Facebook моментално ја испитува функцијата „резиме/CV“, судејќи по слики од екранот односно screenshots објавени на социјалните медиуми - потег кој би го ставил Facebook во директна конкуренција со професионалната социјална мрежа LinkedIn.
Мет Навара, директорот за социјални медиуми на The Next Web, споделил слики од функцијата „CV“ пратени до него од веб дизајнерот Џејн М. Вонг, која видела дека се појавиле на нејзиниот профил. Оваа функција им дозволува на корисниците да го внесат нивното професионално искуство и образование, како и нивнот контакт, слика и останати информации.
Опцијата за внесување на работната историја и образованието веќе е возможно на Facebook. Прашањето е дали би сакале потенцијалниот работодавач да ги гледа вашите приватни фотографии? Наместо тоа, новата функција ќе ги комбинира сите важни информации во еден, професионален пакет, одвоено од личните фотографии, пишаните статуси и останати постови кои корисниците не би сакале да ги споделат со рекрутерите и поширокиот свет.
Фактот дека Facebook експериментира со оваа опција е понатамошен доказ за тоа како оваа Калифорниска компанија се обидува агресиво да ги промени нејзините корени од едноставна социјална мрежа во професионалниот сектор. Во 2016, Facebook го лансирале Facebook At Work - модифицирана верзија на Facebook дизајнирана за тимот во канцеларија да ја користи. Опцијата за воведување на CV на личниот профил на Facebook може да е доволно загрижувачка информација за LinkedIn.