Промовирани огласи »

SunPower, голем производител на соларни панели, објави дека поднесува барање за банкрот, очекувајќи да се продаде на конкурентот Solaria по резултатите од аукцијата за банкрот. Компанијата која некогаш помогна да се создаде авион напојуван од сончеви зраци, сега се соочува со сериозни проблеми.

Извршниот претседател Т.Ј. Роджерс изјави дека предложената трансакција со Solaria нуди значајна можност за клучните делови од бизнисот на SunPower да продолжат под ново сопствеништво, нагласувајќи дека извршниот директор на Complete Solaria ќе ја продолжи визијата на SunPower за резиденцијална соларна енергија.

SunPower, која некогаш беше најголемиот производител на соларни панели во САД, неодамна се соочи со проблеми поради високите каматни стапки и ослабената побарувачка предизвикана од инфлацијата. Компанијата исто така се соочи со финансиски проблеми и регулаторни истраги, што доведе до пад на акциите за повеќе од 90% оваа година.

Линк од оргиналната вест.

Промовирани огласи »

Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека идната недела ќе биде сончево и многу топло, кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

За утре се предвидува сончево и топло, во источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Промовирани огласи »

Македонците се на второто место во Европа по насобран гнев или лутина покажува овогодинешниот Глобален извештај за емоции на „Галуп“.

На листата, првото место го зазеде Турција, каде што 34 отсто од жителите секојдневно изразуваат одредена доза гнев. Македонците се втори, со 26 отсто од испитаниците кои изјавиле дека се чувствуваат лути во текот на денот. По нив следуваат Албанците и Црногорците (24 насто), а потоа и Шпанците (23 насто).

Од нашето опкружување, Бугарија, Србија и Косово се некаде при дното на листата, бидејќи меѓу 11 и 13 отсто од граѓаните од овие три земји изјавиле дека чувствуваат гнев во текот на денот. За Грците, таа бројка изнесува 21 отсто.

Земјите со најмал процент на гнев на дневна основа во Европа се Финска и Естонија (7 отсто), потоа – Португалија (8 насто), па следат Холандија и Хрватска (9 отсто).

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Аптив е глобална технолошка компанија која развива безбедни, незагадувачки и решенија поврзани со околината кои ја овозможуваат иднината на мобилноста. Присутни сме во 44 земји, меѓу кои и Македонија каде работиме во Скопје - Технолошко индустриска развојна зона, Бунарџик.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ЗАЛИХА НА МАТЕРИЈАЛИ (М/Ж)
ДОСТАВУВАЧ НА МАТЕРИЈАЛИ (М/Ж)
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ОБЈЕКТ И СИСТЕМИ
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА МАШИНИ ВО ПРОИЗВОДСТВО
ОПЕРАТОР ЗА ФИНАЛНА ДОРАБОТКА НА ГОТОВ ПРОИЗВОД (М/Ж)

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Моментално вработува:

АГЕНТ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР
АГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА
ПРОДАЖЕН АГЕНТ – СКОПЈЕ
SAP ABAP DEVELOPER
SAP BW SPECIALIST
NSOC SPECIALIST
ПРОДАЖЕН АГЕНТ - ШТИП

LUSH Macedonia - свежа рачноправена козметика.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО EAST GATE MALL И CITY MALL

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СТРУМИЦА
ПЕРСОНАЛ ЗА РАБОТА НА КАСА И КРЕДИТИРАЊЕ ВО СКОПЈЕ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО КОЧАНИ

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови.

Моментално вработува:

ДИГАЛКАР
ЛЕАР
МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР
ЕЛЕКТРИЧАР

Стокомак е ланец на дисконти продавници кој работи по концептот хард-дисконт.

Моментално вработува:

СОРАБОТНИК ЗА ЛОГИСТИКА И ЦАРИНА ВО СЕКТОР УВОЗ
КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ
ПРОДАВАЧ/КАСИЕР- КОЗЛЕ
СМЕТКОВОДИТЕЛ/КА

Гео Гас е основана 2011 година како приватна фирма за производство на минерален гас CO₂ и разновидни продукти од него.

Моментално вработува:

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР
ОПЕРАТИВЕН РАБОТНИК ВО ПОГОН ЗА ПРОИЗВОДТСВО НА CO2

Шпаркасе Банка АД Скопје како дел од Steiermärkische Sparkasse и Erste Group нуди целосен опсег на банкарски услуги за компании и приватни лица.

Моментално вработува:

МЕНАЏЕР ЗА ПРОЕКТНО ФИНАНСИРАЊЕ
СОРАБОТНИК – ДИЛЕР

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »