има за цел да поддржи индивидуалци кои како едни од многуте меѓу нас, се истакнуваат во своите области на делување, прават позитивна разлика и работат посветено како важни делови од обликувањето на иднината на нашата нација.

Голема чест и гордост ни претставува дека еден меѓу десетте номинирани, од Стопанската Комора, е Бјанка Катру, која веќе осум години е дел од Финансиското друштво М Кеш. Бјанка, со својата преданост и ангажираност, не само што ја остварува својата професионална кариера во финансиската област, туку и воведува нови начини на размислување и пристап кон проблемите.

Нејзината вклученост во заедницата е  вистинска инспирација за сите нас, бидејќи вистинскиот напредок и развој започнува со индивидуалните напори и ангажмани на луѓето како што е Бјанка. Нека продолжи да нè мотивира и да биде пример за сите нас да ги следиме своите соништа и да работиме со цел да го оствариме својот потенцијал.

Сите номинирани, вклучувајќи ја и Бјанка, претставуваат златен стандард на посветеност, интегритет и преданост кон своите области на делување. Нивните приказни се вистински извор на инспирација за сите нас, и нека нивните примери нè поттикнуваат да работиме заедно и да го оствариме нашиот заеднички потенцијал за напредок и развој.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »