Промовирани огласи »

Денеска ќе биде одбележан 18ти октомври - Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе од страна на на Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција. 

Во Скопје ќе бидат одржани неколку настани за одбележување на денот. Најавена е прес-конференција „Најава за отпочнување на Кампањата за борба против трудова експлоатација во модната индустрија“, која ќе се одржи за време на Модниот викенд во Скопје. На прес-конференцијата ќе присуствуваат Магдалена Несторовска, национален координатор за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција и Државен секретар  во Министерството за внатрешни работи, Елена Грозданова која е член на Националната комисија и Државен секретар во Министреството за труд и социјална политика и Марија Илиќ од Модниот викенд Скопје. Прес конференцијата ќе започне во 11 часот и ќе биде одржана во хотел „Мериот“ Скопје. 

Предвидена е и тркалезна маса „Трговија со луѓе, национални трендови, појавни облици и предизвици“, која ќе ја отвори Магдалена Несторовска, а покрај неа ќе се обрати и Соња Божиновска Петрушевска, шеф на канцеларијата на ИОМ во Скопје. Тркалезната маса ќе се одржи исто така во хотел „Мериот“ со почеток од 13:30 часот. 

Промовирани огласи »

По повод Светскиот ден за борба против сиромаштијата 17 октомври, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска изјави дека во Македонија 21,5% од населението живее во сиромаштија. Според неа, во Македонија, нажалост, покрај лицата што немаат работа, сиромашни се и голем број вработени и поради ова е важно зголемување на минималните приходи.

  • За да успее борбата против сиромаштијата, на младите лица мора да им се гарантира перспектива, можност да работат и напредуваат дома, за да се запре нивното иселување. Треба и многу да се работи на подобрување на економската позиција на жените во нашето општество, како и на квалитетно и достапно образование и социјални услуги - изјави Царовска. 

Целта е на среден рок стапката на сиромаштија да се намали под 16 проценти до 2020 година. Министерката Царовкса вели дека за исполнување на целта, од клучно значење е економскиот развој кој ќе значи повеќе средства и услуги за сите.  

Промовирани огласи »

Facebook моментално ја испитува функцијата „резиме/CV“, судејќи по слики од екранот односно screenshots објавени на социјалните медиуми - потег кој би го ставил Facebook во директна конкуренција со професионалната социјална мрежа LinkedIn.

Мет Навара, директорот за социјални медиуми на The Next Web, споделил слики од функцијата „CV“ пратени до него од веб дизајнерот Џејн М. Вонг, која видела дека се појавиле на нејзиниот профил. Оваа функција им дозволува на корисниците да го внесат нивното професионално искуство и образование, како и нивнот контакт, слика и останати информации.

Опцијата за внесување на работната историја и образованието веќе е возможно на Facebook. Прашањето е дали би сакале потенцијалниот работодавач да ги гледа вашите приватни фотографии? Наместо тоа, новата функција ќе ги комбинира сите важни информации во еден, професионален пакет, одвоено од личните фотографии, пишаните статуси и останати постови кои корисниците не би сакале да ги споделат со рекрутерите и поширокиот свет. 

Фактот дека Facebook експериментира со оваа опција е понатамошен доказ за тоа како оваа Калифорниска компанија се обидува агресиво да ги промени нејзините корени од едноставна социјална мрежа во професионалниот сектор. Во 2016, Facebook го лансирале Facebook At Work - модифицирана верзија на Facebook дизајнирана за тимот во канцеларија да ја користи. Опцијата за воведување на CV на личниот профил на Facebook може да е доволно загрижувачка информација за LinkedIn

Промовирани огласи »

Повеќе од 500 граѓани пројавиле интерес за користење на владината мерка за бесплатен одмор за работници со ниски приходи. Рокот за пријавување на сите заинтересирани е до 31 октомври. 

Според информациите од Министерството за економија, бесплатниот одмор ќе може да се реализира во сите туристички центри во земјава, со оглед на тоа дека се пријавени над 60 хотели кои нудат сместување на лицата кои ќе го користат бесплатниот одмор. Бесплатниот одмор ќе може да го користат 4.000 семејства, гледано од аспект на средствата кои се обезбедени за оваа намена. 

Сите корисници ќе добијат потврда од Министерството за економија за користење средства за организиран одмор за работници со ниски приходи во износ од 15.000 денари и потврдата ќе се користи во еден од угостителските објекти за сместување во Република Македонија кои се пријавени во Министерството за економија. Повикот е објавен на 01.09. оваа година. Право на учество имаат сите физички лица кои се вработени и нивните месечни примања во семејството не ги надминуваат нето приходите од 22.000 денари

Проектот е креиран со цел да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор и во исто време да им се помогне на туристичките центри во пораст на обемот на работа надвор од туристичка сезона. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »