Промовирани огласи »

KARIERA.mk беше во посета и дружба на кариерниот ден во организација на АУЕ-ФОН унивезитет каде што учествуваа многу реномирани компании меѓу кој зема учевство и KARIERA.mk 

На самиот настан освен што имавме прилика да ги запозавме студентите со нашиот продукт, МојаКARIERA картичката, како и придобивките за истата, студентите освен добиените информации можеа и да се почестат и со КАРИЕРА кафе.

Што добивате ако ја активирате вашата МојаКАРИЕРА картичка: 

Препорака кај компаниите! BASIC

Вашето CV ќе биде директно препорачано до компаниите за каде би соодејствувало. KARIERA.mk има одличен партнерски однос со многу компании од државава па така со ова вашата потрага по совршеното работно место ќе биде многу побрза.

Професионална проверка на вашето CV! PRO

Тимот на KARIERA.mk е составен од професионалци кои секојдневно прегледуваат огромен број на CV-а. Со купување на картичката добивате персонализирана проверка на вашето CV и сугестии за промени и корекции со цел ваше претставување во најдобро светло пред потенцијалниот работодавец.

Погледнете дел од атмосферата, галерија од слики во прилог:

Промовирани огласи »

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН АГЕНТ - СКОПЈЕ
MOBILE NETWORK INFRASTRUCTURE SPECIALIST (F/M/D) @ EUROTELESITES
SAP IT SPECIALIST
JUNIOR SALES ADVISOR - КАВАДАРЦИ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Започнување сопствен бизнис е голема одлука и може да зависи од различни фактори.

Еве неколку клучни аспекти кои треба да ги разгледате за да одредите дали е вистинското време за вас да започнете сопствен бизнис:

  • Лична подготвеност

Мотивација и страст: Дали сте доволно мотивирани и страствени за идејата? Ако сте подготвени да се посветите на вашиот бизнис на долг рок, тоа е добар знак.
Вештини и знаења: Дали имате потребните вештини и знаења за успешно водење на бизнис? Ако не, дали сте подготвени да ги научите или да ангажирате соработници со тие вештини?

  • Финансиска подготвеност

Стартен капитал: Дали имате доволно финансиски средства за да го започнете бизнисот и да ги покриете почетните трошоци? Може да размислите за различни извори на финансирање, како што се лични заштеди, кредити или инвеститори.
Финансиска сигурност: Дали имате доволно финансиски резерви за да го поддржите вашето лично живеење додека бизнисот не започне да генерира приходи?

  • Пазарни услови

Истражување на пазарот: Дали сте направиле детално истражување на пазарот? Дали постои побарувачка за вашиот производ или услуга?
Конкуренција: Каква е конкуренцијата во вашиот сектор? Дали можете да понудите нешто уникатно или подобро од тоа што веќе постои?

  • Стратегија и планирање

Бизнис план: Дали имате добро разработен бизнис план кој ги опфаќа вашите цели, стратегии, финансиски предвидувања и маркетинг план?
Ризици и предизвици: Дали сте свесни за потенцијалните ризици и предизвици кои можат да се појават и дали имате план за нивно управување?

  • Личен живот и поддршка

Поддршка од семејството и пријателите: Дали имате поддршка од семејството и пријателите? Нивната поддршка може да биде важна во текот на стресните периоди.
Време и енергија: Дали имате доволно време и енергија да се посветите на започнување и водење на бизнисот?

  • Промени во индустријата

Трендови и иновации: Дали постојат нови трендови или иновации во индустријата кои можете да ги искористите за вашето претпријатие?
Регулативи и законодавство: Дали сте свесни за релевантните закони и регулативи кои би можеле да влијаат на вашиот бизнис?

Ако поголем дел од овие аспекти се позитивни и сте сигурни во вашата одлука, тогаш можеби е вистинското време да започнете сопствен бизнис. Сепак, запомнете дека никогаш нема да постои совршен момент, и секогаш ќе има ризици и неизвесности кои треба да се земат предвид.

Промовирани огласи »

Изминативе неколку дена интензивно се зборува за првиот мултивендор настан кој ИТД ДИСТРИБУЦИЈА го резлизираше под името „Streamline your IT Future” на 30 и 31 мај, во хотел Изгрев, Струга.

Искрена благодарност и почит кон сите долгогодишни партнери и добавувачи искажа генералната менаџерка на ИТД Дистрибуција Биљана Шеновска.

“Нашата компанија во изминатите 17 години работење на македонскиот пазар, покажа дека гордо се носи со лидерската позиција како ИТ дистрибутер. Но, тоа задава дополнителни предизвици кои треба успешно да се реализираат  и да се оди чекор напред пред останатите, како би ја оправдале довербата на партнерите на кои ИТД им е прв избор за дистрибутер.

Сакам особен осврт да дадам на минатата 2023 година, кога портфолиото на ИТД освен со долгогодишните добавувачи се збогати и со значителна бројка на нови брендови.

На тој начин отпочна и нашата трансформацијата од “box moving”  во “value added” дистрибутер.

Нaсоката на проширување одеше во комерцијалниот сектор, тимот се зголеми, новите колеги се сертифицираа секој во свој домен и завземаа бренд позиции, додека техничкиот дел од тимот неуморно работеше за изготвување на комплетни решенија и услуги.

Со овој начин на работење покажавме дека тимот на ИТД умее да даде дополнителна вредност како дистрибутер, и да биде безрезервна поддршка на партнерите во нивните реализации.”

За поставеното ново ниво на делување како ИТ дистрибутер особено се заслужни нивните добавувачи долгогодишните Dell Technologies, IBM и Xerox, како и најновите во нивното семејство вендори: Check Point, Vertiv, Fortinet, Commvault и Gatewatcher.  

“Навистина ми е драго што се одлучивте за ИТД Дистрибуција како ваш партнер во регионот и немам дилема дека годините што ни претстојат ќе покажат особена разлика и бенефит за сите нас” истакна г-ѓа Шеновска

Настанот собра над 140 учесници, партнери и експерти од индустријата, кои имаа можност да се запознаат со најновите достигнувања во заштитата на податоците, сајбер безбедноста и вештачката интелигенција. Свои излагања и презентации имаа: индустриските гиганти Dell, IBM, Check Point, Commvault, Fortinet, Vertiv, Gatewatcher и Xerox - чија поддршка беше непроценлива. Посебно сме благодарни на нашите презентери и панелисти, за нивната експертиза и инспиративни дискусии, кои значително придонесоа за успешноста на настанот.

ИТД ДИСТРИБУЦИЈА ќе  ја продолжи својата мисија на промовирање иновации и врвни достигнувања во ИТ секторот. Веќе се во тек планови за идни настани кои ќе се надоврзат на успехот на „Streamline your IT future”

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »