Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Моментално вработува:

ТЕХНИЧАР ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА МРЕЖА - СКОПЈЕ
ПРАКТИКАНТ ВО ОДДЕЛОТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
АГЕНТ ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА
ПРАКТИКАНТ ВО ОДДЕЛОТ ЗА ФИНАНСИИ - СМЕТКОВОДСТВО

КБ Прво пензиско друштво произлезе од реформите во пензискиот систем во Република Северна Македонија и негова основна дејност е управување со пензиските фондови.

Моментално вработува:

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПРОДАЖБА

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално враборува:

PURCHASING OFFICER – INTERN
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТЕСТ ТАБЛИ
ДОСТАВУВАЧ НА МАТЕРИЈАЛИ НА ПРОЗИВОДНА ЛИНИЈА

ГРУПАЦИЈАТА ВИНДИЈА опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Во Република Македонија УНИКА е присутна 20 години преку своите две друштва за осигурување – УНИКА АД Скопје и УНИКА ЛАЈФ АД Скопје, со што на нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надградба, како и одлични услови за работа во средина со професионален и амбициозен тим.

Моментално вработува:

МЕНАЏЕР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И ПРОДАЖБА ВО НЕГОТИНО

Започнувајќи ги главните активности во 1998 година како Ayaydın Group и подоцна во 2012 година со својот главен бренд Tudors, наскоро стана важен актер во малопродажбата, и играше кон раководството на пазарот на кошули во Турција.

Моментално вработува:

ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови.

Моментално вработува:

ИНЖЕНЕР МЕТАЛУРГ
ЛЕАР
МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР
ЕЛЕКТРИЧАР

Cevahir Mall Skopje е новото место за шопинг, забава и незаборавни искуства.

Моментално вработува:

КОНСУЛТАНТ ЗА ПРОДАЖБА

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Наоѓањето работа без претходно искуство може да изгледа како предизвик, но тоа не значи дека е невозможно. Многу работодавци се подготвени да вработат мотивирани и талентирани луѓе кои покажуваат потенцијал, независно од нивното искуство.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да започнете успешна кариера.

1. Истакнете ги вашите вештини и способности

Дури и ако немате формално работно искуство, сигурно имате стекнато корисни вештини преку образованието, волонтирање или лични проекти. Направете листа на вашите:

  • Технички вештини (како работа со компјутери, програмирање, дизајн).
  • Социјални вештини (комуникација, тимска работа, организација).
  • Лични квалитети (посветеност, брзо учење, адаптибилност).

2. Создајте професионално CV

Вашето CV треба да ја истакнува вашата способност да придонесете за компанијата. Вклучете ги вашето образование, вештини, курсеви и волонтерски активности. Ако имате лични проекти (на пр., блог, YouTube канал или фриленс работа), вклучете ги и нив како пример за вашата иницијатива и способност за работа.

3. Направете мотивационо писмо

Во мотивационото писмо објаснете зошто сте заинтересирани за позицијата и како вашите вештини и цели се совпаѓаат со потребите на компанијата. Покажете ентузијазам и волја за учење.

4. Зголемете ја вашата квалификација

Запишете се на курсеви или обуки кои се поврзани со работата што ја барате. Платформи како Coursera, Udemy или LinkedIn Learning нудат многу можности за онлајн учење. Сертификатите што ќе ги добиете ќе бидат додатна предност во вашето CV.

5. Искористете ги волонтерските можности

Волонтирањето е одличен начин да стекнете практично искуство, да научите нови вештини и да ги проширите вашите контакти. Волонтерската работа често се цени исто како и формалното работно искуство.

6. Изградете мрежа на контакти

Започнете да воспоставувате професионални контакти преку сајтови како LinkedIn или учествувајте на настани и обуки. Мрежата на познаници често може да ве поврзе со луѓе кои бараат почетници за отворени позиции.

7. Барајте почетнички или практикантски позиции

Многу компании нудат почетнички работни места или пракса за кандидати без искуство. Дури и ако тие позиции се платени помалку, ќе ви овозможат да научите и да се истакнете.

8. Бидете подготвени за интервјуто

На интервјуто покажете самодоверба и ентузијазам. Истакнете како вашите вештини, образование и лични квалитети се одговараат на потребите на компанијата. Покажете желба за учење и посветеност кон успех.

