Кога некој ви каже да одите да работите во Америка, прво што ви падне на памет е реченицата па браво за него, ќе заработи пари, ќе го види светот, а и добро тој има некој таму сигурно. Секако дека еден од важните предуслови е да се снајдете во странство и добар ветар во грб е ако имате некој кој ќе ви помогне да се снајдете или кој ќе ви пружи сместување за почеток. Секако тогаш е многу полесно , бидејќи знаете каде и кај кого одите. Меѓутоа, има примери и од оние луѓе кои се снашле во некоја странска земја без никој од никаде народно кажано, со своите, 10 прсти така да се е работа на способност и снаодливост.
Додуша, не е баш и дека среќата не е важна, бидејќи на некој во животот работите им одат од рака, а на некој му е потребно многу да вложи труд и работа за да дојде до саканите резултати.
Во секој случај, без разлика на тоа длаи сакате да работите или студирате важно е да го изберете она што го сакате , бидејќи кога ја работите работата која ја сакате тогаш тоа не е работа, туку задоволство.
Исто така важно е да го студирате она што го сакате бидејќи тогаш ќе имате дополнителен мотив запишаните студии да ги завршите, стекнете искуство во областа која ве интересира а подоцна да станете познати и препознатливи во секторот.
Ако сепак не сте многу свртени кон теоријата и ве интересира многу повеќе праксата, а учењето ви оди од рака, тогаш не мислите дали испитите се најважна работа, потоа искористете го студирњето и за да го обиколите светот, да посетите некои земји, или кратко барем да работите надвор од матичната земја.
А токму работите кои ги овозможуваат „work and travel“ програмите се шанса која можеби е баш за вас.
Work and travel – работи, заработи ама и патувај
Добра шанса за стекнување заработка во текот на летна сезона се „work and travel“ програмите кои нудат вработувања на многу места.
Овие прилики се резервирани пред се за студенти,а освен што ќе добијат шанса да ја преживеат таканаречената американска авнатура, ќе можат и да стекнат практични знаења и усовршувања.
Овие програми се најчест избор на многу малди кои освен што имаат шанса да работат работи на касиер, помошен работник во кујна, или ќе дочекувате гости во хотел зависи од вашиот интерес.