Канада ќе го олесни пристапот до канадското државјанство за оние со постојано живеалиште во државата со амандман на Законот за имиграција, кој треба да стапи на сила на 11 октомври, соопшти канадската влада.
Со промените се предвидува намалување на должината на задолжителниот престој на канадска територија.
Со законот беше предвидено, постојани жители да живеат на територијата на Канада четири последователни од шест години, за да имаат право да поднесуваат документи за државјанство. Сега со промените, тој рок е намален на три последователни години од пет, за да можат да побараат канадски пасош. За овој период, жителите со постојано живеалиште, мора да докажат дека ги пријавувале приходите.
- Целта на тие промени е да се отстранат ограничувањата и пречките за лицата со постојан престој, рече министерот за имиграциски прашања Ахмед Хусеин. Тој истакна дека, владата сака сите постојани жители во Канада да станат канадски граѓани.