Промовирани огласи »

Сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Северна Македонија, денеска и утре ќе биде во прекин поради 48-часовниот штрајк на грчките царинските службеници, а извори од Федерацијата на цариниците за МИА од Атина рекоа дека граѓаните кои во овие два дена планирале да патуваат во Грција, добро ќе биде да го одложат нивното патување.

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независна управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк на 2 и 3 април, а од Синдикатот на вработени во јавниот сектор преку соопштение изразија поддршка за штрајкот.

Поради дводневниот штрајк на цариниците се очекува целосно да биде во прекин сообраќајот на граничните премини од и кон Грција за товарните возила и секаков вид пратки, а истото ќе важи и за автомобилите.

Извори од Федерацијата на царински службеници на Грција за дописничката на МИА од Атина објаснија дека постои конкретен протокол и договор што точно се предвидува во случај на штрајк на цариниците.

За товарните возила постојат исклучоци доколку се пренесуваат пратки што поради чувствителноста мора веднаш да бидат пренесени, а за автомобилите доколку станува збор за пациенти кои итно заминуваат на лекување.

Истите извори велат дека добро ќе биде граѓаните да избегнат патувања во Грција додека трае штрајкот.

Единствено дозволено ќе биде пеш да се помине границата, иако не е исклучена можност во случај да се создадат колони автомобили да има повремено пропуштање, меѓутоа чекањето би било со часови.

Од грчката амбасада во Скопје преку официјалната Фејсбук страница во петокот соопштија дека „Федерацијата на царинските работници на Грција најави 48-часовен штрајк во сите царински испостави во земјата на 2 и 3 април 2024 година“ и ги повикаа сите заинтересирани страни „да се погрижат да бидат навреме информирани за работата на секоја царинска испостава, пред нивното пристигнување на граничниот премин“.

Од царинската управа вчера информира дека поради штрајкот на граничните премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија – Ники товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин, освен за расипливи стоки.

Според ЦУ, која се повикува на информациите добиени од амбасадата на Република Грција во Скопје, патничкиот сообраќај ќе биде дозволен периодично (не е познат точен распоред), но се советуваат патниците да избегнуваат движење преку овие гранични премини во овој период. 

Промовирани огласи »

Иако можеби изгледаше незамисливо криптовалутите да влезат во традиционалниот банкарски систем, тоа сепак се случи. Имено, во една европска земја е можно да се плаќаат даноци со криптовалути. Тоа е Швајцарија, која сега дефинитивно води во трката за воведување на криптовалути во традиционалните банкарски системи.

Или ќе се прилагодиш или ќе умреш - тоа е мантрата ширум светот кога станува збор за усвојувањето на дигитализацијата, вклучително и криптовалутите, од традиционалните банки, пишува Euronews.

И Европа води во глобалната трка во моментов, со Швајцарија на врвот, и не само поради фактот што некои нејзини жители сега можат да плаќаат за кафе користејќи криптовалути, туку и даноци. Еуроњуз потсетува и дека од 1 јануари 2025 година ќе стапи на сила регулативата за крипто-средства (MiCAR), така што ќе биде полесно да се следат трансакциите и од тој ден давателите на услуги мора да го добијат името на оној што испраќа и оној кој добива крипто средства, без оглед на износот што се пренесува.

Европа стана еден од лидерите овде, особено кога зборуваме за оваа регулација на крипто средствата - рече Илја Волков, член на одборот на Здружението Crypto Valley на симпозиумот на невладината организација Web3 во Женева.

Симпозиумот ги собра претставниците на традиционалните и дигиталните банки и давателите на блокчејн услуги за да разговараат за усвојувањето на технологијата и криптовалутите.

А на прашањето дали биткоинот може да заврши на обична банкарска сметка, Волков одговори - сигурно.

Клиентите на традиционалните банки веќе ги прашуваат за пристап до криптовалути - рече Волков, објаснувајќи дека еволуцијата на оваа технологија е слична на преминот од плаќање со кредитни картички кон плаќање на Apple или Google.

Волков рече дека оваа технологија ќе стане не само очекувана, туку и потребна за корисниците на традиционалните финансиски институции.

Мислам дека тоа е многу важно, бидејќи е потранспарентно и поисплатливо - рече тој, зборувајќи за тоа како технологијата зад криптовалутите, наречена блокчејн, е децентрализирана.

Тие работат надвор од воспоставените финансиски системи и не се врзани за материјални средства како злато или со нив управуваат централни финансиски институции. Сепак, како резултат на тоа, криптовалутите имаат тенденција да бидат понестабилни од традиционалните валути.

ЗАШТИТА НА ИМОТ

Ова значи дека не и се потребни посредници, што ги намалува трошоците, додека криптографијата во блокчејнот - мрежата на компјутери што се користат за водење евиденција на трансакциите - се гледа како гаранција за заштита на имотот на клиентите.

Пазарната капитализација на криптовалутите неодамна се искачи на повеќе од 2,6 трилиони долари (2,4 трилиони евра) ширум светот, што е приближно половина од номиналниот БДП на Германија.

Курир.рс.

Промовирани огласи »

Дојдете на нашиот штанд на кафенце и супер разговор за вашата иднина по завршувањето на студиите, како и за бенефитите на нашиот продукт MojaKARIERA на кариерниот ден организиран од UACS.

Со почеток од 10:00 во амфитеатар 1 ќе се одржи и кариерна работилница во склоп на која сите студенти ќе имаат шанса за се запознаат со MojaKARIERA картичката преку кратка презентација и простор за прашања. 

MojaKARIERA е алатка за побрзо вработување и пронаоѓање на пракси како и за апспектите како нашиот сервис може да помогне во подобрувањето на кариерниот развој на секој човек.

Имате две опции од MojaKARIERA картичката: MojaKARIERA BASIC и MojaKARIERA PRO 

Што добивате ако ја активирате MojaKARIERA картичката: 

Препорака кај компаниите! BASIC

Вашето CV ќе биде директно препорачано до компаниите за каде би соодејствувало. KARIERA.mk има одличен партнерски однос со многу компании од државава па така со ова вашата потрага по совршеното работно место ќе биде многу побрза.

Професионална проверка на вашето CV! PRO

Тимот на KARIERA.mk е составен од професионалци кои секојдневно прегледуваат огромен број на CV-а. Со купување на картичката добивате персонализирана проверка на вашето CV и сугестии за промени и корекции со цел ваше претставување во најдобро светло пред потенцијалниот работодавец.

Видео обука за вештини за вработување!

Сертификат за обуката! 

Стручни текстови и совети за кариерен развој!

Се гледаме на 5-ти со многу информации и позитивна енергија!

Промовирани огласи »

Од вчера, со стапувањето на сила на одлуката објавена во Службен весник, поскапува патната такса на наплатните пунктови на автопатот Егнатија во северна Грција.

Нови цени во просек се повисоки за 30 до 35 отсто од Игуменица на запад до границата со Турција кај Кипи на исток.

Патарината што е веднаш по границата при влезот во Грција од Македонија поскапува од 1,80 на 2,40 евра, патарината кај Аспровалта од 0,90 се зголемува на 1,20 евра, кај Кавала од 1,40 на 1,85 евра.

Единствено намалување на цените има на патарината кај Солун на пат кон Атина (од 1,20 на од 0,90) и на онаа кон Промахонас на границата со Бугарија (од 2 евра на 1,90).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »