Промовирани огласи »

Изданието за 2024 година на престижната “Топ 100 листа на најбогатите луѓе во регионот” објавено од VelikePrice.com повторно го сврте вниманието кон економските моќници од целиот Балкан. Листата е резултат на повеќемесечни анализи и истражувања, земајќи ги предвид нивниот капитал, нивното влијание во бизнис-заедницата и инвестициите во различни сектори.

Во продолжение, ви ги претставуваме најбогатите Македонци кои го заземаат своето место во оваа регионална „Топ 100“ листа за 2024 година. Иако секој од нив делува во различна индустрија, заедничко им е што преку своите вложувања оставаат силен печат во македонската и регионалната економија.

Во продолжение следи преглед на нивниот пласман и проценките за финансиската моќ:

1. Живко Мукаетов (32. место)

Функција: Генерален директор и претседател на Управен одбор на „Алкалоид“ АД Скопје
Проценета вредност на компанијата: 784.183.300 милиони евра
Бизнис-опфат: Фармацевтско производство, козметика и здравствена грижа
Забелешка: „Алкалоид“ е еден од најпрепознатливите брендови од Македонија, со значаен извоз и континуиран раст на пазарот.

2. Андреја Јосифовски (44. место)

Функција: Претседател на Управниот одбор на „Макпетрол“ АД Скопје
Проценета вредност на компанијата: 625.492.580 милиони евра
Бизнис-опфат: Нафтени деривати, бензински пумпи и енергетски услуги
Забелешка: „Макпетрол“ важи за водечка енергетска компанија во државата, со разгранета мрежа на бензински станици низ Македонија.

3. Илија Гечев (47. место)

Функција: Сопственик на „ИГМ Трејд“
Проценета вредност на компанијата: 573.787.416 милиони евра
Бизнис-опфат: Металургија, челични производи и трговија
Забелешка: „ИГМ Трејд“ е меѓу најголемите извозници на метални производи, со модерни производствени капацитети и партнерства во регионот.

4. Гоце Камчев (85. место)

Функција: Основач на „КАМ маркет Скопје“ (починат минатата година)
Проценета вредност на ланецот: 274.590.435 милиони евра
Бизнис-опфат: Трговски ланец за широка потрошувачка
Забелешка: Иако Гоце Камчев веќе не е меѓу нас, неговата визија за достапност на производи по конкурентни цени продолжува преку развиената мрежа на маркети.

5. Слободан Кутревски (88. место)

Функција: Извршен директор и член на Управниот одбор на „Пекабеско“ АД Скопје
Проценета вредност на компанијата: 267.171.362 милиони евра
Бизнис-опфат: Производство и дистрибуција на храна, месни производи
Забелешка: „Пекабеско“ е познат бренд за преработка на месо и продажба на висококвалитетни производи, со значајна застапеност на домашниот пазар.

6. Страшо Милковски (89. место)

Функција: Претседател на Управниот одбор на „Гранит“ АД Скопје
Проценета вредност на компанијата: 265.799.470 милиони евра
Бизнис-опфат: Градежништво, инфраструктурни проекти
Забелешка: „Гранит“ е меѓу најстарите и најреномираните градежни компании во Македонија, позната по изградба на автопатишта, мостови и комерцијални објекти.

7. Владимир Тодоровиќ (97. место)

Функција: Сопственик на „Тинекс“
Проценета вредност на ланецот: 217.957.480 милиони евра
Бизнис-опфат: Ланец на супермаркети и хипермаркети
Забелешка: „Тинекс“ се издвојува по богатиот асортиман на производи, современи стандарди и широка мрежа на продажни места.

8. Висар Јакупи (100. место)

Функција: Генерален менаџер на „Кипер маркет Желино Тетово“
Проценета вредност на ланецот: 209.995.590 милиони евра
Бизнис-опфат: Трговски синџир, снабдување со прехранбени производи
Забелешка: Ланецот „Кипер маркет“ има силна регионална поддршка, непрекинато проширување и висока препознатливост во северозападниот дел на Македонија.

На самиот врв на рангирањето за 2024 година се Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ од Хрватска, кои управуваат со компанијата „Инфобип“, проценета на 3.097.663.106 евра. Нивниот успех укажува на брзото ширење на дигиталните комуникациски технологии и на глобалниот потенцијал на бизнисот во овој сектор.

Листата за 2024 година јасно покажува дека македонските компании и нивните лидери продолжуваат да го зацврстуваат своето место во регионалниот пазар. Од традиционални индустрии, како градежништвото и нафтените деривати, па сè до ланците на маркети, разновидноста и квалитетот на македонските бизниси им овозможува да опстанат и да растат дури и во услови на глобални економски предизвици.

Со нивната присутност во престижната „Топ 100“ листа, овие македонски компании докажуваат дека иновативноста, визијата и долгорочните стратегии се клучот за успех на регионалниот, но и на меѓународниот пазар.

Промовирани огласи »

Исплатата на декевмриските пензии според редовниот термин ќе се случи на првиот работен ден во новата 2025 година, на 02.01 (четврток).

Сепак, дел од банките решија пензиите кон нивните клиенти да ги исплатат пред време.

Пензионерите со сметка во Комерцијална банка своите пензии на располагање ќе ги имаат веќе од утре, односно од 30.12.2024.

Во Македонија има над 330.000 пензионери.

Промовирани огласи »

Не е јасно дали некој навистина посакувал Apple да создаде свој пребарувач, но оваа недела добија лоши вести. Во судска изјава поднесена од Apple, потпретседателот за услуги, Еди Кју, објасни зошто компанијата нема интерес да создаде пребарувач: тоа би било многу скапо, воведувањето на вештачка интелигенција во пребарувањето го прави бизнисот неизвесен, таргетираните реклами би го нарушиле имиџот на Apple за приватност, а компанијата нема доволно кадар и инфраструктура за таков проект.

Дополнително, Google им плаќа на Apple огромна сума пари за да остане стандарден пребарувач на Safari. Во 2022 година, ова партнерство вредеше околу 20 милијарди долари. Иако тоа им носи значителна добивка, владата на САД го смета овој договор за кршење на антимонополските закони, а Apple побара дозвола нивни претставници да сведочат во претстојниот судски процес во април.

Сите останати причини за Apple да не создаде пребарувач изгледаат како секундарни во споредба со финансиските придобивки што компанијата ги има од соработката со Google. Статусот кво, за сега, им е најдобра стратегија.

Промовирани огласи »

Ќе стане ли кафето луксуз во 2025 година, е прашањето што се наметна по низата информации во светски рамки дека производителите се потешко доаѓаат до суровина, а компаниите кои вршат преработка и продажба се соочуваат со зголемени трошоци. 

Според најновите истражувања, зголемените трошоци за набавка на кафе, како резултат на климатските промени, ги потикнуваат компаниите да се адаптираат на новата економска реалност која е обременета со високи цени на зрната кафе и логистички проблеми.

Глобалните залихи се исцрпуваат поради екстремните временски услови. Експертите предвидуваат дека жетвата на арабиката во Бразил може да падне за над 10 отсто, додека родот на робуста во Виетнам може да се намали до 10 проценти до крајот на 2025 година.

Берзанските аналитичари смируваат, велат дека цената на кафето се очекува да расте и во 2025 година, но со намалено темпо. Наскоро се очекува и стабилизарање на пазарот, имајќи го предвид енормниот раст во 2024 година.

И во земјава се чувствува поскапувањето на кафето. Годинава, цената се менуваше повеќе пати, а за да им биде што подостапно на граѓаните, кафето не ретко се продава на акција. Во моментов, пакување на „турско кафе“ од 200 грама чини околу 80 до 120 денари, па и повеќе.  

Речиси при секое влегување во маркет, забележувам поскапување на кафето. Обично купувам кога е на акција, а гледам и пакувањето да биде поголемо, со оние неколку грама „гратис“ означени на амбалажата. Во овој период, сметам дека е зголемена потрошувачката зашто кафето се подарува скоро секојдневно, ако се земат предвид сегашните и претстојните празници, вели за МИА потрошувач од Скопје.

Додава и дека купува кафиња кои се продаваат „во пакет“, по две, со кој следува и подарок, како и дека ако „начека“ поевтино, купува повеќе за да се најде.

Според Илија Миновски, ЦЕО во РИО ДООЕЛ – Илинден, цената на суровото кафе моментно е зголемена за повеќе од 70 отсто во однос на почетокот на    годината.

Се соочуваме со предизвици во однос на снабдувањето со суровина, поради драстичното зголемување на цените на кафето на берза, кое енормно е во постојан раст со што се достигнува рекордно ниво на висина на цената на кафето. Исто така, глобалните залихи на кафе се ограничени (поради климатските промени и сушата, проблеми со транспортот,  глобалната криза,..), значи намалена понуда, а цените се зголемуваат со самото зголемување на побарувачката. Како компанија, бележиме зголемени производните трошоци поради зголемената цена на основната суровина, вели Миновски за МИА.

Негова оценка е дека во овие услови, на речиси постојани поскапувања на храната, цените на кафето не може да бидат стабилни.

Цените не може да бидат стабилни, зашто кафето е берзански производ и моментно неговата цена е во постојан пораст. Ние како производители на кафе, мораме да ги зголемиме малопродажните цени, иако покачувањето на нашата цена е минимално во однос на условите кои ги диктира светската берза, истакнува Миновски.

Тој нагласува дека продажбата е во опаѓање во однос на претходните години, но се уште е на добро ниво со оглед на тоа што пазарот го бара и го сака турското кафе.

Се надеваме на стабилизација на берзата. Но, моментната состојба на берзата и информациите што ги имаме укажуваат дека нема да се намали цената или стабилизира за брзо време, дециден е Миновски.

Според „World of Statistics“, земјава лани беше на 18 место во светот по испиено кафе на жител годишно. Податоците велат дека пиеме по два милиона кафиња дневно или околу 730 – 800 милиони годишно. 

Се смета дека во светот дневно се пијат по три милијарди шолји кафе. Најголеми консументи се земјите од ЕУ со 46,8 милиони вреќи (од по 60 килограми) годишно што е 28,1 отсто од глобалната потрошувачка. На САД отпаѓаат 16,1 процент со 26,9 вреќи, а на трето место е Бразил со 22,9 милиони вреќи или 13,7 отсто. Потоа следуваат Германија со 5,7 отсто, Јапонија со 4,7 отсто, Индонезија со 3,3 проценти, Франција со 3,2 отсто, Италија со 3,1 процент, Русија со 2,9 отсто и Канада со 2,4 проценти. 

Според податоците на Меѓународната организација за кафе од 2020 година, 10 земји се најголеми производители. Предничат Бразил со 37,4 отсто од вкупната светска продукција или 63,4 милиони вреќи (од по 60 килограми) и Виетнам со 17,1 процент или 29 милиони вреќи. Потоа следуваат: Колумбија со 14,3 отсто, Индонезија со 7,1, Етиопија со 4,3, Хондурас со 3,6, Индија со 3,4, Уганда со 3,3, Мексико со 2,4 и Перу со 2,2 отсто од вкупната продукција. Во останатиот дел од светот се произведуваат 18,4 милиони вреќи или околу 15 отсто од вкупната продукција.

Во светот се евидентирани околу 12,5 милиони фарми за кафе, а 95 отсто до нив се помали од пет хектари. Скоро половината се во Етиопија, 2,2 милиона, во Уганда, 1,8 милиони и во Индонезиа, 1,3 милиони. Виетнам, Бурунди, Кенија и Колумбија имаат по 500 000 мали производители. Малите производители се р’бетот на оваа глобална индустрија, а најмалку 5,5 милиони живеат во сиромаштија со помалку од 3,2 долара на ден.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »