Промовирани огласи »

Велес, како еден од позначајните индустриски центри во Македонија, нуди разновидни можности за вработување во различни сектори. Компаниите во градот често бараат квалификуван кадар, но исто така има и огласи за почетни работни позиции кои не бараат претходно работно искуство, што е идеално за младите кои штотуку го започнуваат своето кариерно патување.

Со огласите достапни онлајн, кандидатите можат да добијат информации за различни позиции, потребните квалификации, и условите на работа во компаниите од Велес.

Доколку го барате своето работно место во Велес може да аплицирате за следниве позиции:

Оператор за контрола на квалитет - Локација Велес
Монтажер во Медицинско производство
Оператор на Робот за заварување
Возач - Б категорија - Велес
Заварувачи MIG - MAG и TAG
Оператор на CNC апкант преса
Монтажер на специјализирани возила Green Machines
Помлад референт за банкарски операции - Велес
Козметичар/ка - Терапевт
Оператор за контрола на квалитет - Велес

Со огласите достапни онлајн, кандидатите можат да добијат информации за различни позиции, потребните квалификации, и условите на работа во компаниите од Велес.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Стотици прехранбени производи се најдоа во новогодишната кошничка, која Владата ја подготви како поддршка за граѓаните во пресрет на празниците.

Мерката стартува од 15 декември и ќе трае до 15 јануари. Истата беше донесена во консултација со бизнис секторот.

Листата на производите кои се најдоа во новогодишната потрошувачка кошничка, може да ја видите ТУКА.

Детали за новогодишната кошничка соопштува премиерот Христијан Мицкоски.

Промовирани огласи »

Цената на биткоинот ја надмина границата од 100.000 долари за прв пат, достигнувајќи ново рекордно високо ниво. Вредноста на најпознатата криптовалута во светот порасна поради растечките надежи дека новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ќе усвои низа политики кои ги поддржуваат криптовалутите.

Највисокото ниво на биткоинот беше достигнато неколку часа откако Трамп рече дека ќе го номинира Пол Аткинс, исто така застапник за криптовалути, да ја води Комисијата за хартии од вредност.

Се смета дека Аткинс е многу повеќе наклонет кон криптовалути од сегашниот шеф на Комисијата, Гери Генслер. Преминувањето на границата од 100.000 предизвика славење кај ентузијастите на криптовалутите ширум светот.

Границата од 100.000 долари со нетрпение се чекаше. Социјалните медиуми со недели се преполни со графикони, мемиња и предвидувања за тоа кога цената ќе го достигне бројот што се смета за „свет грал“ на крипто светот.

Промовирани огласи »

Во математичка писменост од 58 држави, нашите ученици се на 44 место. Во природни науки сме три места подолу, односно на 47 место. Ова се резултатите од последното меѓународно ТИМСС тестирање (TIMSS – Trends in International Mathematics and Science Study) што беше спроведено во 2023 година, по петти пат во нашата држава. Тестирани беа ученици од четврто одделение, на македонски и на албански јазик и прв пат електронски, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН).

Оттаму наведуваат и оваа меѓународна компаративна студија покажа дека на нашиот воспитно-образовен систем му се потребни крупни промени за да можат нашите ученици да ги подобрат знаењата.

Затоа, делуваме во сите сегменти на образованието, почнувајќи од основното, постепено и со консултација со сите засегнати чинители. Најавивме и во се поголем број училишта реализираме продолжен престој во училиште, како можност за повеќе наставни и воннаставни активности, подобро совладување на материјалот, стекнување на нови вештини, развивање на интереси. Преку процесот на оптимизација, градиме ефикасна училишна мрежа која ќе доведе до најдобар успех на учениците со рационално користење на ресурсите. Го реформираме гимназиското образование, го прошируваме концептот на дуално образование и развиваме нови регионални центри за стручно образование и обука. Наставниците продолжуваат со сериозни обуки, затоа што тие се темелот на целиот воспитно-образовен систем, се вели во соопштението.

Од МОН информираат дека подобрување на резултатите на државата на меѓународните тестирања ќе дојде само како резултат на реално подобрување на квалитетот на целиот воспитно-образовен систем и на тоа континуирано работиме.

TIMSS (Trends International Mathematics and Science Study) е интернационална студија во која се мерат постигањата на учениците по математика и природна група предмети (природни науки, физика, хемија, биологија), како и факторите кои влијаат на тие постигања.

Во меѓународни рамки, Сингапур го држи првото место и по математичка писменост и по наука.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »