Промовирани огласи »

Премиерот Зоран Заев, денеска прими во посета претставници на информатичката и телекомуникациска компанија HUAWEI од Кина.

Претставниците на компанијата изразија отворен интерес за интензивна соработка во сферата на развојот на информатичкото општество и новите информатички технологии во Република Македонија.

Тие го запознаа премиерот со потенцијалите на компанијата, како на глобално така и на локално ниво, и ја потенцираа подготвеноста да ги имплементираат своите планови и во насока на локалниот развој во земјава, преку инвестициските и иновативни стратегии на компанијата.

Ние имаме голем интерес и желба да го модернизираме нашето општество, за што постои голема мотивација во целата влада. Ова може да биде одлична прилика да го отпочнеме тој процес на едно повисоко рамниште – истакна премиерот Заев на средбата.

Премиерот во оваа прилика ги поздрави нивните намери и елан за понатамошно вложување во развојни капацитети во Македонија и ги охрабри таквата нивна намера да почнат да ја реализираат преку интензивирање на комуникацијата со Владата на Република Македонија, но и со локалните самоуправи во земјава.

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи објави дека во согласност со Законот за изменувањето на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, со кој се укинува радиодифузната такса, ќе прекине со достава на решениија за утврдување на оваа јавна давачка.

Но, од УЈП апелираат граѓаните и фирмите што имаат обврска за плаќање на оваа давачка да ги исплатат сите заостанати долгови за периодот јанури 2011 година заклучно со септември 2017 година.

Промовирани огласи »

Канада ќе го олесни пристапот до канадското државјанство за оние со постојано живеалиште во државата со амандман на Законот за имиграција, кој треба да стапи на сила на 11 октомври, соопшти канадската влада.

Со промените се предвидува намалување на должината на задолжителниот престој на канадска територија.

Со законот беше предвидено, постојани жители да живеат на територијата на Канада четири последователни од шест години, за да имаат право да поднесуваат документи за државјанство. Сега со промените, тој рок е намален на три последователни години од пет, за да можат да побараат канадски пасош. За овој период, жителите со постојано живеалиште, мора да докажат дека ги пријавувале приходите.

- Целта на тие промени е да се отстранат ограничувањата и пречките за лицата со постојан престој, рече министерот за имиграциски прашања Ахмед Хусеин. Тој истакна дека, владата сака сите постојани жители во Канада да станат канадски граѓани.  

Промовирани огласи »

Телеком Австрија донесе одлука сите свои брендови да ги обедини под едно име „А1“ со цел да дојде до унифицирање во сите земји каде има мобилни оператори. А1 е името кое е одбрано бидејќи го претставува мобилниот оператор во Австрија кој има добиено најдобри оценки, па токму таа доверба на корисниците и позитивниот впечаток треба да ги засили и останатите оператори вклучувајќи го и македонскиот Вип. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »