Промовирани огласи »

Мало гратче погодено од Ураган

Технолошкиот сектор пред колапс!

Малиот град Спрус Пајн во Северна Каролина, кој беше тешко погоден од ураганот Хелен, е единствениот значаен извор на високочист кварц во Америка, клучен за производството на полупроводници и соларни панели. Овој материјал е неопходен за создавање на силиконски чипови и фотонапонски соларни плочи, бидејќи нема други замени кои можат да го задоволат светскиот пазар.

Поплавите предизвикани од Хелен го уништија центарот на градот, а комуникациите и транспортните линии, вклучително и главната железничка линија, се сериозно оштетени, што го прекина снабдувањето со кварц. Прекинот на работата во рудниците и на транспортната инфраструктура би можел значително да го наруши глобалниот синџир на снабдување со микрочипови и соларни панели.

Иако производителите имаат краткорочни резерви на кварц, доколку прекинот во Спрус Пајн трае подолго, тоа ќе има сериозни последици за глобалното производство. Индустријата е свесна за зависноста од овој регион, но досега не се пронајдени други извори кои можат да го заменат висококвалитетниот кварц од Северна Каролина.

Промовирани огласи »

Новата генерација на A1 WayUp ја започнаа својата кариера во А1 Македонија

А1 Македонија четврта година по ред ги отвори вратите за младите таленти!

А1 Македонија четврта година по ред ги отвори вратите за младите таленти за да се стекнат со практично знаење и да добијат можност својата кариера да ја градат во рамките на компанијата и Групацијата А1. 

Оваа година, 8 практиканти својата кариера ќе ја градат во една од следниве области во дигиталниот свет: автоматизација, анализа на податоци и виртуелизација, Infrastructure & Cloud, технолошки сервиси и бизнис-маркетинг.

„Горди сме на големиот број апликации што ги добивме и оваа година за програмата. Тоа е доказ дека младите во А1 препознаваат напредна, модерна и стручна работна средина каде што можат да научат, да се градат во специјализирани области и секако да напредуваат во своите кариери. Се радуваме на новата генерација што ја очекуваат многу обуки и дигитални вештини за усовршување на веќе стекнатото знаење од факултетите од кои доаѓаат“, изјави Стефан Јовановски, директор за човечки ресурси и култура на А1 Македонија.

A1 WayUp е препознатлива програма, која нуди одлична можност за младите да почнат да го градат својот кариерен пат преку практично искуство и работа на реални проекти. Практикантите во А1 ќе имаат целосна поддршка од менторите и од тимовите, како и бенефиции еднакви на сите други вработени во компанијата. Покрај работа на конкретни и иновативни проекти, учесниците може да очекуваат обуки и ресурси за стекнување нови вештини и усовршување на постојните, обезбедувајќи континуиран раст и подготвеност за идните предизвици.

A1 Way Up е платена програма за практиканти и трае 6 месеци, со полно работно време од 40 часа, со можност за вработување и пред завршување на програмата. Избраните учесници, ги добиваат истите бенефити во поглед на учење, развој и погодности како и секој вработен на А1, а со тоа компанијата ја внесува добропознатата корпоративна култура на флексибилност, агилност, тимска работа и неограничени можности за учење и развој.

Тагови: А1 Македонија ДООЕЛ Скопје

Промовирани огласи »

Секое дете заслужува да расте со ЉУБОВ – хуманитарна кампања во НЕПТУН

Трета година по ред компанијата НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ја организира кампањата “ЗАОКРУЖИ СМЕТКА”

Трета година по ред компанијата НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ја организира кампањата “ЗАОКРУЖИ СМЕТКА” така што им овозможува на своите потрошувачи на лесен, брз и едноставен начин да можат да помогнат на оние кои им е најпотребно – децата без родителска грижа.

Во наредните три месеци од 01 октомври до 31 декември секој купувач ќе може да се приклучи во семејството поддржувачи на СОС Детско село - ќе може да ја заокружи својата сметка на каса и да донира со износ по свој избор во рамките на сметката.

Целта на оваа кампања е да се подигне свеста за потребата за поддршка на децата од оваа ранлива група и да се поттикне индивидуалното донаторство – секој граѓанин да има можност индивидуално да делува и да допридонесе  за сигурна иднина на децата без родителска грижа.

ЗАОКРУЖИ СМЕТКА ВО НЕПТУН И ДОНИРАЈ ЗА СИГУРНА ИДНИНА НА МЛАДИТЕ БЕЗ РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

Тагови: Нептун Македонија

Промовирани огласи »

Придружете ни се на нашиот отворен Tech Event, Casumo Connect на 8 октомври во Бистро Комедија!

Отворен технолошки ден, Casumo Connect, на 8 октомври, во Bistro Komedija, од 18:00 до 21:00 часот.

Добредојдовте во Casumo, свет полн со забава, возбуда и одговорно играње. Ние сме меѓународна онлајн gaming компанија која создава незаборавни искуства за играње. Нашиот таен рецепт? Мешавина на иновација, безбедност и малку игрива шармантност.

Дали сакате да дознаете повеќе? Придружете ни се на нашиот отворен Tech Event, Casumo Connect, на 8 октомври, во Бистро Комедија, од 18:00 до 21:00 часот.

Регистрирајте се и земете учество на настанот ТУКА.

Тагови: Casumo

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »