Барате работа? На 12. и 13. јуни сите патишта за вработување водат кон Teleperformance
Ако добро го зборувате германскиот јазик и сте во потрага по нова работа со натпросечна плата и одлични бонуси не пропуштајте ја шансата и дојдете на Деновите на отворени врати на 12 и 13. јуни (среда и четврток) од 09:00 до 19:00 часот во просториите на Teleperformance.
Teleperformance продолжува со проширување на својот тим во Македонија и активно бара познавачи на германскиот јазик кои се заинтересирани за работа и кариера во една од најголемите глобални компании во телекомуникациската индустрија.
Овојпат, компанијата организира Денови на отворени врати во Скопје на 12. и 13. јуни (среда и четврток) од 09:00 до 19:00 часот во просториите на Teleperformance во бизнис центарот на Дајмонд на Бул. Јордан Мијалков бр. 41 (линк за локација: https://maps.app.goo.gl/yCkSoLdwsRkgZYB67).
На овој настан, секој што добро го зборува германскиот јазик може да дојде и одблиску да се запознае со компанијата, а регрутерите уште веднаш ќе ги информираат за вработување оние кандидати чиешто ниво на познавање на германскиот јазик е доволно за извршување на работната позиција.
На овие кандидати веднаш ќе им биде понудено работно место, а доколку ја прифатат работата, ќе добијат и од 500 до 1.000 евра бонус за добредојде.
Што нуди Teleperformance?
Натпросечни плати и бонуси - компанијата нуди конкурентни плати и бонуси за своите вработени кои се над просекот во индустријата.
Можности за кариера – Teleperformance нуди безброј можности за кариера и напредување во локални и меѓународни рамки.
Платена обука од прв ден – сите кандидати имаат договор за вработување и платена обука од првиот ден.
Германски стандарди за работа – одлична работна атмосфера во ултра модерни канцеларии во срцето на Скопје.
Не сте од Скопје?
За кандидатите надвор од Скопје, Teleperformance нуди и можност за работа од дома, од кое било место во Македонија. Ако зборувате германски јазик, се што треба да направите е да аплицирате на www.TPSkopje.com.
Teleperformance е најголемата глобална компанија за кориснички услуги која нуди извонредни можности за кариера. Компанијата брои повеќе од 500.000 колеги во 100 земји ширум светот со над 40 години традиција. Teleperformance котира на Euronext берзата во Париз, дел е од Global Compact иницијативата на ОН и е сертифициран од Great Place to Work®.