Промовирани огласи »

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТЕСТ ТАБЛИ
ДОСТАВУВАЧ НА МАТЕРИЈАЛИ НА ПРОИЗВОДНА ЛИНИЈА
ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА СТИПЕНДИЈА
РАБОТНИК ВО ОДРЖУВАЊЕ ПРОИЗВОДНИ ТАБЛИ
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТЕСТ ТАБЛИ
PAYROLL OFFICER
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО – БИТОЛА
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО - СКОПЈЕ

Се уште невработени?! Сите останати огласи за вработување ќе ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек 1,17 % во однос на одлуката од 7.6.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 0,374 %, кај дизелот 3,697 %, кај екстра-лесното масло 4,097 % и кај мазутот намалувањето е 2,312 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,087 %.

Од 11.6.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС 95 – 80,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 82,00 (денара/литар)

Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 71,50 (денар/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 70,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 42,475 (денара/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,734 ден/кг и сега ќе изнесува 42,475 деари/кг. 

Промовирани огласи »

Барате работа? На 12. и 13. јуни сите патишта за вработување водат кон Teleperformance

Ако добро го зборувате германскиот јазик и сте во потрага по нова работа со натпросечна плата и одлични бонуси не пропуштајте ја шансата и дојдете на Деновите на отворени врати на 12 и 13. јуни (среда и четврток) од 09:00 до 19:00 часот во просториите на Teleperformance.

Teleperformance продолжува со проширување на својот тим во Македонија и активно бара познавачи на германскиот јазик кои се заинтересирани за работа и кариера во една од најголемите глобални компании во телекомуникациската индустрија.

Овојпат, компанијата организира Денови на отворени врати во Скопје на 12. и 13. јуни (среда и четврток) од 09:00 до 19:00 часот во просториите на Teleperformance во бизнис центарот на Дајмонд на Бул. Јордан Мијалков бр. 41 (линк за локација: https://maps.app.goo.gl/yCkSoLdwsRkgZYB67).

На овој настан, секој што добро го зборува германскиот јазик може да дојде и одблиску да се запознае со компанијата, а регрутерите уште веднаш ќе ги информираат за вработување оние кандидати чиешто ниво на познавање на германскиот јазик е доволно за извршување на работната позиција.

На овие кандидати веднаш ќе им биде понудено работно место, а доколку ја прифатат работата, ќе добијат и од 500 до 1.000 евра бонус за добредојде.

Што нуди Teleperformance?

Натпросечни плати и бонуси - компанијата нуди конкурентни плати и бонуси за своите вработени кои се над просекот во индустријата.

Можности за кариера – Teleperformance нуди безброј можности за кариера и напредување во локални и меѓународни рамки.

Платена обука од прв ден – сите кандидати имаат договор за вработување и платена обука од првиот ден.

Германски стандарди за работа – одлична работна атмосфера во ултра модерни канцеларии во срцето на Скопје.

Не сте од Скопје?

За кандидатите надвор од Скопје, Teleperformance нуди и можност за работа од дома, од кое било место во Македонија. Ако зборувате германски јазик, се што треба да направите е да аплицирате на www.TPSkopje.com.

Teleperformance е најголемата глобална компанија за кориснички услуги која нуди извонредни можности за кариера. Компанијата брои повеќе од 500.000 колеги во 100 земји ширум светот со над 40 години традиција. Teleperformance котира на Euronext берзата во Париз, дел е од Global Compact иницијативата на ОН и е сертифициран од Great Place to Work®.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk oвој викенд заедно со East Gate Mall го изреализирa одличниот настан КАРИЕРА DAYS!

Одлична дружба која траеше 3 денови во East Gate Mall, каде повеќе од 25 компании земаа учество и ги преставија своите компании.

Меѓу нив се најдоа: Kariera.mk, Kemet, Serafimov Group, Ecomwise, Нептун, Lidl, Teleperformance, Inditex, Sport Vision, Витанова, Safe Life, Фероинвест / Брако, Lear, HiTech Assembly Centar, EVN, Makstil, Marriott, Croatia Osiguruvanje, Sport Life, Kam, Ad  Value, Servis Makedonija, Zito Marketi, Evrotip/ Gold Slot, Admiral, Fashion Group.

Исто така на штандот на KARIERA.mk имавте можност да се запознаете со нашиот продукт MojaKARIERA која нуди многу поволности доколку сакате побрзо вработување.

Забавниот дел се соостоеше КАРИЕРА ТРКАЛО НА СРЕЌАТА каде секое поле беше добитно, а за најсреќните имаше и специјална награда! КАРИЕРА кафето секако беше дел од нашиот штанд каде љубопитните минувачи освен добиените информации и бенефиции за вработување можеа да се послжат со кафе и КАРИЕРА чоколатца.

Во иднина се гледаме во поголем број, со повеќе активности и многу повеќе компании каде би можеле да станете дел од нивните тимови во иднина!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »