Флексибилниот телефон станува реалност, благодарение на Samsung. Со неколку неуспешни обиди претходно, се чини дека наредната година ќе е достапен телефонот за корисниците. Според неодамнешните извори, Samsung го има и потребниот простор за производство на тој вид технологија, како и самиот факт дека Samsung, на некој начин, се обврза наредната година да донесе нов производ на пазарот.
Овој факт треба да е загрижувачки за ривалите. Новите, креативни идеи кои се појавуваат на пазарот може драматично да ја променат индустријата. Ако Samsung се подготвува да го лансира Galaxy X на почетокот на следната година, Pixel2 и iPhone X би требало да се видно загрижени. Причината поради тоа е тоа што доаѓа во склоп на флексибилниот телефон.
Ќе биде доста интересно да се види како креативните UX и UI дизајнери би создале нов уред кој е дизајниран околу флексибилноста. Можностите се бескрајни. Ако е веродостојно тоа дека Samsung ќе лансира флексибилен телефон на почетокот на 2018, тогаш моменталните уреди на Apple и Google ќе изгледаат многу старомодни многу брзо наспроти што и да е тоа штo ќе го носи Galaxy X назад од иднината.
Постои и прашањето на што ќе креираат и произведат главните ривали на Samsung за да држат стабилно темпо. Samsung работи на овој процес со години и своето производство го има структуирано соодветно на процесот, а тоа им дава значајна предност.
Занимливо ќе биде да се виде дали ривалите ќе бидат доволно брзи или дали воопшто ќе ја имаат потребната инфрастуктура и локација за изработка на доволно квалитетен уред, кој ќе е достоен противник на Samsung Galaxy X.