Промовирани огласи »

Хрватскиот пратеник Горан Алексиќ на Фејсбук ги сподели впечатоците на Хрват кој заминал да работи во Исланд. 

Овој човек на Алексиќ детално му го опишал животот во оваа земја на северот од Атлантикот. 

Човекот се зачудил затоа што од платата не мора да плаќа придонеси, туку добива бруто износ. 

Исто така на Хрватот интересно му било тоа што во Исланд никој не плаќа со готовина. 

„Овде се цени работата, се плаќа работата, сите се среќни, срдечни. Овде нема шанси работодавецот да ве измами ниту за една круна. Главниот збор кога се во прашање работниците и работодавците го водат синдикатите. Платата се зема секогаш на први од месецот“ - раскажува тој. 

Додава дека после 20 години работен стаж се чувствува како ценет работник. 

Вели дека му било тешко да ја напушти Хрватска, но порачува дека политичарите конечно мора да направат нешто за добро на граѓаните. 

Промовирани огласи »

Кога некој ви каже да одите да работите во Америка, прво што ви падне на памет е реченицата па браво за него, ќе заработи пари, ќе го види светот, а и добро тој има некој таму сигурно. Секако дека еден од важните предуслови е да се снајдете во странство и добар ветар во грб е ако имате некој кој ќе ви помогне да се снајдете или кој ќе ви пружи сместување за почеток. Секако тогаш е многу полесно , бидејќи знаете каде и кај кого одите. Меѓутоа, има примери и од оние луѓе кои се снашле во некоја странска земја без никој од никаде народно кажано, со своите, 10 прсти така да се е работа на способност и снаодливост.

Додуша, не е баш и дека среќата не е важна, бидејќи на некој во животот работите им одат од рака, а на некој му е потребно многу да вложи труд и работа за да дојде до саканите резултати.

Во секој случај, без разлика на тоа длаи сакате да работите или студирате важно е да го изберете она што го сакате , бидејќи кога ја работите работата која ја сакате тогаш тоа не е работа, туку задоволство.

Исто така важно е да го студирате она што го сакате бидејќи тогаш ќе имате дополнителен мотив запишаните студии да ги завршите, стекнете искуство во областа која ве интересира а подоцна да станете познати и препознатливи во секторот.

Ако сепак не сте многу свртени кон теоријата и ве интересира многу повеќе праксата, а учењето ви оди од рака, тогаш не мислите дали испитите се најважна работа, потоа искористете го студирњето и за да го обиколите светот, да посетите некои земји, или кратко барем да работите надвор од матичната земја.

А токму работите кои ги овозможуваат „work and travel“ програмите се шанса која можеби е баш за вас.

Work and travel – работи, заработи ама и патувај

Добра шанса за стекнување заработка во текот на летна сезона се  „work and travel“ програмите  кои нудат вработувања на многу места.
Овие прилики се резервирани пред се за студенти,а освен што ќе добијат шанса да ја преживеат таканаречената американска авнатура, ќе можат и да стекнат практични знаења и усовршувања.
Овие програми се најчест избор на многу малди кои освен што имаат шанса да работат работи на касиер, помошен работник  во кујна, или ќе дочекувате гости во хотел зависи од вашиот интерес.

Промовирани огласи »

Тимот на КАРИЕРА.мк беше тотално вчудоневиден од снимките кои се прикажани во следното видео.

Откако ќе го погледнете, размислете дали нашиот краток живот вреди да се живее на овој начин со премногу стрес на секое поле од нашето функционирање.

Денес, е празничен слободен ден, гушнете ги најблиските и имајте супер ден исполнет со љубов и мир во домот.

Промовирани огласи »

Седумнаесет млади лица од социјално ранливи категории за првпат се вработиле со помош на менторство и кариерно советување, дел од проект за подобрување на социјалната инклузија преку вработување.

Најголем дел од нив се вработени во текстилната индустрија, индустријата за мебел, како и во трговијата како продавачи во прехранбениот сектор.

Проектот покажал дека менторството и кариерното советување е добар модел за полесно вклучување на овие лица на пазарот на труд и оти Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика треба да ги планираат како мерки за зголемување на вработливоста на овие категории млади. Се работело со млади од овие категории во четири градови, Скопје, Битола, Штип и Прилеп, а опфатени биле 108 млади лица.

За 17 од нив помогнавме да го основаат својот прв работен однос. Тоа покажува дека е неопходно менторство поддршка односно е потребен индивидуален пристап преку кариерно советување. Две од лицата кои се пратени на пракса за прв пат потпишаа и договор за трајно вработување, рече Зоран Илиески извршен директор на Коалицијата на младински организации СЕГА, која го спроведувала проектот, финансиски поддржан од ЕУ ИПА 4 Развој на човековите ресурси.

Обуката ја спроведувале 20 обучувачи, дел од центрите за социјална работа и граѓанскиот сектор кои директно работеле со младите лица.

Мариче Тренеска, социјален работник од Младинскиот информатицен центар, е еден од обучувачите.

Тешко е да се работи со оваа категорија млади лица, тие се затворен тип и немаат самодоверба да излезат на пазарот на трудот. Ние преку тестови, индивидуална работа и групни средби работевме заедно со нив да ги утврдиме квалитетите кои ги поседуваат и да се вработат, рече Тренеска на денешната завршна конференција на проектот „Подобрување на социјалната инклузија преку јакнење на вработливоста „Отворена врата – за младите од младите“.

Додаде дека се работело и на утврдување на квалитетите и афинитетите што лицата ги поседуваат надвор од нивното образование.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »