Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87 % во однос на одлуката од 15.7.2024 година.

Од 23.7.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 45,757 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

  • Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.
  • Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,152 ден/кг и сега ќе изнесува 45,757 ден/кг.
  • Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.7.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,117%, кај дизелот 2,267%, кај екстра лесното масло за 1,097% и кај мазутот намалувањето е за 2,368%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,781% .

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикатите на Македонија објави дека минималните трошоци во јули изнесуваат 60.570 денари и споредбено со јуни зголемени се за 245 денари.

Ако на ова се додаде и изнајмен стан од 60 квадрати кој влегува во новата методологија на пресметка на синдикалната кошница тогаш трошоците се зголемуваат на речиси 76 илјади денари.

Најмногу пари се потребни за храна за што во јули за основните потреби биле потребни 22.008 денари, додека за режиски трошоци биле потребни 6.014 денари.

Промовирани огласи »

Неделава стартува исплатата на повратот на ДДВ.

Имено, веднаш по назначувањето на нов директор во УЈП е формирана Комисија за унапредување на процесите за ДДВ. Од причина што УЈП нема воспоставено централизирано управување со повратот на ДДВ кое ќе обезбеди конзистентност на анализите и пристапите на регионалните дирекции, исто така не користи систем за автоматско вкрстување на податоци за цели на анализа на ризици, а воедно во дел од регионалните дирекции не се пополнети работните позиции чија одговорност е одобрување на повратот на ДДВ, меѓу другите свои задачи, оваа Комисија направи детална анализа и издвои барања за поврат кои претходно биле одобрени, а за кои Комисијата процени дека има одреден степен на ризик и треба да се изврши инспекциска контрола кај даночните обврзници. За останатите износи, кои претходно биле одобрени и доставени за реализација, од следната седмица ќе се врши исплатата на повратот, наведуваат од УЈП. 

Додаваат дека враќањето на вишокот на влезниот ДДВ е легитимно право на даночните обврзници, но ДДВ повратот е подложен на злоупотреби и измами, какви што се случуваа во изминатиот период.

Со формирање на Комисијата започнуваме со редизајнирање на внатрешниот процес за управување со ДДВ во УЈП, почнувајќи од првиот чекор – регистрацијата за цели на ДДВ, со цел процесот да биде ефективен и во однос на заштита на буџетските приходи од злоупотреби и во однос на сигурноста на даночните обврзници кои точно пријавуваат и ги побаруваат средствата од вишокот влезен ДДВ. Паралелно преку Комисијата и надлежните единици во структурата во Генералната дирекција веќе отпочнуваме со централизиран мониторинг и координација на повратот на ДДВ, за да може од прв ден да обезбедиме унифицираност и конзистентност во оперативното постапување во регионалните дирекции, велат од УЈП. 

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Генерали Инвестментс е основана во 2008 година под името КД Фондови. Основниот бизнис е управувањето со средства, односно остварувањето на финансиски приноси во зависност од структурата на управуваните портфолија.

Моментално вработува:

ФИНАНСИСКИ СОВЕТНИК ВО ПРОДАЖБА

H&M е компанија водена од вредности која сака да биде предводник во создавање на поинклузивен свет. Придружете ни се во правењето на стилот поодржлив и модата поинклузивна.

Моментално вработува:

VISUAL MERCHANDISER
DEPARTMENT MANAGER

Шпаркасе Банка АД Скопје како дел од Steiermärkische Sparkasse и Erste Group нуди целосен опсег на банкарски услуги за компании и приватни лица, стремејќи се да обезбеди висока ефикасност и доверливост на клиентите.

Моментално вработува:

СОРАБОТНИК ЗА РАЗВОЈ НА ПРОИЗВОДИ ЗА НАСЕЛЕНИЕ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2.

Моментално вработува:

РЕЦЕПЦИОНЕР
КОНТРОЛОР НА ЗАЛИХИ

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken.

Моментално вработува:

МЕНАЏЕР ЗА ОДРЖУВАЊЕ - ОДДЕЛ ЗА БЕЗАЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ

КАМ доо е најголем национален хард-дисконт и трговец-лидер во малопродажбата во Македонија. КАМ ги следи принципите на хард-дисконт: висок квалитет по ниски цени.

Моментално вработува:

РАКОВОДНИ ЛИЦА - КОЧАНИ
КАСИЕРИ- ВЕЛЕС
КАСИЕРИ – СТРУГА

Сите работни позииции на КАМ можете да ги најдете ТУКА.

Мак Аутостар дооел е генерален дистрибутер на повеќе брендови од автомобилската индустрија како што се: Mercedes-Benz патнички и комерцијални возила, автобуси, Setra, Evobus, Unimog, Rolls Royce, Mitsubishi Motors и Mitsubishi Fuso. Компанијата е сопственик на брендот Premium Used, фирма која се занимава со продажба и одржување на Mercedes-Benz користени возила.

Моментално вработува:

КОНСУЛТАНТ ЗА ПРОДАЖБА - КОМЕРЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО БИТОЛА
РЕФЕРЕНТ ЗА НАПЛАТА И КРЕДИТИРАЊЕ ВО ПРИЛЕП
ПЕРСОНАЛ ЗА РАБОТА НА КАСА И КРЕДИТИРАЊЕ ВО СКОПЈЕ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ШТИП

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »