Промовирани огласи »

Хибридниот начин на работа, комбинирајќи го работното место во канцеларија со работа од дома, нуди многу предности за компании и за вработените.

Во продолжение пет одлични страни на хибридниот начин на работа:

  • Флексибилност

 Хибридниот начин на работа им овозможува на вработените поголема флексибилност во управувањето на своето време и работниот распоред. Тие можат да изберат кога да работат од канцеларија, а кога од дома, што им дава можност за адаптација на работниот процес според своите потреби и обврски.

  • Подобрување на балансот помеѓу работа и приватниот живот

Хибридниот начин на работа овозможува помалку време потрошено на патување до работа, што води до подобрување на балансот помеѓу работа и приватниот живот. Ова може да им помогне на вработените да се посветат на своите лични интереси и односи, што повторно може да им помогне да бидат посветени и продуктивни на работното место.

  • Намалување на трошоците за компаниите

За компаниите, хибридниот начин на работа може да резултира со значително намалување на трошоците поврзани со изнајмување на канцеларии и оддржување на инфраструктура. Помалку работни места во канцелариите значи помалку трошоци за комунални услуги и опрема.

  • Подобрување на продуктивноста 

Многу вработени се забележува дека се подобро концентрираат и се посветени на работата кога работат од дома. Бидејќи немаат директни прекини од колегите или други дистракции во канцеларијата, нивната продуктивност може да се зголеми.

  • Подобрување на задоволството на вработените

Хибридниот начин на работа може да ги задоволи потребите на вработените за поголема контрола и автономија во нивната работа. Ова може да доведе до поголемо задоволство кај вработените и подобрување на нивната ретенција во компанијата.

Хибридниот начин на работа нуди многу предности како за компаниите, така и за вработените. Со правилно планирање и управување, овој модел може да биде успешен и да допринесе кон подобро задоволство на вработените и постигнување на бизнис целите.

Промовирани огласи »

Проектот „Иднината Почнува Дома“ – е иницијатива на ТИРЗ и Стопанската Комора кој има за цел да поддржи индивидуалци кои како едни од многуте меѓу нас, се истакнуваат во своите области на делување, прават позитивна разлика и работат посветено како важни делови од обликувањето на иднината на нашата нација.

Голема чест и гордост ни претставува дека еден меѓу десетте номинирани, од Стопанската Комора, е Бјанка Катру, која веќе осум години е дел од Финансиското друштво М Кеш. Бјанка, со својата преданост и ангажираност, не само што ја остварува својата професионална кариера во финансиската област, туку и воведува нови начини на размислување и пристап кон проблемите.

Нејзината вклученост во заедницата е  вистинска инспирација за сите нас, бидејќи вистинскиот напредок и развој започнува со индивидуалните напори и ангажмани на луѓето како што е Бјанка. Нека продолжи да нè мотивира и да биде пример за сите нас да ги следиме своите соништа и да работиме со цел да го оствариме својот потенцијал.

Сите номинирани, вклучувајќи ја и Бјанка, претставуваат златен стандард на посветеност, интегритет и преданост кон своите области на делување. Нивните приказни се вистински извор на инспирација за сите нас, и нека нивните примери нè поттикнуваат да работиме заедно и да го оствариме нашиот заеднички потенцијал за напредок и развој.

Промовирани огласи »

Имаме 19.240 млади невработени, а бизнисот не знае како да најде работници.

По над 10.000 има само во три градови, Скопје, Тетово и Куманово, пишува Порталб.мк. Освен во наведените три градови, „младинската“ невработеност е највидлива и во Гостивар и во Прилеп каде се регистрирани и најголем број на невработени до 29 години. Од вкупниот број невработени, 18,2 отсто се млади од 15 до 29 години.

Најновите податоци од Агенцијата за вработување, покажуваат дека на крајот на 2023 година официјално, како активни баратели на работа (невработени) на возраст од 15 до 29 години се регистрирани 19.240 лица што претставува 18,2 отсто од вкупниот број на невработени. Но, дополнително во Агенцијата се регистрирани уште 47.300 лица како „пасивни“ баратели на работа во кои повторно се појавуваат млади лица, но возрасната структура на оваа група невработени не е објавена.

Промовирани огласи »

Загревањето на домовите со топлинска енергија произведена од когенеративни постројки е значително поефикасно решение за Скопје. Споредено со сега, кога голем дел од топлината се произведува од „Исток“ и „Запад“, топлани кои од повеќе причини се помалку ефикасни.

За да се подобри состојбата во енергетскиот сектор, да се намали зависноста од увоз, но и да се обезбеди можност за проширување на мрежата со парно во Скопје, како и пониски цени за граѓаните, ќе се гради нова гасна когенеративна постројка. Стратешки инвеститор во овој проект е меѓународната компанија „Митилинеос“, чии што досега изградени проекти се со вкупен капацитет од 14.000 мегавати. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, во интервју за „Слободен печат“,потврдува дека на земјава ѝ се потребни сериозни инвестиции во енергетиката.

Јавно предлагам, истите услови, истата формула што важи и за „Митилинеос“, да важи за македонски компании, а и за нашата државна ЕСМ ако сака да гради. Јас ќе побарам и средба со Стопанската комора за да се договориме – каде ни требаат когенеративни постројки, колку треба да поставиме дополнителен капацитет.

Само за две години ние имаме 5.000 нови станбени објекти што се приклучени на системот на топлинска енергија. Потоа, топлинска енергија може да се даде на некои индустриски капацитети што имаат потреба. Може да се даде на земјоделски капацитети за раноградинарско производство, каде што се греат на дрва или мазут, па прават загадување. Значи, има потреба од дополнителен капацитет. Доаѓаат две реномирани компании што се појавуваат и на сериозни берзи во светот. Да дадеме можност во Македонија да има нови инвестиции – вели Бислимоски.

Освен што може да донесе заштеди за домаќинствата, приклучувањето на повеќе домови во системот на парно во Скопје ќе помогне да се намали загадувањето. Моментно, согорувањето биомаса, односно загревањето на домовите со дрва, е најголемиот засебен извор на загадување на воздухот во Скопје. Ова го потврди извештајот од научното истражување на лабораторијата AMBICON.UGD и Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип.

Студијата беше објавена во научното списание Environmental Modeling & Assessment. Во текот на истражувањето, кое што траело цела година, били следено нивото на најситните, ПМ 2.5 честички, во воздухот. На две локации во Скопје, за 32 отсто (Ново Лисиче) и за 33 проценти (Карпош) од загадувањето причината било согорувањето биомаса. Овие вредности се просечни и се однесуваат за целата година, но ако се има предвид дека загревањето со дрва е сезонско, тој обем е уште поголем во зимските месеци, заклучуваат истражувачите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »