Промовирани огласи »

Наоѓањето работа брзо може да биде предизвик, но со соодветен пристап и стратегија, тоа е можно.

Еве неколку чекори кои може да ви помогнат брзо да пронајдете работа:

  • Ажурирање на биографија и LinkedIn профил

Ажурирајте го вашиот CV: Вклучете ги најновите искуства, вештини и достигнувања.
Оптимизирајте го LinkedIn профилот: Ажурирајте го вашиот профил со точни информации и користете клучни зборови релевантни за позициите кои ги барате.

  • Истражување на пазарот

Идентификувајте ги потенцијалните работодавачи: Направете список на компании кои би сакале да работите за нив.
Проучете ги објавените позиции: Редовно следете ги огласите на интернет страниците за работа, LinkedIn и корпоративните страници на компаниите.

  • Активно аплицирање

Аплицирајте брзо: Аплицирајте веднаш штом ќе видите оглас кој одговара на вашите квалификации.
Персонализирајте го писмото за апликација: Прилагодете го мотивационото писмо за секоја апликација за да покажете зошто сте соодветни за конкретната позиција.

  • Користење на мрежи и препораки

Вмрежување: Контактирајте со професионални контакти, поранешни колеги и пријатели за можности.
Учествувајте на професионални настани: Присуствувајте на конференции, семинари и настани за вмрежување каде што можете да сретнете потенцијални работодавачи.

  • Корисење на агенции за вработување и платформи

Агенции за вработување: Регистрирајте се во агенции кои помагаат при пронаоѓање работа.
Онлајн платформи: Користете платформи како што се LinkedIn, Glassdoor, Indeed, CareerBuilder и други за да пронајдете објавени позиции.

  • Подготовка за интервју

Подгответе се за интервјуа: Истражете ги најчестите прашања за интервју и подгответе уверливи одговори.
Практикувајте интервјуа: Практикувајте со пријатели или членови на семејството за да го подобрите вашиот настап.

  • Флексибилност и отвореност

Бидете флексибилни: Бидете отворени за различни типови на позиции, вклучувајќи договорни и привремени работни места.
Разгледајте различни индустрии: Ако сте отворени за промена на индустријата, ќе имате повеќе можности за вработување.

  • Континуирано учење

Надградување на вештини: Запишете се на онлајн курсеви или семинари за да ги подобрите вашите вештини и да останете конкурентни на пазарот.

Со комбинирање на овие чекори и доколку останете посветени и упорни, ќе ги зголемите вашите шанси за брзо наоѓање работа.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49 % во однос на одлуката од 3.6.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,892%, кај дизелот за 3,251%, кај екстра лесното масло за 3,433% и кај мазутот намалувањето е за 1,756%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,081%

Од 7.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 43,209 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат. 

Промовирани огласи »

Среќа, еуфорија, солзи, гнев, дебатирање во кафеана, коментирање на кауч и енергично навивање... сето тоа ќе го доживееме во вистинска смисла од 14 јуни до 14 јули, кога ќе се одржи најважната споредна манифестација на светот - Европското фудбалско првенство Еуро 2024. Светот ќе застане за фудбалерите и фудбалските фанови, но и не само за нив.

Веруваме дека веќе се организирате за ЕП 2024, но дали и вашиот дом е подготвен?

За целосно да уживате во овој спортски настан, треба да ја подготвите вашата домашна опрема за навивање. А за да не мора да се грижите за ништо, Нептун Македонија подготви непобедлива понуда на врвни ТВ уреди, за добар увид во најважните спортски моменти.

Одлучете мудро и што поскоро, бидејќи неверојатните попусти за најспектакуларното доживување траат само до 16 јуни!

Решете се за еден од новите телевизори што ќе ви донесе стадионско искуство за следење на играта. Нептун нуди уреди со напреден режим што совршено се прилагодуваат и го разбираат она што го гледате, трансформирајќи ја сликата за секој детал од теренот да го видите кристално јасно, како да сте таму. Новата ЕП 2024 понуда на телевизори во Нептун ќе ве „пренесе“ на теренот, во центарот на акцијата, со слика подеднакво совршена од секој агол. Резултатот - јасен преглед на секоја акција, секој шут и секој фаул каде и да седите во просторијата.

Во годината на фудбалот и годината на спортот воопшто, Дарко Панчев и Артим Шаќири, едни од најголемите македонски фудбалери на сите времиња, се вклучуваат во акцијата на Нептун за поддршка и култивирање на љубов кон овој високоинтензивен спорт, кој е повеќе од игра, и е глобален и социјален, културен феномен.

И двајцата се согласуваат во уверувањето дека фудбалот е најмалиот заеднички содржател во животот на многумина, сврзно ткиво и јазик што сите го разбираат.

А ние знаеме дека од 14 јуни, натаму, животот ќе застане во многу домови, а повеќето ќе калкулираат сè во однос на распоредот на натпреварите, бидејќи... сè друго може да почека.

Затоа посетете ја навреме веб-страната на Нептун или најблиската продавница, изберете го вашиот соиграч и обезбедете победа на домашен терен!

Промовирани огласи »

KARIERA.mk беше во посета и дружба на кариерниот ден во организација на АУЕ-ФОН унивезитет каде што учествуваа многу реномирани компании меѓу кој зема учевство и KARIERA.mk 

На самиот настан освен што имавме прилика да ги запозавме студентите со нашиот продукт, МојаКARIERA картичката, како и придобивките за истата, студентите освен добиените информации можеа и да се почестат и со КАРИЕРА кафе.

Што добивате ако ја активирате вашата МојаКАРИЕРА картичка: 

Препорака кај компаниите! BASIC

Вашето CV ќе биде директно препорачано до компаниите за каде би соодејствувало. KARIERA.mk има одличен партнерски однос со многу компании од државава па така со ова вашата потрага по совршеното работно место ќе биде многу побрза.

Професионална проверка на вашето CV! PRO

Тимот на KARIERA.mk е составен од професионалци кои секојдневно прегледуваат огромен број на CV-а. Со купување на картичката добивате персонализирана проверка на вашето CV и сугестии за промени и корекции со цел ваше претставување во најдобро светло пред потенцијалниот работодавец.

Погледнете дел од атмосферата, галерија од слики во прилог:

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »