Промовирани огласи »

Пазарот за работа секогаш се менува и како што некои професии губат популарност, други добиваат. Важно е да се запомни дека без разлика во кој сектор работите, поседувањето на одредени работни вештини може да направи огромна разлика во вашиот успех. Познавањето кои квалитети се најбарани може да биде корисно додека го градите вашиот кариерен успех. 

Работата и трендот на вештини 

Многу од високо платените работни места се позиции кои бараат значајно ниво на образование, професионален тренинг и напредни вештини. Листата на најдобро платена работа за 2017та година ги вклучува добро познатите професии како физичари, адвокати за патенти и фармацевти, како и професиите поврзани со технологијата како што се софтверски дизајнери.

Техничките вештини се високо котирани на листата низ различни индустрии

Заедничка анализа од MONEY и PayScale истражувале за најбараните вештини во повеќе од 350 индустрии и тие ги вклучуваат:

  • моделирање на податоци
  • софтверски менаџмент и развој
  • Cloud вештини
  • мобилни апликации

Истражување од ITCareerFinder предложува дека овие технички вештини се еднакво важни да се поседуваат во 2017:

  • вештини за техничка поддршка
  • веб дизајнер
  • администрација на датабази
  • проект менаџер

„Меките“ вештини им се предизвик на вработените

Техничките вештини се од огромна корист во денешно време, работодавците немаат јасна слика кога размислуваат за кои поединци да ги ангажираат. Меките вештини, кои неретко се под влијание на карактерот отколку на образованието и обуките, се уште се приоритет во работната атмосфера. 

Во истражување на LinkedIn во 2016та година, меките вештини се појавиле на врвот на листата на тоа што најчесто бараат работодавците кај потенцијалните вработени. Овие вештини вклучуваат:

  • комуникациски вештини
  • организациски вештини
  • тимска работа
  • точност
  • критичко размислување

Според Monster.com, оралните и пишуваните вештини се најважните меки вештини за поседување. Останати меки вештини се следниве:

  • маркетинг
  • внимание на детали
  • решавање на проблеми

На крајот на краиштата, развојот на двата видови на вештини, тврди и меки и важно за подобар приказ на себеси кон можните работодавци што е можно подобро. Многу е веројатно дека техничките вештини ќе продолжат да бидат од огромно значење, но способноста на ефективната комуникација, концентриран кон деталите и организиран како личност нема да престанат да бидат важни во скоро време. Клучот е во пронаоѓање на вистинскиот баланс помеѓу овие вештини. 

Промовирани огласи »

Во денешно време, голем број поединци размислуваат за опцијата да започнат домашен сопствен бизнис и тоа со добри причини. Просечно, од луѓето се очекува да имаат две или три кариери за време на нивниот работен век. Оние кои се посветиле целосно на една кариера често размислуваат за втора или трета кариера во удобноста на својот дом.

Луѓето кои биле дел од традиционалниот девет-до-пет начин на работа и се на работ на пензионирање, неретко размислуваат што би правеле понатаму. Добрата вест е што започнувањето на бизнис во сопствениот дом е на дофат на секому кој сака да ризикува и да работи напорно. 