Доколку немате работно искуство, фокусирајте се на она што го поседувате: вашиот потенцијал, мотивација и волја за учење. Со правилна подготовка и проактивен пристап, можете да ги убедите работодавците дека сте вистинската личност за работата. Упорноста секогаш се исплати!

Промовирани огласи »

Samsung го назначи Џун Јунг-хјун, новиот претседател на Device Solution (DS) дивизијата, за одговорен за одделот за меморија и Samsung Advanced Institute of Technology. Оваа промена ја подготвува компанијата за следната фаза на раст, со цел зајакнување на конкурентноста, особено во клучниот сегмент на мемориски чипови, кои сочинуваат 76% од приходите на DS во третиот квартал.

Промените доаѓаат по изненадувачкото извинување на Џун за доцнењата во испораката на AI мемориски чипови и слабите резултати на чип-секторот. Samsung се соочува со силна конкуренција од SK Hynix, кој води во развојот на чипови со висок проток (HBM) за AI апликации, што поттикна прашања за технолошката предност на компанијата.

Освен назначувањето на Џун како ко-извршен директор, Samsung направи други промени, како што е назначувањето на Хан Џин-ман за раководител на ливницата и создавање нова позиција за CTO, која ќе ја води Нам Сеок-ву. Овие чекори се дел од напорите за подобрување на културата, процесите и технолошката конкурентност на компанијата.

Промовирани огласи »

Државната енергетска компанија понуди цена од 62 евра за мегават час на тендерот на ЕВН Хоум.

Новата цена е  за две евра повисока од цената по која во моментов државните електрани му ја продаваат на универзалниот снабдувач.

Според пресметките оваа цена е за 3,3 отсто повисока од сегашните 60 евра за мегават час електрична енергија кои ЕСМ  му ги продава на ЕВН Хоум. Понудата на ЕСМ има најголемо влијание врз формирањето на крајната цена за домаќинствата и малите фирми.

Електродистрибуција пак, на тендер обезбеди струја од ЕСМ за покривање на своите загуби. ЕСМ ќе им продава струја по 100 евра за мегават час колку што е досегашната просечна цена за загубите во системот.

Цената на електричната енергија од 1 јануари ќе зависи најмногу од тоа каква цена државните електрани ќе понудат до Универзалниот снабдувач.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека големи промени нема да има во цената на електричната енергија. Ако евентуално дојде до поскапување, тоа ќе биде до три проценти. Мицкоски смета дека понудата од ЕСМ ќе се движи помеѓу 58 и 62 евра.

Ваквите очекувања, Мицкоски ги темели на постепената консолидација на ЕСМ што е направена во изминатите четири-пет месеци, состојбата со количините јаглен, набавката на природниот гас…

Но, ветувањето кое тој го даде веднаш по формирањето на новата Влада беше дека од јануари граѓаните и компаниите ќе добиваат поевтина електрична енергија. Тогаш тој најави дека во наредните шест месеци ќе се направат напори за реорганизиција на енергетскиот сектор и идната година граѓаните да добијат поевтини сметки за струја.

Првиот дел од ветувањето е исполнет, Мицкоски потврди дека ЕСМ е консолидирана, но цената на струјата наместо да се намали може да се зголеми.

Од Регулаторната комисија за „Фокус“ велат дека во овој момент се анализираат доставените барања на енергетските компании: Електродистрибуција, МЕПСО и МЕМО. Се очекува и исходот од тендерот за набавка на струја за покривање на загуби, по што ќе може РКЕ да донесе одлука за тарифите до крај на месецот – за мрежните оператори и оператор на пазар.

Што се однесува до ЕСМ, потсетуваме дека РКЕ не ја регулира цената на државниот производител, туку истата се формира од страна на Владата на РСМ, како сопственик на оваа компанија. Потоа, согласно Законот за енергетика, АД ЕСМ конкурира на повикот на Универзалниот снабдувач – ЕВН ХОМЕ, кој ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи. Потоа Универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ќе ја пресмета финалната цена на електрична енергија и ќе ја достави до РКЕ, која ќе го провери целиот процес и ако е согласно Методологијата истата ќе ја одобри или врати на доуредување, соопштија од РКЕ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »