Промовирани огласи »

Успешно реализирана SEO работилницата How to get to #1 on Google search with SEO

Најдобрите SEO практики директно од Evgeni Yordanov SEO Expert

Денес на ден 21.05.2024 год. во Hotel Holidy Inn се одржа SEO работилницата предводена од Evgeni Yordanov SEO Expert во организација на KARIERA.mk 

Со речиси 20 години професионално искуство, Евгени е главен говорник на многу меѓународни настани. Добитник на European Search Awards, тој е сертифициран content marketing professional од Northwestern University’s Medill School of Journalism, кој моментално е во процес на стекнување докторат. 

Работилницата се состоеше од повеќе сесии низ кои се разгоараше за стратегиите на успешните компании и како да употребите SEO во вашите маркетинг стратегии како би помогнале за поголем раст на истите.

Компании кои испратија свои тимови на работилницата беа: Media House, Netcetera, PLYR Media, Ovation, Pikasa, Setec, Truckers Flow, Property One, IUTE Credit, Autoinstrument, Sloboden Pecat...

Погледнете дел од атмосферата и се гледаме на следната работилница!

Во прилог галерија од фотографии:

Тагови: Кариера Онлајн

Промовирани огласи »

Во чест на Денот на Човечките Ресурси, М Кеш организира успешен Отворен ден за вработување!

Во чест на Денот на Човечките Ресурси, М Кеш организира успешен - Отворен ден за вработување!

Со огромно задоволство и гордост ве известуваме дека на 20.05.2024 год., во чест на Денот на Човечките Ресурси, М Кеш и М Брокер организираа успешен Отворен ден за вработување!

Човечките ресурси се основен столб во секоја успешна работна организација. Секојдневно се соочуваат со предизвици и можности кои бараат креативност, воведување на промени и развој на стратегии за да одговорат на потребите на работната организација  и вработените, а воедно го обликуваат кадровскиот пејсаж, инвестираат во вработените, креираат и поддржуваат лидери и ги мотивираат вработените да бидат најдобра верзија од себе.

Овој ден не само што ни овозможи да го одбележиме значењето и влијанието на работата на одделот за човечки ресурси, туку го  искористивме и за да ги промовираме отворените работни позиции и условите и бенефитите кои ги нудат компаниите М КЕШ и М Брокер како работодавци.

Интересот и посетата од големиот број квалитетни кандидати и потенцијални наши вработени нè мотивира да продолжиме со посветеност кон креирање на квалитетна работна средина.

Им благодариме за интересот на сите кандидати кои не посетија и се надеваме на долгогодишна, успешна соработка со оние со кои го збогативме нашиот тим!

Честит ден на сите ЧР специјалисти, професионалци и посветени вработени во оваа област!

Тагови: MCash

Промовирани огласи »

„Мајската“ синдикална кошница чини околу 1.000 ерва за едно семејство

21.689 денари се потребни за едно четиричлено семејство да се нахрани и тоа се 36,1% од вкупниот буџет.

Сојузот на синдикати на Македонија ја објави минималната кошница за месец мај.

ССМ бележи пад од 122 денари на синдикалната кошница, но сепак за да се помине месецот потребни се 60.090 денари.

Најмногу пари месечно одат за храна и пијалаци. 21.689 денари се потребни за едно четиричлено семејство да се нахрани и тоа се 36,1% од вкупниот буџет.

За облека и обувки потребни се 4.928 денари или 8,2% од буџетот. За режиски трошоци на едно семејство му се потребни 6.014 денари или 10% од вкупниот буџет. 

Промовирани огласи »

Топ 5 совети како да мотивирате успешен работен тим

Работната мотивација е клучен аспект за успешното функционирање на работното место

Работната мотивација е клучен аспект за успешното функционирање на работното место. Во својата суштина, мотивацијата на работното место се состои од сет на фактори кои ги поттикнуваат вработените да ги постигнат своите цели и да ги извршат своите задачи со задоволство и преданост.

Еве пет совети за мотивирање на успешен работен тим:

  • Стимулирајте тимско добредојде

Изградете култура на соработка и взаемна поддршка каде што секој член на тимот се чувствува важен и поттикнат да сподели свои идеи и придонеси кон заедничките цели.

  • Поставете јасни и реални цели

Одржавајте ги целите на тимот јасни, конкретни и реални. Кога членовите на тимот ќе ги разберат своите очекувања и како нивната работа ќе допринесе кон постигнувањето на целите, тие ќе бидат поддржани за активно да се вклучат во процесот.

  • Признајте ги и наградете ги постигнувањата

Признавањето на успешните постигнувања и напорите на членовите на тимот е клучно за нивното мотивирање.

  • Поддржувајте го развојот на вештини и напредокот

Понудете можност за обука, развој на вештини и кариерен напредок на членовите на тимот. Кога луѓето ќе ги видат можностите за личен и професионален развој, нивната мотивација ќе се зголеми.

  • Изградете позитивна работна средина

Креирајте атмосфера на поддршка, почит и воведеност во работната средина. Луѓето се мотивирани кога се чувствуваат дел од заедницата каде што се работи со воведеност и интегритет.

Само кога работното место ги задоволува овие потреби на своите вработени, може да се постигне високо ниво на мотивација и ангажираност, што во крајна рака допринаесува за успешноста на компанијата.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »