Работната сила се сели во Алпите каде ќе бидат потребни 30.000 работници.
Се бараат готвачи, келнери, собарки, масери, козметичари.
Основно за сите овие кадри е да знаат да зборуваат германски јазик.
Најголема потреба од работници имаат Салзбург, Тирол и Ворарлберг.
Помал број на работници се бараат во Корушка и Штаерска.
Интересно е тоа што во Австрија потребата за работници во туризмот во зима и лето е иста.
Се работи шест дена во неделата, односно 54 часа, а висината на платата е од 1600 до 2000 евра.
За келнерите важно е да се напомене дека можат добро да заработат и од бакшиш.
За работниците има обезбедена храна и сместување. Ова за многумина ќе биде шанса да се усоврши јазикот, да се стекнат нови вештини и да се бара понатаму и подобра работа.