Промовирани огласи »

Хартии што мора да ги имате ако одите во Грција со автомобил

Еве кои документи се задолжителни, а кои е паметно да се има на граница.

Грција инфо ги наведува на едно место сите документи што мора да ги имате за патување во Грција.

За возење автомобил во Грција задолжително е да имате…

• Валиден пасош (за Грција мора да важи најмалку 3 месеци од датумот на планираното враќање)

• Возачка и сообраќајна дозвола

• Зелениот картон НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН во Грција

• Европски формулар за пријавување сообраќајна незгода

• Меѓународно овластување - жолт картон (доколку возилото не е регистрирано на ваше име) 

• Противпожарен апарат (минимум S 2 апарат од 2 kg)

• Здравствено патничко осигурување за бројот на денови што ги поминувате во странство (незадолжително, но се препорачува да го имате)

• Резервни очила во случај да имате фотографија со очила на вашата возачка дозвола (оваа регулатива важи само во Грција)

• Според одлуката на грчката влада од 2022 година, доколку престојувате во Грција помеѓу 1.10. и 1.04. задолжително е да имате зимски или за сите сезони гуми ИЛИ синџири за снег на вашиот автомобил.

Дали пробната возачка дозвола важи во Грција?

Тест возачката дозвола за категорија Б од Република Србија не важи во Грција.

Пред да патувате, проверете дали нема промени.

Ако патувате во Грција со автобус или авион

За патување во Грција со автобус или авион, потребно е да имате со вас:

• Валиден пасош (за Грција мора да важи најмалку 3 месеци од датумот на планираното враќање)

• Здравствено патничко осигурување за бројот на денови што ги поминувате во странство (незадолжително, но се препорачува да го имате)

• Родителска согласност за патување на малолетно дете во Грција доколку детето ја премине границата со еден родител или трето лице (важи за деца до 16 годишна возраст, постарите деца можат да ја преминат границата без никакви сертификати или овластувања)

Нова.рс

Промовирани огласи »

Хотелот „Мериот“ е луксузен хотел на плоштадот Македонија кој нуди традиција и искуство кое ќе го направат вашиот ден незаборавен.

Моментално вработува:

РЕЦЕПЦИОНЕР/ GUEST EXPERIENCE EXPERT
ТЕЛЕФОНИСТ (РАБОТА ВО СМЕНИ) / AYS AGENT (WORK IN SHIFTS)

ПОМОШНИК ВО СПА ЦЕНТАР/ SPA ATTENDANT
СОБАР/ HOUSEMAN
ГОТВАЧ/КА - COOK
ГЛАВЕН ГОТВАЧ - CHEF DE PARTIE
КЕЛНЕР ВО РЕСТОРАН (A ’LA CARTE)/ F&B SERVICE EXPERT (SPECIALTY RESTAURANT A ’LA CARTE)

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Драго ни е што можеме да објавиме дека Evgeni Yordanov SEO Expert со огромно искуство ќе ја води нашата претстојна SEO работилница!

Карти по Early bird цена можете да купите тука https://kariera.mk/events 

За влезници на фактура пишете на [email protected] или јавете се на 077 888 722

Со речиси 20 години професионално искуство, Евгени е главен говорник на многу меѓународни настани. Добитник на European Search Awards, тој е сертифициран content marketing professional од Northwestern University’s Medill School of Journalism, кој моментално е во процес на стекнување докторат. 

Евгени има работено на различни високи менаџерски позиции во неколку B2B старт-ап и агенции помагајќи им на брендовите ширум светот како што се Hilton Hotels & Resorts, Bayer, ORIFLAME, BNP Paribas, Jaguar, Efbet, MrBricolage, Foodpanda, John Deere итн. еден од двигателите што ги развива и негува младите претприемачи на Балканот со неговата менторска работа со StartUP Foundation и на настани како што се StartUp Weekend и Rockstart Answers. Тој е професор на DigitalPro, SerpAcad и International Business School. 

Оваа работилница е дизајнирана да им обезбеди на учесниците длабоко разбирање на принципите, стратегиите и најдобрите практики за оптимизација на пребарувачи (SEO). Учесниците ќе научат како да ги оптимизираат своите веб-страници за да ја зголемат видливоста, да го поттикнат органскиот сообраќај и да го подобрат рангирањето на нивните сајтови.

Ги покануваме сите дигитални маркетери, претприемачи и SEO ентузијасти да се здружат и да ги истражат најновите трендови од светот и да научат нови техники за подобро позиционирање на вашите е-продавници и воопшто веб-страници!

Early Bird влезниците веќе во продажба до 15.05.2024!

Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност да ги научите најновите SEO практики.

Купете карти ТУКА за нашата работилница и направете го првиот чекор кон создавање на совршено SEO за вашиот бизнис!

Промовирани огласи »

Неделава ќе има еден неработен ден за сите граѓани, додека вториот неработен ден е само за православните верници. 

Во среда ќе се слави Први Мај, додека во петок, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, се одбележува Велики петок и ќе биде неработен за православните христијани. 

Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ ги соопшти неработните денови за претстојните Велигднески празници. 

  • 1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија
  • 3 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија
  • 6 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честита престојните празници. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »