Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.21/08 и 18/07), 23 октомври, ден понеделник, Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. 

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот на Македонската револуционерна борба. 

Промовирани огласи »

Голем дел од работобарачите се изјасниле дека барањето работа е еден од најстресниот процес во животот. И работодавците не помагаат во целокупниот процес. Должината на апликациите, недостатокот на комуникација и бавниот процес на вработување може да ја направат и веќе стресната ситуација потешка.

Во продолжение може да прочитате за некои искуства на кандидати, како и совети за тоа како да се одбегнат овие проблеми, да се намали стресот и да се добие работата. 

  •  Создавање премногу пречки на апликантите за да аплицираат - Голем дел од работобарачите се изјасниле дека предолгите апликации, менувањето на документите за секоја работа како и пополнување на веќе постоечки информации во други форми на апликација се елементи кои им ја намалуваат мотивацијата во потрагата по работа.
    • Совет: Барајте ги страние кои нудат функција брза апликација, каде може да аплицирате на едно или повеќе работни места само со еден клик. 
  • Непостоењето на веб страна на компанијата - Веб страната на компанијата е многу важен аспект за работобарачите. Не само постоењето на истата, туку и функционирање и навремено уредување. Ова им покажува на вашите работобарачи дека сте професионални за секој дел од претставувањето на вашата компанија кон потенцијалните вработени. 
    • Совет: Веб страната е еден начин да пронајдете информации за компанијата, но не запирајте таму. Прегледајте ги социјалните мрежи, пребарајте ја компанијата на Google и обратете се кај ваши познаници кои имаат познаници во фирмата и кои може да ви дадат проверени информации за работењето во компанијата.
  • Неинформирање на работобарачите за нивниот статус - Повеќе од половина од работобарачите се изјасниле дека работодавците не ја извршуваат добро работата на поставување очекувања во врска со комуникацијата на почетокот од можна работна интеграција. Континуитетот во комуникацијата помеѓу двете страни значајно ќе го подобри целосното искуство. 
    • Совет: Доколку не добивате никакви информации од вашиот можен работодавач, не се плашете да превземете иницијатива. Ова ќе покаже дека вие сте навистина заинтересирани за работната позиција. Исто така, може да прашате за временскиот рок на процесот на вработување за време на интервјуто за да знаете што да очекувате и кога да го очекувате. 
  • Недостаток на комуникација од работодавачот по прифаќањето на работата - Голем дел од работобарачите се изјасниле дека искусиле недостаток на комуникација во минатото помеѓу моментот на прифаќање на работата и првиот ден на работа. 
    • Совет: Претходниот совет одговара и овде - ако чувствувате дека требало да слушните од работодавачо во даден момент и тој повик не се случил, превземете иницијатива и пратете мејл на одговорниот. Ако и покрај оваа иницијатива не добиете повратен одговор, тоа е потенцијално црвено знаме. 

Промовирани огласи »

Поминаа 25 години откога Џон Греј ја издаде својата популарна теза на половите врски, „Мажите се од Марц, жените се од Венера“. Тезата на Греј се заснова на тоа дека двата пола мора да признаат дека хормоните кај мажите и жените предизвикуваат тие да им пристапуваат различно на соработката, решавањето на проблеми и комуникацијата. Додека некои нешта се подобрени за жените на работното место од 1992, годината кога книгата на Греј се пушти во продажба, растењето на процентот на жени во работната сила и во лидерските улоги е паузиран во поголемиот дел.

Гледано од светлата страна, во 2017 различноста на половите на работното место е попопуларна од било кога. Компаниите осознаваат дека вештините кои жените генерално ги поседуваат, како што се емпатијата, соработката и менаџирањето на вработените, се почесто барани за успех, посебно откако технологијата го менува нашиот работна средина.

Привлекување на повеќе жени во работната средина, особено во лидерските улоги, е клучен приоритет за многу компании денес. За таа цел да биде остварена, компаниите можеби треба да почнат да размислуваат различно за нивното регрутирање и пристапот кон брендирањето на вработениот. 

Различни студии покажуваат дека додека за мажите примарен мотив за работа се приходите, жените имаат повеќе причини за работа. Овие студии не се за да се донесе заклучок дека приходите не им се важни на жените и посебно, не за да се каже дека треба да се помалку платени. Платата сеуште се класифицира како еден од најважните елементи што жената ги бара во работата. Но, како што покажа и Греј, жените се природни мултитаскери: во текот на дневното евалуирање на работата, тие не го земаат во предвид само „дали оваа работа е најдоброто нешто за мене?“, туку исто така „дали ова е најдобрата ситуација за мојата фамилија?“ Дали ми помага да допринесам за мојата заедница? Дали ми дозволува да остварам надворешни интереси?“.

Бидејќи жените и мажите доаѓаат на работа со различни причини, тешко е да се претпостави дека со ист концепт на привлекување и задржување таленти, ќе го направите тоа и со жените. Токму тој модел на пристап може да биде главната причина зошто жените го напуштаат работното место, токму дека се незадоволни од нивните околности

Во иднина, рекрутерите кои ќе сакаат да привлечат жени за да станат дел од нивната компанија, потребно е да размислат зошто жените менуваат работи и кои елементи ги бараат во наредната работна улога, бидејќи истите, може да не се поистоветуваат со елементите со кои би биле задоволни мажите.  

Промовирани огласи »

Количината на пластика во океанот е застрашувачка. Приближниот број од пет трилиони парчиња пластика кои моментално пловат во океанот е, по сечии стандарди, катастрофално. Неколку проекти се обиделе да направат нешто по ова прашања во текот на годините, но без значаен ефект. 4ocean се разликуваат од сите останати, токму поради нивната едноставна, директна понуда

Организацијата продава белегзии целосно направени од рециклирани продукти (монистрите се изработени од рециклирано стакло а врвката е од рециклирани пластични шишиња), за 20 долари по белегзија. Тие го користат профитот за да ги исчистат плажите, бреговите и директно земаат ѓубре од океанот. 

Секоја купена белегзија го овозможува чистењето на половина килограм ѓубре од океанот и нивната работа е фокусирана околу Флорида. Идејата е на двајца сурфери, кои постојано налетувале на ѓубре во океанот и решиле да спроведат иницијатива во врска со тоа. 

Според нив, од лансирањето и првото чистење на почетокот на јануари оваа година, тие собрале и исфрлиле повеќе од 20.400 килограми ѓубре. Малку е веројатно дека ова ќе го реши целосно проблемот со ѓубре во океанот, но иницијаторите веруваат дека ќе ги поттикнат луѓето директно да допринесат за да направат нешто корисно за океанот. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »