Авто клубот EXTREME POWER CITY-SKOPJE го одбележува својот 8ми јубилеј. Наш соговорник е Ико Љубовчевиќ претседател на клубот.
Во почетокот, поодблиску да ни појасните кон што се насочени активностите на клубот Extreme Power City?
Клубот на модифицирани автомобили Extreme Power City Скопје постои и е активен веќе 8-ма година. Нашата идеологија е да направиме од автомобилите нешто необично, нешто што е ретко, а тие да изгледаат впечатливо.
Модификација на автомобили. Ајде обидете се преку пример да ни кажете како се модифицира еден автомобил и зошто? Која е целта?
Целта на модифицираните или тјунирани возила е тие да изгледаат скоро па непрепознатливо, односно сосема поинакви од фабричкиот изглед, а сепак да добијат една автентичност и тоа да изгледа вкусно и убаво.
Учествувате на натпревари-трки со автомобили? Имате и награди.
Досега нашите возила во клубот кои се перфектно тјунирани имаат учествувано на голем број натпреварувања и изложби и во МК, но често и надвор од нашите граници. Наградите се многубројни. Било да е тоа за конкретно возило или општо за клуб. Тоа е она што не мотивира и не охрабрува за наредни проекти.
Досега имаме организирано 5 меѓународни манифестации во Скопје коишто кога ќе погледнеме години наназад сфаќаме дека сме собрале огромна публика и фанови на коишто им благодариме што не следат и поддржуваат во она што го правиме. На крајот од денот, манифестациите точно е дека без натпреварувачи нема да се тоа што се, но огромен удел имаат и самите посетители. Тие не се само посетители, тие се поддржувачи. Оваа година на 23.6 на паркингот на Спортскиот Центар Борис Трајковски се одржа нашата јубилејна 5-та по ред меѓународна манифестација. Поминавме навистина одлично. Се дружевме со гости од Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово. Се дружевме и со секогаш верните наши поддржувачи и натпреварувачи, како и со сите посетители. Сите оние што беа присутни сведочат на еден спектакл. Дружењата не одржуваат во живот, па затоа јавно ве покануваме сите и овој пат да бидете со нас, на 5-ти Октомври со почеток во 20 часот, на паркингот на Веро Џамбо, да го прославиме нашиот 8 роденден. Како и секој пат и овој пат ве чека одлично дружење и забава.
Јубилејот ќе го одбележите со изложба. Каква, кога, каде?
Многу се радуваме најпрво што успеавме во она што го замисливме. Пред само 8 години бевме со визија, планови, состаноци.. а денес позади нас се 5 огромни меѓународни манифестации, 8 родендени, неколку дефилеи и многу дружења. Нашата заложба е тоа да стане традиција и на тоа да се гледа како културен настан, каков што всушност е. Им благодариме на сите фанови, поддржувачи, соработници. Да не беа тие немаше да постоиме и ние.