Промовирани огласи »

Флексибилниот телефон станува реалност, благодарение на Samsung. Со неколку неуспешни обиди претходно, се чини дека наредната година ќе е достапен телефонот за корисниците. Според неодамнешните извори, Samsung го има и потребниот простор за производство на тој вид технологија, како и самиот факт дека Samsung, на некој начин, се обврза наредната година да донесе нов производ на пазарот.

Овој факт треба да е загрижувачки за ривалите. Новите, креативни идеи кои се појавуваат на пазарот може драматично да ја променат индустријата. Ако Samsung се подготвува да го лансира Galaxy X на почетокот на следната година, Pixel2 и iPhone X би требало да се видно загрижени. Причината поради тоа е тоа што доаѓа во склоп на флексибилниот телефон

Ќе биде доста интересно да се види како креативните UX и UI дизајнери би создале нов уред кој е дизајниран околу флексибилноста. Можностите се бескрајни. Ако е веродостојно тоа дека Samsung ќе лансира флексибилен телефон на почетокот на 2018, тогаш моменталните уреди на Apple и Google ќе изгледаат многу старомодни многу брзо наспроти што и да е тоа штo ќе го носи Galaxy X назад од иднината.

Постои и прашањето на што ќе креираат и произведат главните ривали на Samsung за да држат стабилно темпо. Samsung работи на овој процес со години и своето производство го има структуирано соодветно на процесот, а тоа им дава значајна предност.

Занимливо ќе биде да се виде дали ривалите ќе бидат доволно брзи или дали воопшто ќе ја имаат потребната инфрастуктура и локација за изработка на доволно квалитетен уред, кој ќе е достоен противник на Samsung Galaxy X

Промовирани огласи »

Купувањето животно осигурување не е лесна одлука. Отвара многу несигурни прашања кои не оставаат прашувајќи се што е тоа што може да направиме за да им олеснеме да нашите најблиски во случај на неочекувани настани. 

Најчести грешки кои луѓето ги прават при купувањето на животно осигурување:

  • Потрага по најдобрата цена, наместо по најдоброто покривање - Фактите го зборуваат следново - ние купуваме животно осигурување за да имаме мирна совест доколку нешто непланирано ни се случи. Поради ова, секогаш сме насочени кон плаќање премногу за покривање, за полиса. Поевтините полиси (оние кои се премногу добри за да бидат вистинити) може да содржат потенцијални сомнителни прашања. Детално читање на полисата, истражување на покриените делови и најважно, прегледајте ги назначените исклучувања од полисата, односно сите можни случувања кои полисата нема да ви ги покрие. 
  • „Не ми е потребен совет, на ТВ го видов, лесно е“ - Купувањето на полиса за животно осигурување е едноставно како купување чоколадо. Во денешно време, се сведува на еден телефонски повик кон агент за животно осигурување или посета на канцеларии, што го прави процесот многу достапен. Меѓутоа, достапноста може да биде и опасна. Ако изгледа како да е премногу добро за да биде вистинито, најверојатно е. Животното осигурување кое е лесно и брзо за да се добие може да има необјавени, скриени клаузули, исклучоци и истото може да биде одбиено поради тоа. Разговор со квалификуван и независен финански советник може да ви користи многу и да ви помогне да си направите полиса според вашите мерки и потреби.
  • Животот се менува, затоа треба и вашето осигурување - Потрудете се за привремен преглед на полисата и менувајте ја по потреба. Можеби ќе треба да извршите промени во делот на:

  • Сте стапиле во брак или развод (да се надеваме не во иста година!)
  • Очекувате дете или имате деца кои го напуштиле домот
  • Имате зголемени приходи, поголеми долгови или отплаќате хипотека.

Сите овие животни ситуации го формираат нивото на полиса која ја имате и според животниот тек, се менуваат. 

Ние никогаш не купуваме животно осигурување поради себеси, Тоа е мала инвестиција која ќе не осигури дека не ги напуштаме нашите најблиски без финансиска сигурност во случај на изненадна смрт. 

Промовирани огласи »

Што ќе донесе Пеленската Револуција? Дали оваа иницијатива е предвремена или навремена? Дали Македонија е подготвена за ваков чекор?

Граѓанската инцијатива „450 Породилно (Пеленска револуција) организираше референдум за донесување на предлог Закон за работни односи со кој ќе се зголеми времетраењето на платено отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство од сегашните 9 месеци (за едно дете) и 15 (за повеќе деца, на 18 месеци за сите мајки без разлика колку деца раѓаат. Потребните потписи за почеток на постапката се собрани.

Женски Магазин истражува што ќе добиеме, а што ќе изгубиме.

Повторно би сакала да го нагласам балансот кој континуирано мора да се гради помеѓу професионалниот и семејниот живот. Според мене, социјалната сигурност на мајките кои работат, подеднакво зависи како од успешно исполнување на својата улога на мајка, така и од посветување внимание на својата кариера. За постигнување на оваа цел, не е неопходно породилното отсуство да трае 18 месеци.

Ставот на овие прашања од Пенка Мукаетова, сопственик и генерален менаџер на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП прочитајте го на Женски Магазин .

Промовирани огласи »

Во април Србија, Хрватска, БиХ, Словенија и Македонија се согласија да се продаде имотот на СФРЈ во Њујорк. 

Договорени се и цените на објектите. Така објект во Третата авенија кој е купен за 300.000 долари во 1946 година сега чини 50 милиони долари. 

Има шест заинтересирани купувачи, а земјите наследнички на СФРЈ се договориле дека нема да се продаде под 40 милиони долари. 

На крај кога ќе се приберат понудите, сите земји ќе дадат свое мислење за понудите.

Засега се шпекулира дека меѓу купувачите се познати холивудски актери, но оваа информација не е потврдена. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »