Промовирани огласи »

Количината на пластика во океанот е застрашувачка. Приближниот број од пет трилиони парчиња пластика кои моментално пловат во океанот е, по сечии стандарди, катастрофално. Неколку проекти се обиделе да направат нешто по ова прашања во текот на годините, но без значаен ефект. 4ocean се разликуваат од сите останати, токму поради нивната едноставна, директна понуда

Организацијата продава белегзии целосно направени од рециклирани продукти (монистрите се изработени од рециклирано стакло а врвката е од рециклирани пластични шишиња), за 20 долари по белегзија. Тие го користат профитот за да ги исчистат плажите, бреговите и директно земаат ѓубре од океанот. 

Секоја купена белегзија го овозможува чистењето на половина килограм ѓубре од океанот и нивната работа е фокусирана околу Флорида. Идејата е на двајца сурфери, кои постојано налетувале на ѓубре во океанот и решиле да спроведат иницијатива во врска со тоа. 

Според нив, од лансирањето и првото чистење на почетокот на јануари оваа година, тие собрале и исфрлиле повеќе од 20.400 килограми ѓубре. Малку е веројатно дека ова ќе го реши целосно проблемот со ѓубре во океанот, но иницијаторите веруваат дека ќе ги поттикнат луѓето директно да допринесат за да направат нешто корисно за океанот. 

Промовирани огласи »

„Многу ти благодарам“, „Навистина ја ценам твојата работа“, „Одлична работа си завршил/а“. 

Ова се само дел од многубројните изјави кои ретко се слушаат од работодавците насочени кон нивните вработени. А секојдневната употреба би довело до хармонична работна атмосфера и поголема продуктивност на вработените. Разликите помеѓу добриот и одличниот менаџер се поврзуваат со односот кон вработените. 

   

На глобално ниво, се промовираат луѓе со тврди вештини, кога би требало да се промовираат меки вештини. Проект Кислород е еден одличен проект во кој Google се задлабочи во ефективноста на своите менаџери откривајќи дека постојат 7 меки вештини кои најефективните менаџери ги поседуваат. Вкупниот број на вештини изнесувал 8. Тврдите вештини се оние кои се наоѓале на дното, но потребата од нив е клучна за напредокот на менаџерот. 

Вашите вработени се најголемиот адут кој го поседувате, или барем така е назначено на вашата веб страна. Нивната работа и став може да резултираат во успех или неуспех на вашиот бизнис. Без разлика дали некој е тим лидер или менаџер, од оваа личност се бара да води, мотивира, тренира, инспирира и охрабрува. Таа е клучна задача и вашиот бизнис зависи од тоа. Меѓутоа, многу често овие одговорности ги имаат луѓе кои не знаат и не ги развиле вештините за лидерство во денешната работна средина. На крајот и не може вистински да бидат обвинети. 

Една од најтешките задачи со кои менаџерот се соочува е откривање на најдоброто во вработените. Отклучување на потенцијалот на вработениот е клуч за успехот на секој бизнис. Кога талентите кои ги поседуваат вработените не се канализирани правилно, однесувањето може сериозно да го загрози успехот на организацијата. Вработените сакаат пофалба и охрабрување за секој прогрес што го прават. Гореспоменатите зборови се само неколку, но употребени во вистинскиот контекст може да имаат огромен ефект на крајниот производ

Процесот започнува од мали нозе

Нашата најважна лидерска вештина започнува уште кога сме деца. Родителите се нашиот прв професор за лидерство. Тие секогаш потсетуваат со „Како се вика?“ на што ние одговараме со „Благодарам“. Нашите родители никогаш не дозволуваат да ја заборавиме вредноста на тој збор. Ако размислувате за развој на лидерские способности, осигурајте се дека ги разбирате овие два зборови, искористени правилно и во вистинско време, се поважни од било кој семинар. 

Промовирани огласи »

Денеска ќе биде одбележан 18ти октомври - Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе од страна на на Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција. 

Во Скопје ќе бидат одржани неколку настани за одбележување на денот. Најавена е прес-конференција „Најава за отпочнување на Кампањата за борба против трудова експлоатација во модната индустрија“, која ќе се одржи за време на Модниот викенд во Скопје. На прес-конференцијата ќе присуствуваат Магдалена Несторовска, национален координатор за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција и Државен секретар  во Министерството за внатрешни работи, Елена Грозданова која е член на Националната комисија и Државен секретар во Министреството за труд и социјална политика и Марија Илиќ од Модниот викенд Скопје. Прес конференцијата ќе започне во 11 часот и ќе биде одржана во хотел „Мериот“ Скопје. 

Предвидена е и тркалезна маса „Трговија со луѓе, национални трендови, појавни облици и предизвици“, која ќе ја отвори Магдалена Несторовска, а покрај неа ќе се обрати и Соња Божиновска Петрушевска, шеф на канцеларијата на ИОМ во Скопје. Тркалезната маса ќе се одржи исто така во хотел „Мериот“ со почеток од 13:30 часот. 

Промовирани огласи »

По повод Светскиот ден за борба против сиромаштијата 17 октомври, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска изјави дека во Македонија 21,5% од населението живее во сиромаштија. Според неа, во Македонија, нажалост, покрај лицата што немаат работа, сиромашни се и голем број вработени и поради ова е важно зголемување на минималните приходи.

  • За да успее борбата против сиромаштијата, на младите лица мора да им се гарантира перспектива, можност да работат и напредуваат дома, за да се запре нивното иселување. Треба и многу да се работи на подобрување на економската позиција на жените во нашето општество, како и на квалитетно и достапно образование и социјални услуги - изјави Царовска. 

Целта е на среден рок стапката на сиромаштија да се намали под 16 проценти до 2020 година. Министерката Царовкса вели дека за исполнување на целта, од клучно значење е економскиот развој кој ќе значи повеќе средства и услуги за сите.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »