Промовирани огласи »

Вредноста на синдикалната минимална кошница (СМК) за јуни изнесува 60.325 денари и е зголемена за 235 денари споредено со синдикалната минимална кошница за минатиот месец кога изнесуваше 60.090. Со изнајмен стан од 60 квадрати за јуни изнесува 75.700 денари. Вредноста на СМК за јуни 2024 година во однос на јануари годинава кога изнесуваше 57.163 денари зголемена е за 3.162 денари односно за 5,5 проценти.

За храна и пијалаци синдикалната кошница во јуни годинава изнесува 21.952 денари што е 36,4 проценти од вкупната СМК и во споредба со јануари кога изнесуваше 21.007 денари зголемена е за 945 денари. За образование со синдикалната кошница за јуни се предвидени 7.022 денари (11,2 проценти), за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.014 денари (10 проценти), за облека и обувки 4.962 (8,2 проценти), транспорт 4.871 (8,1 проценти), рекреација и култура 4.378 (7,3 проценти), ресторани и хотели 3.890 денари (6,4 проценти), лична хигиена и одржување на хигиена .827 денари, здравје 1069 денари (1,8 проценти) и за останати стоки и услуги 1.100 денари (1,8 проценти).

Промовирани огласи »

Во време кога глобалната економија се соочува со непредвидливи предизвици, потрошувачките навики на граѓаните стануваат важен показател за економската стабилност и приоритетите на домаќинствата. Според последните истражувања, Македонците трошат околу 40% од своите приходи на храна, додека Грците трошат околу 20%.

Оваа разлика не само што ја отсликува различната економска состојба на двете земји, туку ја истакнува и различноста во нивните култури. Во Македонија, значителен дел од буџетот се троши на основни животни потреби, а во Грција има успех во намалувањето на трошоците за храна, а тоа е резултат на подобрените економски услови.

Интересно е да се забележи дека, и покрај економските тешкотии, Македонците не се откажуваат од цигарите и алкохолот, на кои трошат просечно 4% од своите приходи. Исто така, трошат пари во ресторани, кафулиња и хотели, околу 3.6%, додека многу помалку се троши на култура и рекреација – само 1.8%. Ова покажува дека, и покрај финансиските ограничувања, Македонците сè уште ги ценат социјалните интеракции и уживањето во животот. Споредбата со Грција открива дека, иако се соочуваат со свои економски предизвици, грчките домаќинства успеале да ги оптимизираат своите трошоци, што им овозможува поголема флексибилност во распределбата на приходите, објаснуваат економистите.

Овие податоци не само што ја покажуваат различната економска ситуација во која се наоѓаат Македонија и Грција, туку нудат и увид во културните и социјалните разлики кои влијаат на начинот на живот на нивните граѓани. Додека Македонците продолжуваат да трошат значителен дел од своите приходи во основните потреби, Грците покажуваат тенденција кон поголема економска ефикасност и променети потрошувачки навики.

Промовирани огласи »

РКЕ донесе нова одлука за цената на горивата од полноќ.

Цената на бензините и дизелот остануваат исти, а „мазутот“ поскапува 1,2 денар.

  • Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 81,00 (денар/литар)
  • Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 83,00 (денари/литар)
  • Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 74,00 (денари/литар)
  • Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,00 (денари/литар)
  • „Мазут М-1 НС“ – 45,680 (денари/килограм) 
  •  

Промовирани огласи »

Македонскиот главен град, Скопје, се најде на 198-то место на листата најскапи градови за живеење во светот, според најновото рангирање на американската консултантска компанија „Мерсер“. 

Хонгконг ја задржа титулата најскапо место за живот и престој – на светско ниво, во истражувањето на „Мерсер“ за 2024 година. Топ-листата беше објавена во понеделникот, па кинескиот град, исто како и во 2022. и 2023 година, и овојпат го зазеде местото број 1., додека пак, Сингапур е на второто место.

Најголем дел од првите 10 најскапи градови за живеење се во Швајцарија – Цирих, Женева, Базел и Берн, кои се наоѓаат на третото, четвртото, петтото и шестото место.

Извештајот испита 226 градови врз основа на компаративните трошоци за над 200 предмети на секое место, земајќи ги предвид цените за превоз, храна, облека, предмети за домаќинството и забава. Така, Њујорк е најскапиот град во САД, и го зазеде место бр. 7 на листата. Главниот град на Велика Британија, Лондон беше рангиран на 17-то место минатата година, а сега е на бр. 8. Насау, на Бахамите, е на деветтото место, а Лос Анџелес ги заокружува првите 10 градови.

Според наводите, високите цени за станови и зголемените трошоци за превоз, стоки и услуги се меѓу причините поради коишто трошоците за живот во овие градови се особено високи. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »