Српските лекари-специјалисти земаат плата од 1.100 евра, а Романците за истата работа добиваат 4.000 евра.
Претседателката на Сојузот на лекари и фармацевти на Србија, Горица Ѓокиќ, за Демостат објаснува дека тоа што заработувачката на српските лекари го надминала просекот не е одраз на нивната висока плата, а основната плата на лекарите е ниска, најниска во регионот.
„Во последните десет години заминале над 6.000 доктори на медицина, неколку стотици доктори по стоматологија и фармацевти“, вели Ѓокиќ за Демостат, пренесува Н1.
Во Романија, лекар специјалист во таа земја заработува 4.000 евра, а супспецијалист 7.000, а медицинска сестра или техничар околу 1.700 евра, пишува Демостат.
Специјалистите во Македонија добиваат околу 1.500 евра, во БиХ, Албанија и Бугарија околу 2.000, во Словенија од 2.000 до 3.000, а супспецијалистите одат до 4.000 евра, а во Хрватска лекар специјалист може да смета на 2.797 евра.
Слично е и во Црна Гора, каде специјалист има 2.500, а субспецијалист околу 3.000 евра.
Во Србија, општ лекар добива околу 900 евра, специјалист 1.100, супспецијалист околу 1.200, а медицинските сестри и техничарите во просек по 570.
foto freepik.com/Racool_studio