  1. Сметководител - искуство, обука или лиценца ќе ви бидат потребни
  2. Поправка на велосипеди
  3. Пишување бизнис планови - има можност за растење на бизнисот
  4. Хигиенски услуги
  5. Поправка на компјутери - искуство или лиценца ќе ви бидат потребни
  6. Консултант - има можност за ширење на бизнисот
  7. Шетач на кучиња - искуство, тренинг како и лиценца ќе би бидат потребни
  8. Уреднички услуги - има можност за растење на бизнисот
  9. Поправка на електрични уреди
  10. Планирање на настани - има опција за ширење на бизнисот
  11. Финансиско планирање
  12. Second hand пазар
  13. Увоз/извоз експерт - искуството ќе ви оди во прилот
  14. Дизајнер за ентериер - искуство, обука како и лиценца ќе ви бидат потребни 
  15. Изработка на накит 
  16. Советник за маркетинг - искуство во оваа област ќе ви биде потребно
  17. Нотар - искуство како и лиценца ќе ви бидат потребни
  18. Личен тренер - искуство и лиценца ќе ви бидат потребни
  19. Поправка на помала бела техника
  20. Консултант за соларна енергија - искуство, обука и лиценца ќе ви бидат потребни и има можност за растење на бизнисот
  21. Даночни подготовки - искуството ќе ви оди во прилог
  22. Тапацер
  23. Продажба на користени книги
  24. Планирање на свадба
  25. Поправка на апарати - искуство и лиценца ќе ви бидат потребни
  26. Хонорарен графички дизајнер
  27. Отстранувач на графити
  28. Фризер - искуство ќе ви оди во прилог
  29. Професионален масажер - тренинг ќе ви биде потребен, како и лиценца
  30. Фотограф - искуство и лиценца ќе ви бидат од корист

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.21/08 и 18/07), 23 октомври, ден понеделник, Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. 

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот на Македонската револуционерна борба. 

Промовирани огласи »

Голем дел од работобарачите се изјасниле дека барањето работа е еден од најстресниот процес во животот. И работодавците не помагаат во целокупниот процес. Должината на апликациите, недостатокот на комуникација и бавниот процес на вработување може да ја направат и веќе стресната ситуација потешка.

Во продолжение може да прочитате за некои искуства на кандидати, како и совети за тоа како да се одбегнат овие проблеми, да се намали стресот и да се добие работата. 

  •  Создавање премногу пречки на апликантите за да аплицираат - Голем дел од работобарачите се изјасниле дека предолгите апликации, менувањето на документите за секоја работа како и пополнување на веќе постоечки информации во други форми на апликација се елементи кои им ја намалуваат мотивацијата во потрагата по работа.
    • Совет: Барајте ги страние кои нудат функција брза апликација, каде може да аплицирате на едно или повеќе работни места само со еден клик. 
  • Непостоењето на веб страна на компанијата - Веб страната на компанијата е многу важен аспект за работобарачите. Не само постоењето на истата, туку и функционирање и навремено уредување. Ова им покажува на вашите работобарачи дека сте професионални за секој дел од претставувањето на вашата компанија кон потенцијалните вработени. 
    • Совет: Веб страната е еден начин да пронајдете информации за компанијата, но не запирајте таму. Прегледајте ги социјалните мрежи, пребарајте ја компанијата на Google и обратете се кај ваши познаници кои имаат познаници во фирмата и кои може да ви дадат проверени информации за работењето во компанијата.
  • Неинформирање на работобарачите за нивниот статус - Повеќе од половина од работобарачите се изјасниле дека работодавците не ја извршуваат добро работата на поставување очекувања во врска со комуникацијата на почетокот од можна работна интеграција. Континуитетот во комуникацијата помеѓу двете страни значајно ќе го подобри целосното искуство. 
    • Совет: Доколку не добивате никакви информации од вашиот можен работодавач, не се плашете да превземете иницијатива. Ова ќе покаже дека вие сте навистина заинтересирани за работната позиција. Исто така, може да прашате за временскиот рок на процесот на вработување за време на интервјуто за да знаете што да очекувате и кога да го очекувате. 
  • Недостаток на комуникација од работодавачот по прифаќањето на работата - Голем дел од работобарачите се изјасниле дека искусиле недостаток на комуникација во минатото помеѓу моментот на прифаќање на работата и првиот ден на работа. 
    • Совет: Претходниот совет одговара и овде - ако чувствувате дека требало да слушните од работодавачо во даден момент и тој повик не се случил, превземете иницијатива и пратете мејл на одговорниот. Ако и покрај оваа иницијатива не добиете повратен одговор, тоа е потенцијално црвено знаме. 
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »