Промовирани огласи »

Facebook моментално ја испитува функцијата „резиме/CV“, судејќи по слики од екранот односно screenshots објавени на социјалните медиуми - потег кој би го ставил Facebook во директна конкуренција со професионалната социјална мрежа LinkedIn.

Мет Навара, директорот за социјални медиуми на The Next Web, споделил слики од функцијата „CV“ пратени до него од веб дизајнерот Џејн М. Вонг, која видела дека се појавиле на нејзиниот профил. Оваа функција им дозволува на корисниците да го внесат нивното професионално искуство и образование, како и нивнот контакт, слика и останати информации.

Опцијата за внесување на работната историја и образованието веќе е возможно на Facebook. Прашањето е дали би сакале потенцијалниот работодавач да ги гледа вашите приватни фотографии? Наместо тоа, новата функција ќе ги комбинира сите важни информации во еден, професионален пакет, одвоено од личните фотографии, пишаните статуси и останати постови кои корисниците не би сакале да ги споделат со рекрутерите и поширокиот свет. 

Фактот дека Facebook експериментира со оваа опција е понатамошен доказ за тоа како оваа Калифорниска компанија се обидува агресиво да ги промени нејзините корени од едноставна социјална мрежа во професионалниот сектор. Во 2016, Facebook го лансирале Facebook At Work - модифицирана верзија на Facebook дизајнирана за тимот во канцеларија да ја користи. Опцијата за воведување на CV на личниот профил на Facebook може да е доволно загрижувачка информација за LinkedIn

Промовирани огласи »

Повеќе од 500 граѓани пројавиле интерес за користење на владината мерка за бесплатен одмор за работници со ниски приходи. Рокот за пријавување на сите заинтересирани е до 31 октомври. 

Според информациите од Министерството за економија, бесплатниот одмор ќе може да се реализира во сите туристички центри во земјава, со оглед на тоа дека се пријавени над 60 хотели кои нудат сместување на лицата кои ќе го користат бесплатниот одмор. Бесплатниот одмор ќе може да го користат 4.000 семејства, гледано од аспект на средствата кои се обезбедени за оваа намена. 

Сите корисници ќе добијат потврда од Министерството за економија за користење средства за организиран одмор за работници со ниски приходи во износ од 15.000 денари и потврдата ќе се користи во еден од угостителските објекти за сместување во Република Македонија кои се пријавени во Министерството за економија. Повикот е објавен на 01.09. оваа година. Право на учество имаат сите физички лица кои се вработени и нивните месечни примања во семејството не ги надминуваат нето приходите од 22.000 денари

Проектот е креиран со цел да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор и во исто време да им се помогне на туристичките центри во пораст на обемот на работа надвор од туристичка сезона. 

Промовирани огласи »

За да се комплетираат новите Pixel паметни телефони кои беа објавени овој месец, Google објави и нови безжични слушалки, именувани „Pixel Buds“. Ова се први безжични слушалки на Google кои се креирани за да бидат користени заедно со Pixel telefonite, но исто така и да им дадат пристап на корисниците до Google Translate за да можат да имаат разговори со луѓе кои зборуваат различен јазик. 

Сите од контролите на Pixel Bud се креирани во десната слушалка, што е чест случај на безжичните слушалки. Може да пристапите до Google Assistant со допирање или притискање на десната слушалка и асистентот ќе биде во можност да ви чита нотификации и пораки преку слушалките. 

Највпечатлива функција е интегрираната Google Translate функција. Оваа функција дозволува двајцата носачи на Pixel слушалки да разговараат на нивните мајчини јазици со преведување на разговорите во реално време. Во презентираната демо верзија, лице со Англиски мајчин јазик и лице со Шведски мајчин јазик разговарале помеѓу себе, притоа користејќи ги нивните мајчини јазици. Google Translate ги преведил јазиците за секој корисник. Постоењето на пречки или временско чекање скоро и да не постоело помеѓу разговорот и преведувањето. 

Pixel слушалките ќе го користат Google Translate за да синхронизираат и преведуваат разговори на 40 различни јазици. Овие слушалки имаат батерија што би требало да трае пет часа на едно полнење, што е просечно за безжичните слушалки. Pixel слушалките имаат уникатна функција што единствено компанија како Google може да ја интегрира, благодарение на веќе постоечкиот Google Translate. 

Промовирани огласи »

По повод 17ти октомври - Светскиот ден за борба против сиромаштијата денес во Скопје се одржува акција за донирање на храна под мотото „Нахрани 1000“. Ќе може да се донира храна која ќе биде наменета за бездомниците и за загрозените семејства. Во период од 10 до 19 часот ќе бидат поставени штандови на пет различни локации:

  • Плоштад Македонија
  • Пред Skopje Citz Mall кaj Play Cafe
  • Пред Веро во Аеродром
  • Пред Дом на Градежници
  • Пред Tinex во Ѓорче Петров

Организатори на настанот се граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“ во соработка со „Црвениот крст на Град Скопје“, организацијата „АДРА Македонија“, Сојуз на извидници на Република Македонија,организацијата „Ајде Македонија“ и Здружение на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени семејства „Љубезност“.

Акцијата се спроведува со цел да се поттикне хуманоста и да се зголеми јавната свест за донирање храна на оние на кои им е најпотребна. 

Како што соопштиле организаторите, во акцијата ќе биде вклучено и комбе на граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“ кое во текот на денешниот ден ќе посети компании во Скопје кои пројавиле интерес за акцијата. 

Повеќе информации за настанат може да прочитате на https://www.facebook.com/events/1706775302773638

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »